Воспаление на средното уво
Воспаление на средното уво | |
---|---|
Специјалност | Оториноларингологија |
Симптоми | Болка во увото, треска, губење на слух[1][2] |
Видови | Акутно, со ефузија, хронично супуративно[3][4] |
Причинители | вирусен, бактериски[4] |
Спречување | Вакцинација, доење[1] |
Лекови | Парацетамол (ацетаминофен), ибупрофен, капки со бензокаин[1] |
Честота | 471 милиони (2015)[5] |
Смртни случаи | 3,200 (2015)[6] |
Воспаление на средното уво (латински: otitis media) — група на воспалителни заболувања на средното уво.[2] Два главни типа се акутно воспаление на средното уво (AOM) и воспаление на средното уво со ефузија (OME).[3] AOM е инфекција со брз почеток која вообичаено се одликува со болка во увото.[1] Кај помали деца ова може да резултира со влечење на увото, плачење, и намалено спиење.[1] Исто така можат да бидат присутни и намален апетит и треска.[1] OME вообичаено не е асоциран со одредени симптоми.[1] Понекогаш се опишува чувство на исполнетост во увото.[4] Се дефинира како присуство на неинфективна течност во средното уво повеќе од три месеци.[4]
Појавата на AOM е поврзана со детската анатомија и имунолошката функција.[4] Причинителот може да биде вирус или бактерија.[4] Ризик-фактори се изложеност на чад од цигари, употреба на цуцли-лажалки.[4] Почесто се јавува кај домородните народи и кај лицата со Даунов синдром.[4][7] OME често се јавува после AOM и може да биде поврзан со вирусна горнореспираторна инфекција, раздразнувачи како чад, или алергија.[3][4] Преглед на ушното тапанче е важен за поставување на точна дијагноза.[8]
Голем број на мерки го намалуваат ризикот за развој на воспалението на средното уво меѓу кои вакцинација за пнеумокок и инфлуенца, доење, и избегнување на чад од цигари.[1] Важна е употребата на лекови за болка кај AOM.[1] Такви се парацетамол (ацетаминофен), ибупрофен, капки за уши кои содржат бензокаин, или опиоиди.[1] Кај AOM, антибиотиците може да го забрзаат лекувањето, но може да резултираат со несакани ефекти.[9] Антибиотиците често се препорачуваат кај посериозни случаи или кај деца помали од две години.[10] Кај оние кај кои состојбата не е сериозна, антибиотици се препорачуваат доколку после два или три дена нема подобрување на состојбата.[10] Првичен антибиотик од избор вообичаено е амоксицилинот.[1]
На светско ниво AOM годишно добива 11% од вкупното население (околу 325 до 710 милиони случаи).[11][12] Половина од случаите се кај деца помали од пет години и почесто се јавува кај машките.[4][11] Пред десеттата година околу 80% од децата имаат ОМЕ во одреден период.[4] Воспалениети на средното уво резултирало со 3,200 смртни случаи во 2015 – во споредба со 4,900 смртни случаи во 1990.[6][13]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ 2,0 2,1 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ 3,0 3,1 3,2 „Ear Infections“. cdc.gov. September 30, 2013. Архивирано од изворникот на 19 February 2015. Посетено на 14 February 2015.
- ↑ 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ 6,0 6,1 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ „Ear disease in Aboriginal and Torres Strait Islander children“ (PDF). AIHW. Архивирано од изворникот (PDF) на 17 February 2017. Посетено на 12 May 2017.
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ 10,0 10,1 „Otitis Media: Physician Information Sheet (Pediatrics)“. cdc.gov. November 4, 2013. Архивирано од изворникот на 10 September 2015. Посетено на 14 February 2015.
- ↑ 11,0 11,1 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Класификација | |
---|---|
Надворешни извори |