Вилијам Хогарт
Вилијам Хогарт William Hogarth | ||
Занимање | сликар, графичар |
---|
Вилијам Хогарт (англиски: William Hogarth; 10 ноември 1697 – 26 октомври 1764) — истакнат англиски сликар, графичар, ликовен сатиричар, и карикатурист, кој се смета за првиот цртач на стрипови. Неговите дела се разновидни, од одлични реалистични портрети до стриповиден серијал од слики наречен „современи поучни содржини“. Многу негови дела, иако понекогаш горки, ја исмевале тогашната политика и обичаи.
Илустрациите во овој стил се нарекуваат „хогартовски“ (Hogarthian).
Живот
[уреди | уреди извор]Вилијам Хогарт е роден во Лондон на 10 ноември 1697 г., како син на сиромашен учител и учебникар. Во младоста чиракувал кај клишистот Алис Гембл во Лестер Филдс, каде што научил да клишира занаетчиски картички и слично. Младиот Вилијам покажал голем интерес за уличниот живот во престолнината и лондонските панаѓури, и се забавувал со тоа што ги цртал ликовите кои ги гледал. Во исто време, татко му, кој имал отворено неуспешна кафеџилница на латински кај Сент Џонс Гејт, бил затворен за долг во Флитскиот затвор пет години. Хогарт никогаш не зборувал за тоа. Во април 1720 станал клишист сам за себе, најпрвин клиширајќи грбови, сметки за продавници, и натписи за книжари.
Во 1727 добил работа од Џошуа Морис, таписер, да приготви ликовно рењшение за „Елемент на земјата“. Меѓутоа кога Морис чул дека тој е клишист, а не сликар, ја одбил работата откако била готова, па затоа Хогарт го тужел, и на 28 мај 1728, ги добил парите.
На 23 март 1729 се оженил за Џејн Торнхил, ќерка на уметникот Сер Џејмс Торнхил.
Во 1757 бил назначен за сликар-сержант на кралот.
Хогарт умрел во Лондон на 26 октомври 1764 и бил погребан во црковниот двор на Сент Николас, Чизик Мол, во Чивик, Лондон. Надгробниот натпис му го напишал неговиот пријател, глумецот Дејвид Герик.
Дела
[уреди | уреди извор]Рани дела
[уреди | уреди извор]Во раните сатирични дела спаѓаат „Симболична графика за планот за Јужните Мориња“ (~ 1721), за катастрофалниот пад на берзата во 1720 познат како Јужноморски меур, во кој многу англичани изгубиле големи пари. Во долниот лев агол нацртани се протестантски, католички и еврејски ликови како се коцкаат, додека по средината има огромна машина, како рингишпил, на која се качуваат луѓе. На врвот има коза, под која е напишано „Who'l Ride“ и ова ја покажува глупоста на луѓето што ја следат толпата во набавувањето на акции во Јужноморската компанија, која провела повеќе време издавајќи акции отколку правејќи било што друго. Луѓето се расфрлени по сликата во вистински неред, што ја објаснува збрката. Некои добро облечени луѓе одат кон рингишпилот, што покажува дека луѓето можат да бидат будалести, и тоа не е сосема нивна вина.
Други рани дела се „Лотарија“ (1724); „Мистеријата на ѕидарството расветлена од гормогоните“ (1724); „Праведен поглед на британската сцен“ (1724); Лажна перспектива; извесни илустрации за книги; и изданието „Маскенбали и опери“ (1724). Ова е сатира на тогашните будалштини, како „маскенбали“ на швајцарскиот импресарио Џон Џејмс Хајдегер, популарните италијански оперски пејачи, пантомимите на Џон Рич во Линколнс Ин Филдс, а и преувеличената популарност на Лорд Бурлингтоновиот протеже, архитектот и сликар Вилијам Кент. Продолжил на таа тема во 1727, со „Билет за големиот маскенбал“. Во 1726 Хогарт приготвувал десет големи гравури и клишеа за „Хадибра“ од Семјуел Батлер. Овие самиот високо ги ценел, и спаѓаат во неговите најдобри илустрации.
Во следните гоини го свртел вниманието на изработка на мали „разговорни дела“ (т.е., групи на целосни портрети во масло високи 38–38 cm). Меѓу неговите трудови во масло во 1728 и 1732 биле: „Семејството Фаунтејн“ (~ 1730), „Собранието во Ванстедската куќа“, „Долниот дом го испитува Бамбриџ“, и неколку слики на главните актори во популарната „Просјачка опера“ од Џон Геј.
Едно од ремек-делата во овој период е приказот на аматерската изведба на „Индијанскиот цар или освојувањето на Мексико“ (1732–1735) од Џон Драјден во домот на Џон Кондуит, главен ковач на монети, на Сент Џорџес Стрит, Хановерски плоштад.
Дртуги графики од Хогарт изработени во 1730-тите се: „Полноќен современ разговор“ (1733), „Савачки панаѓур“ (1733), „Заспаниот собор“ (1736), „Пред“ и „Потоа“ (1736), „Учени на предавање“ (1736), „Дружина гробари (Консултација на бапски лекари)“ (1736), „Нажалениот поет“ (1736), „Четири времиња на денот“ (1738) и „Глумица на прошетка се облекува во амбар“ (1738). Можно е негови графики да се и: „Барлингтонска порта“ (1731), евоцирана во епистулата од Александар Поуп до Лорд Барлингтон, и одбраната на Лорд Шандос, кој таму е сатиризиран. Оваа графика била многу навредлива и била потисната (но некои денешни стручњаци не сметаат дека ова е дело на Хогарт).
Поучна уметност
[уреди | уреди извор]Развојот на проститутката и расипникот
[уреди | уреди извор]Во 1731 Хогарт ја завршил првата серија на поучни дела со кои се стекнал со углед како голем и поединечен гениј. Ова било „Развојот на проститутката“, прво како слики, (незачувани), а потоа издадени како клишеа. Во шесте сцени е прикажана бедната судбина на селската девојка која доаѓа во град и започнува со проституција, среќава наводаџија, па сѐ до срамниот понижувачки крај, нејзината смрт од венерична болест, проследена од безмилосен погреб. Серијалот веднаш бил успех, па во 1735 следело продолжението „Развојот на расипникот“ со осум слики на безобѕирниот живот на Том Рејквел, син на богат трговец, кој ги фрла сите пари на луксузен живот, проституција, комар, и на крај го завршува животот во душевната болница Бедлам. Првичните слики на „Развојот на проститутката“ биле уништени во пожар во Фонтхилската опатија во 1755, додека „Развојот на расипникот“ е изложен во галериската просторија во Сер Џон Соуновиот музеј, Лондон.
Четири времиња на денот
[уреди | уреди извор]Серијалот „Четри времиња на денот“ (1738) ја прикажува Хогартовата верзија на традиционалната тема во уметноста на времиња во денот; настани кои се случуваат наутро, на пладне, попладне и навечер. Во „Утро“ се гледа богата жена како оди накај црква, која избегнува визуелен контакт со парот на десно или питачот под неа, укажувајќи на хипокризијата на некои верници со тоа што се прават побожни, но ги занемаруваат нивните сограѓани. Следната графика, „Пладне“, продолжува со темата, со убаво облечени луѓе како излегуваат од црква на десно, додека посиромашни луѓе страдаат лево, со линија по средина на сликата (на патот) која ги подвојува класите. Ова јасно покажува општествен јаз помеѓу погорните и подолните класи. Додека богатите изгледаат смешно и надуено во нивните сјајни костими, сиромашните повеќе се занимаваат со храна и секс. Впрочем, главната зграда во „Пладне“ од која излегуваат луѓето е црква. Ова е редок приказ на денес изрушената грчка црква во Хогс Лејн, (подоцна Грик Стрит). Била изградена во XVII век од Грците во Лондон, а во 1682 била преземена од хугенотите. На грфиката се гледа и африкански Лондончанец на лево, со неговите раце околу жената со послужавник. „Утро“ и „Ноќ“ сега се во сопственост на Националната фондација, Беарстедска збирка во Аптонската куќа, Ворикшир. „Пладне“ и „Ноќ“ се во Анкастерската збирка во Гримсторпскиот замок, Линколншир.[1]
Венчање по мода
[уреди | уреди извор]Во 1743–1745 Хогарт насликал шест слики насловени како „Венчање по мода“ (Национална галерија, Лондон), остра критика на горните класи во XVIII век. Ова поучно предупредување ја прикажува бедната трагедија на непромислениот брак за пари. Многумина го сметаат овој проект за најдобар, и сигурно за најдобар пример за неговите серијално планирани расказни циклуси.
Брачната етика била голема тема на расправа во Британија во 18 век. Честите бракови од интерес и нивната несреќност биле особена тема за критика, со тоа што разни автори се искажувале за љубовта како многу поцрвста основа за брак. Хогарт тука насликал сатира – жанр кој по дефиниција носи поука – на конвенцијанален брак во рамките на англиската висока класа. Сите слики биле и клиширани и серијалот почнал нашироко да кружи во печатена форма. Во серијалот, сместен во класичен ентериер, е прикажан отмениот брак на синот на банкротираниот Ерл Сквандерфилд со ќерката на богатиот но скржав градски трговец, започувајќи со потпишувањето на брачниот договор во домот на ерлот и завршувајќи со убиството на синот од страна на љубовникот на неговата жена и потоа самоубиството на ќерката по обесувањето љубовникот во Тајбарн за убиството на нејзиниот маж.
Работливост и безделнишво
[уреди | уреди извор]Во дванаесетте гравури насловени како „Работливост и безделништво“ (1747) Хогарт го прикажува развојот на животите на двајца чираци, од кои еден е посветен на работата, додека другиот е мрзлив, што го води до криминал и погубување. Ова ја прикажува работната етика на протестантска Англија, каде што оние кои работат доста се наградени, како работливиот чирак кој станува шериф (плоча 8), градски одборник (плоча 10), и на крај лорд-градоначалник на Лондон во последната плоча од серијалот. Безделниот чирак пак, кој започнува „во игра во црковниот двор“ (плоча 3), упаѓа „на таван со обична проститутка“ откако станал друмски разбојник (плоча 7) и на крај е „погубен во Тајбарн“ (плоча 11). Мрзливиот чирак е пратен на бесилка од страна на самиот работлив чирак.
Пивска улица и Сокак на џинот
[уреди | уреди извор]Подоцнежни важни гравури на Хогарт се ликовните предупредувања за непријатните последици од алкохолизмот во „Пивска улица“ и „Сокак на џинот“ (1751). Хогарт ја гравира т.н. Пивска улица на која среќниот град го пие „добриот“ пијалак пиво, наспроти Сокакот на џинот кој покажува што ќе им се случи на оние кои почнале да пијат џин, кој, како жесток пијалак, прави повеќе проблеми во општеството. Луѓето на Пивската улица се здрави, среќни и трудољубиви, додека на Сокакот на џинот тие се коскести, мрзливи, со безгрижно однесување. Жената напред потсетува на приказната за жената излезена од затвор, која излудена за џин, го соблекува нејзиното бебе и ја продава неговата облека за џин, па потоа го остава да умре. Овие гравури се издадени делумно во поддршка на т.н. Џински акт од 1751.
Четири фази на суровоста
[уреди | уреди извор]Во борбата против нехуманоста, Хогарт ги изработил „Четири фази на суровоста“ (1751); со ова тој сакал да покаже некои од ужасните навики на криминалците. На првата слика се сцени на измачување на кучиња, мачки и други животни. На втората е прикажан еден лик од првата слика, Том Неро, како сега е кочијаш, и заради неговата суровост, му ја скршил ногата на коњот. На третата слика Том е убиец, со приказ на убиената жена како лежи на земја, додека на четвртата, насловена како „Награда за суровоста“, прикажани се научници како го секцираат криминалецот по неговото погубување. Хогарт со ова укажува на тоа што ќе им се случи на луѓето кои продолжуваат така што живеат.
Портрети
[уреди | уреди извор]Хогарт били популарен портретист. Во 1746 го насликал глумецот Дејвид Герик како Ричард III, за што бил платен £200, за што напишал: „Повеќе [пари] отколку што било кој друг англиски уметник има добиено за еден портрет“. Истата година, цртежот на Сајмон Фрејзер, Единаесетти Лорд Ловат доживеал голем успех. Хогартовиот верен, живописен полн портет на неговиот пријател, човекољубецот „Капетан Корам“ (1740; некогашната Томас Корамова фондација за деца, сега Сиропиталишен музеј), и неговата недовршена маслена скица „Продавачка на шкампи“ (Национална галерија, Лондон) можат да се наречат ремек-дела на британското сликарство.
Историски предмети
[уреди | уреди извор]Низ долг период на својот живот, Хогарт пробал да се воздигне како историски сликар, но на ова поле не доживеал голем успех.
Библиски сцени
[уреди | уреди извор]Пример од неговите историски слики се: „Бањата Витезда“ и „Милостивиот Самарјанин“, изведена 1736–1737 за Св. Вартоломеевата болница; „Мојсеј донесен пред ќерката на фараонот“, насликана за Прифатилишната болница (1747, некогаш во Томас Корамовата фондација за деца, Сега во Сиропиталишниот музеј); „Павле пред Феликс“ (1748) во Линколновиот Ин; и олтарникот Св. Мери Редклиф, Бристол (1756).
Портата на Кале
[уреди | уреди извор]„Портата на Кале“ (1748; денес во Тејт Британија) била изработена скоро по враќањето од посета на Франција. Хорас Волпол напишал дека Хогарт отишол на голем ризик заради Ахенскиот мировен договор,
пошол во Франција, и бил така непретпазлив да го нацрта подвижниот мост во Кале. Бил фатен и доведен кај управникот, каде што бил приморан да си го докаже занимањето со правење на неколку карикатури на Французите; особено сцена на брегот, со огромно парче говедско кое стигнува како достава за сребрениот лав, англиската крчма во Кале, и неколку гладни калуѓери како го следат. Овие цртежи прилично ги разонодиле, па го пуштиле.
Дома Хогарт веднаш извел слика од цртежот на која нељубезно се претставени неговите непријатели, Французите, како свиткан, прегладнет и суеверен народ, додека пристигнува огромен говедски бифтек, наменет за англиската крчма како симбол за британскиот просперитет и супериорност. Тврдел и дека се насликал себеси во аголот, со војник до него.[2]
Други подоцнежи дела
[уреди | уреди извор]Забележителни Хогартови гравури од 1740-те се „Разбеснетиот музичар“ (1741), шестте гравури од „Венчање по мода“ (1745; изведени од француски уметник под надзор на Хогарт), „Дилижанса или дворот на Кантри Ин“ (1747),
Во 1745 Хогарт насликал автопортрет со неговиот пес (денес исто во Тејт Британија), на кој е прикажан како учен уметник поддржан од томови Шекспир, Милтон и Свифт. Во 1749 ја претставил безредната англиска војска во „Марш на гардата кон Финчли„ (некогашна Томас Корамова фондација за деца, сега Сиропиталишен музеј).
Други се неговите сатири на собирањето гласови во серијалот „Избори“ (1755–1758; сега во Сер Џон Соуновиот музеј); исмевањето на англиската страст за борби со петли во The Cockpit (1759); нападот на методизмот во „Лековерност, суеверие и фанатизам“ (1762); неговата политичка антивоена сатира во весникот „Тајмс“, ул. I (1762); и песимистичкиот став за сите нешта, во „Додаток, или Батос“ (1764).
Книжевни дела
[уреди | уреди извор]Хогарт ги запишал и издал неговите идеи за ликовната уметност во делото „Анализа на убавината“ (1753). Во неа тој ги дефинира принципите на убавината и привлечноста која тој, како вистинско дете на рококото, ја гледал во серпентинската линија (Линија на убавината).
Анализа
[уреди | уреди извор]Сликар и клишист на современи поучни содржини
[уреди | уреди извор]Хогарт живеел во време во кое уметноста станувала сѐ повеќе комерцијализирана и гледана по излозите, крчмите и јавните згради, и која се продавала во графички продавници. Старите хиерархии се распаднале, па затоа се развиле нови форми: баладната опера, буржојската трагедија, и особено, новата форма на белетристика наречена роман со која авторите како Хенри Филдинг доживеале голем успех. Така, во тоа време, Хогарт добил нова идеја, како што самиот забележил: „сликање и клиширање на современи поучни содржини ... да постапувам со содржините како драмски писател; сликата ми беше сцена“.
Влечел од високопоучната протестантска традиција на холандското битово сликарство, и мошне силната сатирична традиција на англискиот популарен печат. Во Англија, пред Хогарт, во ликовната уметност немало комедија. Неговите графики биле скапи, и тоа така останало до почетокот 19 век, кога препечатени станале достапни за пошироката јавност.
Во негово име
[уреди | уреди извор]Хогартовата куќа во Чизик, западен Лондон, сега е музеј (бесплатен влез); тука се наоѓа една од најпознатите лондонски раскрсници – Хогартовиот кружен тек.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „William Hogarth“. Encyclopædia Britannica. 2007. Посетено на 14 јуни 2007.
„Hogarth's Modern Moral Series: The Four Times of Day“. Tate Online. 2007. Архивирано од изворникот на 2007-09-30. Посетено на 14 јуни 2007. - ↑ Anecdotes of William Hogarth, напишани од него. стр. 63
Библиографија
[уреди | уреди извор]- Fort, Bernadette, and Angela Rosenthal, The Other Hogarth: Aesthetics of Difference. Princeton: Princeton UP, 2003.
- Peter Quennell, Hogarth's Progress (London, New York 1955)
- Frederick Antal, Hogarth and His Place in European Art (London 1962)
- David Bindman, Hogarth (London 1981)
- Ronald Paulson, Hogarth's Graphic Works (3rd edn, London 1989)
- Ronald Paulson, Hogarth, 3 vols. (New Brunswick 1991-93)
- Jenny Uglow, Hogarth: A Life and a World (London 1997)
- Frédéric Ogée and Peter Wagner, eds., William Hogarth: Theater and the Theater of Life (Los Angeles, 1997)
Shesgreen, Sean. Hogarth 101 Prints. New York: Dover, 1973. Shesgreen, Sean. Hogarth and the Times of the Day Tradition. Ithca: Cornell UP.
- Hans-Peter Wagner, William Hogarth: Das graphische Werk (Saarbrücken, 1998)
- David Bindman, Frédéric Ogée and Peter Wagner, eds. Hogarth: Representing Nature's Machines (Manchester, 2001)
- Christine Riding and Mark Hallet, "Hogarth" (Tate Publishing, London, 2006)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Вилијам Хогарт“ на Ризницата ? |
- Вилијам Хогартов архив Архивирано на 30 август 2006 г. (130 слики) (англиски)
- Мрежно место за истражување на тема Вилијам Хогарт Архивирано на 5 март 2005 г. (англиски)