Витамин А
Витамин А — витамин, па затоа е именуван со првата буква од латиницата. За првпат бил препознаен во 1913 година[1]. Тој е особено важен за одржување на видот (на очите), за добрата состојба на коските, кожата, косата, забите и непцата. Без доволно витамин А, организмот е посклон кон инфекции.
Назив според МСЧПХ (2E,4E,6E,8E)-3,7-dimethyl- 9-(2,6,6-trimethylcyclohex-1-enyl)
nona-2,4,6,8-tetraen-1-ol | |
Назнаки | |
---|---|
68-26-8 | |
3Д-модел (Jmol) | Слика |
PubChem | 1071 |
| |
Својства | |
Хемиска формула | |
Моларна маса | 0 g mol−1 |
Дополнителни податоци | |
Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa) | |
Наводи |
Улога
[уреди | уреди извор]На нашето тело му е потребен витаминот А за да се произведе родопсин, односно пигмент кој ни помага да гледаме кога е темно. Овој витамин игра важна улога во имунолошкиот систем и нѐ чува од бактериски, паразитски и вирусни инфекции. Поради ова, витаминот А е особено значаен при прележувањето на сипаници кај децата.
Тој помага устата, дигестивниот и респираторниот систем да бидат влажни и на тој начин го спречува навлегувањето на надворешни организми и отрови, како и да лечи воспаленија или пост инфекции.
Овој витамин е еден од најактивните антиоксиданси, а помага и во заштитата на кожата од штетните сончеви зраци. Особено е важен во лекувањето на акни и мали брчки.
Докажано е дека витаминот А дејствува профилактично кај некои видови рак, помага за намалување на нивото на лош холестерол и го намалува ризикот од срцеви заболувања.
Недостигот на овој витамин, иако е реткост, сепак се појавува. Притоа, најризични групи се луѓето болни од рак, туберколоза, пневмонија, хронични болести на бубрезите или болести на простатата.
Некои од симптомите кои се појавуваат при дефицит на витамин А се:
- Склоност кон вирусни инфекции
- Ноќно слепило
- Опаѓање на косата
- Загуба на апетит
- Проблеми со коските
Употреба
[уреди | уреди извор]Препорачаните дневни потреби на витамин А варираат, а во зависност од полот и возраста на лицето се:
- Деца (3 години и помалку) – 300 µg
- Деца (4-8 години) – 400 µg
- Деца (9-13 години) – 600 µg
- Тинејџери (14-18 години) – 900 µg
- Возрасни (19 години и нагоре) – 900 µg
- Бремени жени (18 години и надолу) - 750 µg
- Бремени жени (18 години и нагоре) - 770 µg
- Доилки (18 години и надолу) – 1 200 µg
- Доилки (18 години и нагоре) – 1 300 µg
Поради фактот дека постои голем ризик од интоксикација (хипервитаминоза А) со витамин А, максималните количества на витамин А кои можат да се примаат дневно се:
- Деца (3 години и помалку) – 600 µg
- Деца (4-8 години) – 900 µg
- Деца (9-13 години) – 1 700 µg
- Тинејџери (14-18 години) – 2 800 µg
- Возрасни (19 години и нагоре) – 3 000 µg
- Бремени или доилки (18 години и надолу) – 2 800 µg
- Бремени или доилки (18 години и нагоре) – 3 000 µg
Извори на витамин А
[уреди | уреди извор]Жолтото и темнозеленото овошје и зеленчук имаат високо количество на провитамин А, особено бета-каротин. Во некои плодови, како што се морковите, про витамините не се веднаш во состојба за апсорпција, бидејќи се врзани со белковини. Затоа е потребно претходно да се сварат.
Витаминот А го има во:
- црн дроб (телешки, свински, пилешки, мисирка, риба) (6500 μg 722%)
- морков (835 μg 93%)
- брокула лист (800 μg 89%)
- сладок компир (709 μg 79%)
- путер (684 μg 76%)
- спанаќ (469 μg 52%)
- тиква (400 μg 41%)
- диња (169 μg 19%)
- јајца (140 μg 16%)
- кајсија (96 μg 11%)
- папаја (55 μg 6%)
- манго (38 μg 4%)
- грашок (38 μg 4%)
Витамниот А е стабилен кога ќе се изложи на топлина и светлина. Иако, при готвењето генерално не се уништува, може да се направи неактивен кога е изложен на влијание на железо и бакар. Заштитен е во присуство на витамин Е.
Последици од недостаток
[уреди | уреди извор]Првиот симптом од недостаток на витамин А е влошениот вид, кој се манифестира со ноќно слепило. Потоа, недоволниот телесен развиток на децата, проблеми со репродуктивниот систем кај возрасните, гингивитис, многу сува кожа и инфекции. Ако недостатокот е голем може да дојде и до спонтан абортус и анемија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Сѐ за витамините: Витамин А“. Архивирано од изворникот на 2009-12-07. Посетено на 2009-12-04.
|