Прејди на содржината

Војводство Австрија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Војводство Австрија
Herzogtum Österreich
1156–1453
of Австрија
Coat of arms
СтатусВазалство
Главен градВиена
Говорени јазициБаварски јазик
Вероисповед
Римокатоличка црква
УредувањеКнежевство
Војводство Австрија 
• 1141–1177
Хајнрих II
(1156)
• 1230–1246
Фридрих II
(последен од Бабенберг)
• 1278–1291
Рудолф I
(прв од Хабсбуршка династија)
• 1330–1358
Албрехт II1
(последен)
• 1440–1457
Ладислав I
(последен)
Историски периодСреден век
1156
• Основање на надвојводство
во состав на Свето Римско Царство
1453
Претходници
Наследници
Margraviate of Austria Маркгрофовија Австрија
Надвојводство Австрија Archduchy of Austria

Војводство Австрија (германски: Herzogtum Österreich) — едно од главните војводства на Светото Римско Царство кое било основано во 1156 година преку официјалниот царски документ Privilegium minus (мала привилегија) преку кој Маркгрофовија Австрија било одвоено од Баварија и подигнато на ниво на војводство.

Основање

[уреди | уреди извор]

До 1246 година, Австрија претставувала феудална територија на династија Бабенберг. Војводата Леополд Баварски (1136-1141) бил лојален на династија Хоенштауфен во нивната борба против династија Велф. Во времето кога Конрад III го соборил од власта на Хајнрих X Баварски, Војводство Баварија му била дадена на својот полубрат Леополд. Хајнрих II ја наследил Баварија во 1141 година. Во 1156 година, царот Фридрих Барбароса склучил сојуз со династија Велф, па поради тоа, самиот Хајнрих во 1156 година морал да го даде Баварското војводство на Хајнрих Лавот. Како надомест, Австрија била издигната во ранг на војводство и на 17 септември и биле вратени неколку територии.

Историја

[уреди | уреди извор]

Резиденцијата на новиот австриски војвода се наоѓала во Виена. Главно поради својата поволна географска положба на Дунав, австриските територии многу бргу напредувале. Австрија претставувала важен трговски пат кој поминувал од Западна Европа кон Византија. Австриското војводство во многу краток период станало една од најнапредните земји на Светото Римско Царство. Својот врв го достигнал во времето на Леополд V (1177-1194) и Леополда VI (1194-1230). Во 1186 година Леополд потпишал договор со Отакар IV Штаерски според кој договор ја наследил Штаерска. Терториите на Астрија биле проширени и во старите баварски земји западно од реката Енс.

Војводата Леополд V учествувал во Третата крстоносна војна. Во времето на Опсадата на Акра влегол во жесток судир со англискиот крал Ричард I, наводно поради австриското знаме кое било подигнато. Англискиот крал го сокинал австриското и го поставил англиското знаме. По повлекувањето на Ричард, пред Божик во 1192 година од страна на австриските сили бил заробен самиот англиски цар и обвинет за смртта на Конрад Монфератски. Леополд го предал на германскиот цар Хајнрих VI кој побарал од Ричард голем откуп. Леополд VI во 1198 година се оженил за византиската принцеза Теодора Ангелина, а подоцна својата ќерка ја омажил за Хајнрих VII, син на Фридрих II.

Но наследникот на Леополд, Фридрих II влегол во голем судир со Андрија II Арпадовиќ, и во 1246 година бил убиен.

Владеењето на Отокар

[уреди | уреди извор]

Смртта на Фридрих значела и крај на машката линија на династија Бабенберг. Во наредните неколку децении војводството било без владетел. Според феудалните закони, власта над Австрија припаѓала на Светото Римско Царство. Но по само осум години од изумирањето на Бабенберг, изумрела и светоримската династија Хоенштауфен. Во 1251 година австрискиот престол бил заземен од страна на Отокар II, кое било потврдено и од страна на римскиот папа поради неговите семејни врски со династија Бабенберг. Откако Отокар не успеал да се избори за светата римска титула, тој го оспорил изборот за цар на Светото Римско Царство на Рудолф I. Отокар бил убиен во Битката на Моравско поле во 1278 година.

Владеење на Хабсбуршката династија

[уреди | уреди извор]

во следните 640 години Австрија била управувана од страна на Хабсбуршката династија. Корушка и Крањска биле под нивна власт до 1335 година, додека Тирол до 1365 година. По краткото владеење на Рудолф IV, неговите браќа Алберт III и Леополд III го поделиле меѓу себе војводството. Алберт ја задржал Австрија, додека Леополд останатите територии. Во 1402 година дошло до нова поделба. Војводата Ернест ја зазел Долна Австрија додека Фридрих III - Горна Австрија. Обединувањето се случило во времето на Фридрих III.

Владетели

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]