Виктор Јанукович
Виктор Јанукович Віктор Янукович | |
---|---|
Претседател на Украина | |
На должноста | |
Стапил 25 февруари 2010 - 22 февруари 2014 | |
Премиер | Јулија Тимошенко |
Претходник | Виктор Јушченко |
Премиер на Украина | |
На должноста 21 ноември 2002 – 7 декември 2004 | |
Претседател | Леонид Кучма |
Претходник | Анатолиј Кинах |
Наследник | Николај Азаров (извршител) |
На должноста 28 декември 2004 – 5 јануари 2005 | |
Претседател | Леонид Кучма |
Претходник | Николај Азаров (извршител) |
Наследник | Николај Азаров (извршител) |
На должноста 4 август 2006 – 18 декември 2007 | |
Претседател | Виктор Јушченко |
Претходник | Јуриј Јехануров |
Наследник | Јулија Тимошенко |
Гувернер на Донечката област | |
На должноста 14 мај 1997 – 21 ноември 2002 | |
Претходник | Владимир Шчербањ |
Наследник | Анатолиј Близњук |
Лични податоци | |
Роден(а) | 9 јули 1950 Јенакиево, Украина |
Партија | Партија на регионите (1997–) |
Други припадности | Комунистичка партија на СССР (1980–1991)[1] |
Сопружник | Људмила Олександривна |
Деца | Олександар Виктор |
Установа | Донечки национален технички универзитет |
Професија | машински инженер |
Вероисповед | Православен |
Потпис | |
Портал | Службена страница |
Виктор Федорович Јанукович (украински: Віктор Янукович; (р. 9 јули 1950, с. Јенакиево, СССР) е поранешен Претседател на Украина и водач на политичката партија Партија на регионите (Партія Регіонів). Во два наврати бил и Премиер на Украина од 2002 до 2004, и од 2006 до 2007 година.
На 25 февруари 2010, Јанукович беше избран за Претседател на Украина, согласно претходно извојуваната победа над неговата соперничка Јулија Тимошенко.[2]
Својата политичка кариера ја започнал на местото гувернер на Доњецката област. Оваа функција ја извршувал пет години (1997-2002). По ова го преземал премиерското место (2002-2004), за време на претседателствувањето на Леонид Кучма. Имал неуспешна кандидатура за претседател на Украина, губејќи ги тие избори од лутиот соперник Виктор Јушченко.[3] На 4 август 2006 г. добил втор премиерски мандат кој му траел една година и 4 месеци. Додека бил на тоа место, имал затегнати односи со претседателот Јушченко и во најголема мера не се согласувал со неговите политики.[4][5] Во 2010 г. водечкото место во неговата матична партија „Партија на регионите“ му го препуштил на неговиот близок сопартиец Николај Азаров.
На претседателските избори одржани во јануари 2010 г. Јанукович се соочил со Јулија Тимошенко во втората изборна рунда.[6] Во вториот круг освоил 48,95% од гласовите, наспрема 45,47% на тогашниот премиер Тимошенко.[7]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Јанукович, Виктор“. Лентапедија (руски). Lenta.ru. Посетено на 13 јуни 2009.
- ↑ Виктор Јанукович ја победи убавата Јулија[мртва врска]; преземено од Утрински весник (08.02.2010)
- ↑ Јушченко – нов претседател на Украина; преземено од Дојче Веле (27.12.2004)
- ↑ Јушченко и Јанукович разменија удари[мртва врска]; преземено од весникот Вечер
- ↑ Борбата за моќ продолжува; преземено од Дојче Веле (06.04.2007)
- ↑ Јанукович и Тимошенко во трка за претседател[мртва врска]; преземено од Дневник (19.01.2010)
- ↑ Јанукович прогласи победа, Тимошенко не призна пораз[мртва врска]; преземено од Нова Македонија (09.02.2010)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Службена страница Архивирано на 25 февруари 2010 г. (украински) ru (англиски)
- Колумна на украински аналитичар (англиски)
- Лично мрежно место на Јанукович (украински)
- Виктор Јанукович на Твитер
- Официјален интернет сервис на Партијата на регионите Архивирано на 15 февруари 2011 г. (украински)
- Истомислениците на Јанукович – Киев Пост (21 јануари 2010) (англиски)
|