Вотје
Сателитска снимка на атолите Ерикуб и Вотје. | |
Географија | |
---|---|
Место | Тихи Океан |
Координати | 09°26′30″N 170°01′00″E / 9.44167° СГШ; 170.01667° ИГД |
Архипелаг | Ратачки Острови |
Вкупно острови | 75 |
Површина | 8,18 км2 |
Држава | |
Демографија | |
Население | 1000 (2007) |
Етнички групи | Маршалци |
Вотје (маршалски: Wōjjā[1]) е корален атол во Маршалските Острови. Атолот е дел од Ратачките Острови и е составен од 75 мали островчиња. Вотје е една од општините во Маршалските Острови. Вкупната копнена површина на атолот е 8.18 км2, има лагуна со 624 км2 и тоа го прави атолот еден од најголемите во државата. Според податоците од 1999 година на атолот живееле 900 жители, додека во 1997 година имало 1000 жители, вклучувајќи ги и 200-те ученици кои се образуваат на атолот. Некои од поголемите островчиња на атолот се Вотје, Бодао, Енеџелталк, Укон, Ветвирок, Кајкен, Вормеџ, Кимаџо, Нинум и Кабен.
На Вотје има 4 цркви, неколку продавници, четири училишта, од кои три се државни а едно приватно. Атолот со остатокот од земјата е поврзан по морски пат, но на атолот се наоѓа и Аеродромот Вотје.
Клима
[уреди | уреди извор]Климатски податоци за Вотје | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Прос. висока °C (°F) | 29 (84) |
30 (86) |
30 (86) |
30 (86) |
30 (86) |
30 (86) |
30 (86) |
30 (86) |
30 (86) |
30 (86) |
30 (86) |
29 (84) |
29.8 (85.7) |
Прос. ниска °C (°F) | 25 (77) |
25 (77) |
25 (77) |
25 (77) |
25 (77) |
25 (77) |
25 (77) |
25 (77) |
25 (77) |
25 (77) |
25 (77) |
25 (77) |
25 (77) |
Прос. врнежи мм (ин) | 109 (4.3) |
80 (3) |
114 (4.5) |
180 (7.1) |
236 (9.3) |
244 (9.6) |
250 (10) |
264 (10.4) |
290 (11.4) |
295 (11.6) |
287 (11.3) |
206 (8.1) |
2.555 (100,6) |
Извор: Weatherbase [2] |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Marshallese-English Dictionary - Place Name Index
- ↑ „Weatherbase: Historical Weather for Wotje, Marshall Islands“. Weatherbase. 2011. Посетено на November 24, 2011.
- L, Klemen (1999–2000). „Forgotten Campaign: The Dutch East Indies Campaign 1941-1942“. Архивирано од изворникот на 2011-07-26. Посетено на 2012-03-16.CS1-одржување: датумски формат (link)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|