Прејди на содржината

Војќех Шченсни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Војќех Шченсни
Лични податоци
Полно име Војќех Томаш Шченсни[1]
Роден на 18 април 1990(1990-04-18)(34 г.)[1]
Роден во Варшава, Полска
Држава Полска Полска
Висина &100000000000001960000001,96 м[2]
Играчки податоци
Позиција голман
Повлекување 27 август 2024 (34 г.)
Младинска кариера
Агрикола Варшава
Легија Легија Варшава
Арсенал Арсенал
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2009-2017 Арсенал Арсенал 132 (0)
2009-2010Брентфорд Брентфорд 28 (0)
2015-2017Рома Рома 72 (0)
2017-2024 Јувентус Јувентус 200 (0)
Репрезентација
2007-2010 Полска Полска 20 4 (0)
2009-2012 Полска Полска 21 7 (0)
2009-2024 Полска Полска 84 (0)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Војќех Томаш Шченсни (полски: Wojciech Tomasz Szczęsny; р. 18 април 1990) — поранешен полски фудбалер, кој играл на позицијата голман.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Роден во Варшава како син на поранешниот полски голман Мачеј Шченсни.

Во 2013 тој започнал да се забавува со полската пејачка Марина Лученко.[3] Тие се вериле во јули 2015 за време на забавата по повод роденденот на Марина,[4] а се венчале на 21 мај 2016.[5] На 30 јуни 2018, се родило нивното прво дете синот Лијам.[6]

Технички карактeристики

[уреди | уреди извор]

Голман со одлични физички предиспозиции, кој има одлични рефлексии и претставува голема сигурност меѓу стативите. Исто така, тој е специјалист за бранење пенали.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Легија Варшава

[уреди | уреди извор]

Шченсни тренирал во Агрикола Варшава како млад играч; наскоро, тренерот на голманите на Легија Варшава, Кшиштоф Довхан, останал толку многу импресиониран од талентот на Шченсни, па му дозволил да учествува во тренинг-кампот со првиот тим на Легија на возраст од 15 годиниво јануари 2005 во Кипар, придружувајќи им се потоа.[7][8]

Младински категории и дебито за првиот тим

[уреди | уреди извор]

Во 2006 година, Шченсни му се приклучил на младински состав на Арсенал, напредувајќи во резервниот тим за време на сезоната 2008-2009. Во ноември 2008 година, тој загубил рамнотежата, подигајќи голема тежина и двети подлактици му биле скршени, што предизвикало да пропушти пет месеци од сезоната.[9] Шченсни се појавил за првпат на клупата за резерви на првиот тим на Арсенал во натпреварот од Премиер лигата против Стоук Сити на 24 мај 2009, останувајќи неискористена замена во победата на топџиите со 4-1 на Емирати.[10]

На почетокот на сезоната 2009-2010, Шченсни бил прекомандуван во сениорскиот состав играјќи со бројот 53. На 22 септември 2009 година, тој го направил своето деби за првиот тим во третото коло на Лига купот, одржувајќи ја својата мрежа сува во победата со 2-0 против Вест Бромвич Албион.[11] Во декември 2009 година, менаџерот Арсен Венгер открил дека тој и останатиот тренерски персонал на Арсенал имаат големи надежи за Шчесни, велејќи: "Ние го идентификувавме Војќех како иден голем голман". Еден месец подоцна, тој додал: "Јас навистина верувам во него дека тој еден ден ќе биде број еден на Арсенал. Тој ги има сите квалитети што можете да ги посакате од еден голман."

Заемот во Брентфорд

[уреди | уреди извор]

На 20 ноември 2009 година, Шченсни му се приклучил на Брентфорд на едномесечена позајмица. Во неговиот втор натпревар за клубот тој одбранил пенал, во поразот со 1-0 од Викомб Вондерерс. Шченсни го завршил својот петти натпревар за Брентфорд на 12 декември 2009 година, правејќи голем број на одбрани со кои го спречил Лидс Јунајтед да постигне гол во ремито 0-0 по што бил прогласен за играч на натпреварот.[12] На 22 декември, Арсенал се согласил да го продолжи заемот за уште еден месец до 17 јануари 2010 година,[13] а потоа до 31 јануари. На крајот, истиот бил продолжен до 31 мај. Во април менаџерот на Брентфорд Енди Скот рекол: "Неговите изведби сугерираат дека тој не може да нема место во некој од клубовите во Чемпионшип или дури во Премиер лигата. Стигнавме до фазата кога ќе прими гол, да се чудиме како е можно тој да не го одбрани." Една година подоцна, Скот бил разрешен од позицијата менаџер на Брентфорд, а Шченсни го критикувал клубот на Твитер, наведувајќи: "Каква шега! Енди Скот отпуштен?! Тој е фантастичен менаџер и Брентфорд ќе ја плати цената за ова. Тие се бореа за опстанок во Лига Два кога Енди ја презеде функцијата! Тој е единствената причина зошто Брентфорд е во Лига Еден."[14] Во февруари 2015 Шченсни бил именуван за 'Голман на декадата' на Брентфорд во една клупска анкета.[15]

Враќање во Арсенал и прв голман на тимот

[уреди | уреди извор]
Шченсни во натпревар на Арсенал во ноември 2011

Шченсни се вратил во Арсенал за сезоната 2010-2011. На 27 октомври 2010 година, Шченсни го направил својот втор настап за Арсенал повторно во Лига купот, одржувајќи сува мрежа против Њукасл Јунајтед на Сент Џејмс Парк запирајќи притоа бројни обиди од играчите на Њукасл.[16] Тој потпишал нов долгорочен договор на 11 ноември 2010 година, благодарение на неговиот татко и неговиот голмански тренер Џош Фелан, за да му помогне да напредува во неговата пробијна сезона.[17] Шченсни го направил своето деби во Премиер лигата во поразот со 1-0 од Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд на 13 декември 2010 година, откако и двајцата први голмани Лукаш Фабијански и Мануел Алмунија го пропуштиле натпреварот поради повреда.[18] На 8 јануари 2011 година, тој го започнал натпреварот од третото коло на ФА Купот против Лидс Јунајтед. Следниот викенд, Шченсни ја забележал својата прва сува мрежа во лигата при победата од 3-0 над Вест Хем Јунајтед на Аптон Парк. По серијата добри настапи на Шченсни на неколку последователни натпревари во Премиер лигата, Арсен Венгер потврдил дека тој ќе остане прв избор на голманската позиција во Арсенал, наведувајќи "тој не направи ништо погрешно за да ме натера да го извадам". На 16 февруари, Шченсни го направил своето деби во Лигата на шампионите против Барселона на Емирати, правејќи неколку важни одбрани за победата со 2-1. На 27 февруари, Шченсни допуштил победнички гол за Бирмингем Сити во последната минута од финалето на Лига купот; по една уфрлена топка од голманот на противникот се ствроила конфузија во шеснаесетникот на Арсенал меѓу него и дефанзивецот Лоран Косчиелни, па откако Косчиелни ја промашил топката таа се одбила од Шченсни и завршила точно пред напаѓачот на Бирмингем Обафеми Мартинс, кој од блиско растојание ја претворил во победнички погодок за неговиот тим.

Во јули 2011 година, Шченсни изразил желба да продолжи како прв голман на голот на Арсенал до крајот на својата кариера. За сезоната 2011-2012 го променил бројот на дресот од 53 на 13, број кој претходно бил носен од страна на Александар Хлеб и Јенс Леман. Во текот на оваа сезона тој станал незаменлив меѓу стативите на Арсенал, играјќи во сите минути на тимот во натпреварите од Премиер лигата. На 24 август, Шченсни направил клучна одбрана бранејќи го ударот од пенал на Антонио Ди Натале во 59-тата минута од вториот натпревар од последното квалификациско на Лигата на шампионите. Арсенал има нерешени 1–1 (2–1 на вкупен резултат) против Удинезе кога Шченсни ја направил виталната одбрана за да му обезбеди место на Арсенал во групната фаза на натпреварувањето за 14-та сезона по ред. На крајот Арсенал победил со 2–1 (3–1 вкупен резултат) со головите на Робин ван Перси и Тио Волкот. На 28 август, тој бил на голот на Арсенал во поразот со 8–2 од Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд кој се покажал како најтешкиот во Премиер лигата во историјата на Арсенал и за првпат тие примиле осум гола по повеќе од 115 години. На 26 февруари 2012, Шченсни бил на победничката страна во Севернолондонското дерби за првпат во кариерата, откако Арсенал се вратил од 2–0 негатива до победа од 5–2 на домашен терен против Тотенхем Хотспар.[19] На 3 март 2012, Шченсни направил серија одбрани вклучувајќи го и одбранетиот пенал на почетокот од натпреварот за да му помогне на Арсенал да дојде до победа над Ливерпул на Енфилд.

Шченсни пред натпреварот против Челси во 2012

По заминувањето на Мануел Алмунија, Шченсни го зел дресот со број 1.[20] Откако пропуштил неколку месеци поради повреда, Шченсни се вратил помеѓу стативите на голот на Арсенал во победата со 5–2 над Тотенхем.[21] На 13 март 2013, Шченсни бил изоставен од тимот на Арсенал за натпреварот против Бајерн Минхен во Лигата на шампионите.[22] Во следниот натпревар на Арсенал во Премиер лигата, против Свонзи Сити, Шченсни се вратил во тимот но само на клупата, откако Арсен Венгер го одбрал неговиот сонародник Лукаш Фабијански за стартер во тој натпревар. На 20 април 2013, Шченсни се вратил на голот на Арсенал во натпреварот од Премиер лигата на домашен терен против Евертон поради повредата на реброто на Фабијански.[23] Во првите два натпревари по враќањето во почетниот состав, тој забележал две суви мрежи откако го сочувал својот гол без примен погодок во натпреварите против Евертон и Фулам.

Шченсни на загревање со Арсенал во 2013

Шченсни имал тежок тест на отворањето на сезоната 2013–2014 во Премиер лигата, во кое Арсенал загубил со 3–1 од Астон Вила. За време на натпреварот, тој направил пенал за прекршок над Габриел Агбонахор, по што ударот од белата точка на Кристијан Бентеке успеал првично да го одбрани но сепак одбиената топка се вратила до Бентеке кој ја сместил во мрежата за моментален резултат 1-1. И покрај разочарувачкиот старт, Шченсни одговорил одлично одржувајќи ја својата мрежа празна во следните четири натпревари на Арсенал. Тој, исто така, направил две клучни одбрани со кој му помогнал на Арсенал да го сочува водството од 1-0 против Кристал Палас во октомври.[24] Тој исто така ја сочувал својата мрежа празна и во двете последователни важни победи над Ливерпул во Премиер лигата[25] и Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.[26] Во натпреварот против Манчестер Јунајтед во ноември 2013 година, Шченсни добил долг третман по судирот глава во глава со Фил Џонс, но го завршил натпреварот откако менаџерот на Арсенал Арсен Венгер му дозволил да продолжи. Венгер изјавил дека ќе го заменел Шченсни ако му било така наложено од тимскиот лекар, додавајќи: "Не, никој не ми кажа ништо за него", на прашањето дали медицинскиот персонал дал дозвола голманот да продолжи да игра.[27] На 16 ноември 2013 година, Арсенал објавил дека Шченсни потпишал нов долгорочен договор со клубот.[28] Неговата извонредна форма продолжила и во текот на ноември, месец во кој примил само еден гол и имал пет суви мрежи во шест натпревари. Тој, исто така, го забележал својот 50-ти натпревар во кој одбележал сува мрежа на голот на Арсенал на 26 ноември, во натпреварот од Лигата на шампионите против Олимпик Марсеј, кој Арсенал го добил со 2-0.[29] Во февруари 2014, Шченсни направил пенал и бил исклучен за прекршок над Арјен Робен во првиот осминафинален натпревар против Бајерн Минхен во Лигата на шампионите; Давид Алаба го промашил пеналот но сепак, Арсенал бил поразен на домашен терен со 0-2.[30] Со тоа тој станал 100-тиот фудбалер на Арсенал кој добил црвен картон во ерата на Арсен Венгер.[31]

На крајот од сезоната, Шченсни бил добитник на наградата Златна ракавица на Премиер лигата заедно со Петр Чех од Челси, откако двајцата забележале по 16 суви мрежи.[32] Тој исто така ја завршил сезоната со освојување на својот прв трофеј со Арсенал, ФА Купот 2013-2014, но тој бил само неискористена замена во финалето, а Лукас Фабијански го задржал своето место како прв голман во домашните купови.

Серија грешки и губење на местото во почетната постава

[уреди | уреди извор]

На 1 октомври 2014 година, Шченсни направил пенал и бил исклучен заради извршување на професионален фаул над Бурак Јилмаз во победата со 4-1 на домашен терен над Галатасарај во Лигата на шампионите.[33] На 1 јануари 2015 година, Шченсни направил две грешки кои воделе до двата гола на Саутхемптон, во поразот на Арсенал од Светците со 2-0. Подоцна тој бил казнет со парична казна од 20.000 долари за пушење во просторијата за туширање по натпреварот.[34] Сето ова резултирало со тоа Шченсни да го загуби местото во почетната постава на Арсенал и до крајот на сезоната во Премиер лигата тој останал на клупата, откако Давид Оспина го заменил на голот.[35] Шченсни бил стартер во финалето на ФА купот 2015, одржувајќи сува мрежа во победата со 4-0 над Астон Вила на Вембли.[36]

Вкупно во шест сезони поминати во Арсенал, Шченсни одиграл 181 натпревар за топџиите.

На 29 јули 2015 година, откако неговите можности за игра во Арсенал станале уште повеќе ограничени по пристигнувањето во клубот на Петр Чех, Шченсни и се приклучил на италијанската Рома на заем до крајот на сезоната 2015-2016.[37].[38] На презентацијата избрал да го носи дресот со број 25.[39] На 22 август тој го направил своето деби во Серија А во ремито 1-1 на гостувањето кај Верона.[40][41] Во вториот свој натпревар за Рома, против Јувентус во првенството, Шченсни направил фанатастична парада во последните секунди од натпреварот со која го одбил ударот на Леонардо Бонучи и ја сочувал победата на џалоросите од 2-1.[42] Тој подоцна го исчашил прстот за време на првиот натпревар на Рома во Лигата на шампионите против Барселона, по судирот со Луис Суарес, повреда што го задржала надвор од теренот во текот на шест недели.[43][44] Во месец декември, тој бил тргнат од голот и заменет со Морган Де Санктис за првенствениот натпревар против Аталанта откако повторно бил фатен како пуши по поразот со 6–1 од Барселона.[45] Како автор на севкупно добри перформанси,[46][47] својата прва сезона во Рим ја завршил со 34 настапи и 34 примени голови во лигата и 8 настапи во кој примил 20 голови во Лигата на шампионите; тој и помогнал на Рома да го освои третото место во првенството и да избори место во Лигата на шампионите за следната сезона. Во интервју за весникот "Il Tempo", Шченсни изјавил дека чувствува дека неговата прва сезона во Рома била позитивна, и верува дека искуството за тренирање и играње во Италија под водството на тренерот Лучано Спалети и тренерот на голманите Нани е исклучително корисно за неговиот развој.[48][49]

На 4 август 2016, тој се вратил во Рома за втора сезона по ред на заем од Арсенал.[50] За втората сезона во италијанската престолнина тој го носел дресот со број 1, забележувајќи 14 суви мрежи во Серија А (рекорд за сезоната), помагајќи и на Рома да оствари клупски рекорд по бројот на освоени бодови во една сезона - 87 - и да заврши на второто место во првенството. Сезоната ја завршил со 38 настапи и 38 примени гола во Серија А; во куповите Шченсни забележал само еден настап во поразот со 3-0 од Порто во кавлификациите за Лигата на шампионите, додека во останатите куп натпревари тренерот Спалети му дал шанса на вториот голман бразилецот Алисон Бекер.[51]

Вкупно за Рома во двете сезони одиграл 81 натпревар.

Јувентус

[уреди | уреди извор]

На 19 јули 2017, Јувентус го купил Шченсни од Арсенал за сума од 12,2 милиони евра, потпишувајќи четиригодишен договор со полскиот голман.[52] За сезоната 2017-2018, тој бил втор голман во тимот зад капитенот Џанлујџи Буфон.

Дебитирал за Јувентус на 9 септември 2017 година, во натпреварот од Серија А против Кјево на Алијанц Стадион, кој бјанконерите го добиле со 3-0.[53] Откако Буфон се здобил со повреда (истегнување на листот), Шченсни добил повеќе можности да го чува голот на Јувентус. На 5 декември тој дебитирал во Лигата на шампионите со бјанконерите, сочувувајќи ја својата мрежа празна во победата со 2-0 над грчкиот Олимпијакос во Атина во последното коло од групната фаза.[54] На 23 декември 2017, тој бил голем протагонист за Јувентус во победата со 1-0 над неговиот поранешен тим Рома, правејќи неколку фанатастични одбрани вклучувајќи ја и онаа на самиот крај кога успеал да го одбрани ударот на Патрик Шик кој излегол сам еден на еден со него.[55] Неговите перформанси за периодот додека Буфон бил отсутен биле толку добри што тој бил избран за Најдобар играч на клубот за месец декември 2017.[56][57]

На 9 мај 2018, Шченсни го освоил својот прв трофеј со клубот, откако Јувентус го победил Милан со 4-0 во финалето на Купот на Италија, во кое тој бил неискористена замена.[58][59] Четири дена подоцна, на 13 мај, Шченсни го освоил своето прво скудето, откако ја сочувал својата мрежа празна во ремито 0–0 против Рома, претпоследниот натпревар на Јувентус за сезоната.[60][61]

Шченсни со Јувентус во 2019

За сезоната 2018-2019, по заминувањето на Буфон бил унапреден во прв голман на Старата дама, земајќи го дресот со број 1. На 19 септември 2018, во победата со 2-0 над Валенсија во Лигата на шампионите, Шченсни му одбранил пенал на Дани Парехо. Истото го повторил на 11 ноември, кога му го одбранил ударот од белата точка на Гонсало Игуаин во дербито против Милан што завршило 2-0 за бјанконерите.[62] Во текот на сезоната, тој забележал 41 настап, примил само 32 гола и придонел за освојувањето на Суперкупот на Италија, прв во кариерата на Полјакот и второто последователно скудето.

Во својата трета сезона со Јувентус, и покрај враќањето на Буфон, тој останал стартен голман и имал забележителни перформанси, вбројувајќи се во еден од најдобрите голмани на својата генерација.[63][64] На крајот на сезоната, тој го освоил своето трето последователно скудето и бил избран за најдобар голман во првенството, според LNPA[65] и ја понел Наградата за најдобар голман во Серија А.[66]

На 28 февруари 2023 година, за време на домашната победа во градското дерби со 4-2 над Торино, голманот стигнал до 200 настапи во дресот на Јувентус.[67]

Тој останал во Торино до летото 2024 година, кога го раскинал договорот со бјанконерите.[68] Откако останал слободен, на 27 август 2024 година, Шченсни го официјализирал своето повлекување од активното играње фудбал поради недостаток на дополнителна мотивација за понатамошно натпреварување.[69]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]
Шченсни играјќи за Полска на Светското првенство 2018.

Под 21 година

[уреди | уреди извор]

Шченсни играл за полската репрезентација под 21 година и започнал три натпревари во Квалификациите за Европското првенство 2011. Тој беше, исто така, бил ставен на стенд-бај во сениорската репрезентација од селекторот Лео Бенхакер за квалификациските натпревари против Северна Ирска и Словенија на почетокот на септември 2009 година. Меѓутоа, бидејќи ниту еден од тројцата голмани на Полска не се повлекол, тој сепак не бил повикан, но ги одиграл квалификациските натпревари за Европското првенство У-21 против Шпанија и Финска.

Сениорска репрезентација

[уреди | уреди извор]

Во октомври 2009, новиот селектор Франчишек Смуда му го испратил на Шченсни првиот повик во сениорската репрезентација, за пријателските натпревари против Романија и Канада. Своето деби го направил против Канада на 18 ноември, влегувајќи во игра на местото на Томаш Кушчак во победата со 1–0 во Бидгошч.

Шченсни имал одличен настап против Германија на 6 септември 2011, правејќи 8 фантастични одбрани во ремито 2–2; за тој перформанс тој добил признание и од поранешниот германски репрезентативен голман Оливер Кан.[70] Тој бил повикан да учествува на Евро 2012, на кое Полска била домаќин. Меѓутоа во првиот натпревар во групата против Грција, тој добил црвен картон за професионален прекршок над Димитрис Салпингидис, по кој бил досуден пенал против Полска кој сепак бил одбранет од замената на Шченсни на голот Пшемислав Титон во ремито 1-1. Шченсни не добил можност да брани повторно до крајот на турнирот, а Полска била елиминирана уште во фазата по групи со само два освоени бода.

Четири години подоцна тој бил во составот на Полска на Евро 2016. Тој играл во првиот натпревар на турнирот, победата над Северна Ирска со 1-0.[71] Но за несреќа тој се здобил со повреда во тој натпревар и останал надвор од конкуренција за остатокот од турнирот. Полска, сепак, стигнала до четвртфиналето, на голот со поранешниот тимски колега на Шченсни во Арсенал, Лукаш Фабијански, каде што биле елиминирани на пенали од подоцнежниот шампион Португалија.[72]

Во јуни 2018, Шченсни бил помеѓу 23-цата играчи на полската репрезентација избрани да настапуваат на Светското првенство 2018 во Русија.[73] Тој ги започнал првите два натпревари на својата репрезентација, поразот со 2-1 од Сенегал и поразот со 3-0 од Колумбија, но не играл во последниот натпревар од групата - победата со 1-0 над Јапонија; Полска не успеала да се квалификува за нокаут-фазата.[74]

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Полска
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
18-11-2009 Бидгошч Полска Полска 1 – 0 Канада Канада Пријателска - влегол во игра 46'
9-2-2011 Фаро Полска Полска 1 – 0 Норвешка Норвешка Пријателска -
5-6-2011 Варшава Полска Полска 2 – 1 Аргентина Аргентина Пријателска -1
9-6-2011 Гдањск Полска Полска 0 – 1 Франција Франција Пријателска -1
10-8-2011 Лубин Полска Полска 1 – 0 Грузија Грузија Пријателска -
6-9-2011 Гдањск Полска Полска 2 – 2 Германија Германија Пријателска -2
11-11-2011 Вроцлав Полска Полска 0 – 2 Италија Италија Пријателска -2
29-2-2012 Варшава Полска Полска 0 – 0 Португалија Португалија Пријателска -
26-5-2012 Варшава Полска Полска 1 – 0 Словачка Словачка Пријателска -
2-6-2012 Варшава Полска Полска 4 – 0 Андора Андора Пријателска -
8-6-2012 Варшава Полска Полска 1 – 1 Грција Грција Евро 2012 - Прва фаза -1 Red card 69'
15-8-2012 Талин Естонија Естонија 0 – 1 Полска Полска Пријателска -
6-2-2013 Даблин Ирска Ирска 0 – 2 Полска Полска Пријателска - влегол во игра 46'
14-8-2013 Гдањск Полска Полска 3 – 2 Данска Данска Пријателска -2 заменет 46'
15-10-2013 Лондон Англија Англија 2 – 0 Полска Полска Квал. за Евро 2016 -2
19-11-2013 Познањ Полска Полска 0 – 0 Ирска Ирска Пријателска -
5-3-2014 Варшава Полска Полска 0 – 1 Шкотска Шкотска Пријателска -1
6-6-2014 Гдањск Полска Полска 2 – 1 Литванија Литванија Пријателска -1 влегол во игра 46'
7-9-2014 Фаро Гибралтар Гибралтар 0 – 7 Полска Полска Квал. за Евро 2016 -
11-10-2014 Варшава Полска Полска 2 – 0 Германија Германија Квал. за Евро 2016 -
14-10-2014 Варшава Полска Полска 2 – 2 Шкотска Шкотска Квал. за Евро 2016 -2
14-11-2014 Тбилиси Грузија Грузија 0 – 4 Полска Полска Квал. за Евро 2016 -
16-6-2015 Гдањск Полска Полска 0 – 0 Грција Грција Пријателска - влегол во игра 46'
13-11-2015 Варшава Полска Полска 4 – 2 Исланд Исланд Пријателска -2
23-3-2016 Познањ Полска Полска 1 – 0 Србија Србија Пријателска -
1-6-2016 Гдањск Полска Полска 1 – 2 Холандија Холандија Пријателска -2
12-6-2016 Ница Полска Полска 1 – 0 Северна Ирска Северна Ирска Евро 2016 - Прва фаза - дет.
14-11-2016 Вроцлав Полска Полска 1 – 1 Словенија Словенија Пријателска -1
10-6-2017 Варшава Полска Полска 3 – 1 Романија Романија Квал. за СП 2018 -1
5-10-2017 Ереван Ерменија Ерменија 1 – 6 Полска Полска Квал. за СП 2018 -1
8-10-2017 Варшава Полска Полска 4 – 2 Црна Гора Црна Гора Квал. за СП 2018 -2
13-11-2017 Гдањск Полска Полска 0 – 1 Мексико Мексико Пријателска -1
27-3-2018 Варшава Полска Полска 3 – 2 Јужна Кореја Јужна Кореја Пријателска - заменет 46'
8-6-2018 Познањ Полска Полска 2 – 2 Чиле Чиле Пријателска -1 заменет 46'
12-6-2018 Варшава Полска Полска 4 – 0 Литванија Литванија Пријателска - влегол во игра 46'
19-6-2018 Москва Полска Полска 1 – 2 Сенегал Сенегал СП 2018 - Прва фаза -2 дет.
24-6-2018 Казањ Полска Полска 0 – 3 Колумбија Колумбија СП 2018 - Прва фаза -3 дет.
11-9-2018 Вроцлав Полска Полска 1 – 1 Ирска Ирска Пријателска -1
14-10-2018 Хожув Полска Полска 0 – 1 Италија Италија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -1
20-11-2018 Гимараеш Португалија Португалија 1 – 1 Полска Полска УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -1
Вкупно Настапи 40 Голови -34

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 7 декември 2018.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
авг.-ное. 2009 Англија Арсенал ПЛ 0 -0 ФАКуп+ЛК 0+1 -0 ЛШ 0 -0 - - - 1 -0
2009-2010 Англија Брентфорд ЛЕ 28 -29 ФАКуп+ЛК 0 -0 - - - ЛТ - - 28 -29
2010-2011 Англија Арсенал ПЛ 15 -19 ФАКуп+ЛК 2+5 -2 + -3 ЛШ 2 -1 - - - 24 -25
2011-2012 ПЛ 38 -49 ФАКуп+ЛК 1+0 -0 ЛШ 9[75] -8[76] - - - 48 -57
2012-2013 ПЛ 25 -24 ФАКуп+ЛК 4+1 -5 + -1 ЛШ 3 -5 - - - 33 -35
2013-2014 ПЛ 37 -41 ФАКуп+ЛК 0 -0 ЛШ 9[75] -5 - - - 46 -46
2014-2015 ПЛ 17 -21 ФАКуп+ЛК 5+0 -4 ЛШ 6[75] -6 КШ 1 -0 29 -31
Вкупно Арсенал 132 -154 19 -15 29 -25 1 -0 181 -194
2015-2016 Италија Рома А 34 -34 КИ 0 -0 ЛШ 8 -20 - - - 42 -54
2016-2017 А 38 -38 КИ 0 -0 ЛШ+ЛЕ 1[77]+0 -3[77] - - - 39 -41
Вкупно Рома 72 -72 0 0 9 -23 - - - 81 -95
2017-2018 Италија Јувентус А 17 -9 КИ 2 -0 ЛШ 2 -1 СИ 0 -0 21 -10
2018-2019 А 28 -20 КИ 2 -3 ЛШ 10 -9 СИ 1 -0 41 -32
2019-2020 А 0 -0 КИ 0 -0 ЛШ 0 -0 СИ 0 -0 0 -0
Вкупно Јувентус 45 -29 4 -3 12 -10 1 -0 62 -42
Вкупнп во кариерата 277 -284 23 -18 50 -58 2 -0 352 -360
2013-2014, 2014-2015
2014

Италија Јувентус

[уреди | уреди извор]
2017-2018, 2018-2019, 2019-2020
2017-2018, 2020-2021, 2023-2024
2018, 2020
  1. 1,0 1,1 „Wojciech Szczesny“. Barry Hugman's Footballers. Посетено на 7 June 2015.
  2. „Player Profile: Wojciech Szczęsny“. Premier League. Архивирано од изворникот на 2015-05-12. Посетено на 31 January 2012.
  3. „Arsenal keeper Szczesny scores stunning new girlfriend as he announces he's dating Polish beauty Luczenko“. Mail Online. 9 December 2013. Посетено на 15 November 2017.
  4. „Marina Łuczenko: Potwierdziła zaręczyny i pokazała zdjęcia z imprezy urodzinowej!“ (полски). Gala Poland. 9 July 2015. Архивирано од изворникот на 2018-07-04. Посетено на 15 November 2017.
  5. „Szczęsny i Łuczenko wzięli ślub!“ (полски). Polsat Sport. 21 May 2016. Посетено на 15 November 2017.
  6. „Dziecko Wojtka Szczęsnego i Mariny Łuczenko już na świecie. Ma na imię Liam“. pomorska.pl. 4 July 2018. Посетено на 4 July 2018.
  7. „Ranking polskich bramkarzy według Dowhania“. Архивирано од изворникот на 2017-08-07. Посетено на 2017-08-04.
  8. „Piłka nożna: Dziś Legia odlatuje na Cypr“ (полски). gazeta.pl. Посетено на 17 lipca 2010. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  9. Дејвид Хајтнер (11 февруари 2011). „Inside the weird world of Arsenal's new No1, Wojciech Szczesny“. Guardian. Посетено на 4 август 2017.
  10. McIntyre, David (24 May 2009). „Arsenal 4-1 Stoke“. BBC Sport. Посетено на 26 July 2015.
  11. „Arsenal 2–0 West Brom“. BBC Sport. 22 септември 2009. Посетено на 4 август 2017.
  12. „Brentford 0–0 Leeds United“. BBC Sport. 12 декември 2009. Посетено на 4 август 2017.
  13. „Brentford extend goalkeeper Wojciech Szczesny's loan“. BBC Sport. 22 декември 2009. Посетено на 4 август 2017.
  14. „Gunner Szczesny hot over Scott sacking“. Mirror Football. 3 February 2011. Посетено на 15 April 2012.
  15. „Wojciech Szczesny, Michael Turner, Jonathan Douglas, Lloyd Owusu named in Brentford Team of Decade“. Архивирано од изворникот на 2018-07-11. Посетено на 2017-08-03.
  16. „The Nets Big Thing“. ministryofglove. 29 октомври 2010. Посетено на 4 август. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  17. „Interview with Arsenal's new No1, Wojciech Szczesny“. Arsenal.ie. 6 февруари 2011. Архивирано од изворникот на 2011-07-21. Посетено на 4 август 2011.
  18. „Park strike puts United on top of Premier League“. 13 декември 2010. Посетено на 4 август 2017.
  19. Wojciech Szczesny says Arsenal can overhaul Tottenham in the table | Football. The Guardian. Пристапено 21 април 2012.
  20. „Arsenal confirm 2012/13 squad numbers“. Arsenal.com. 25 July 2012. Архивирано од изворникот на 28 July 2012. Посетено на 25 July 2012.
  21. Ornstein, David (17 November 2012). „Arsenal 5–2 Tottenham“. BBC Sport. Посетено на 17 November 2012.
  22. „Bayern Munich v Arsenal: Wojciech Szczesny talent not in question, but mistakes cannot be ignored“. The Independent. 14 March 2013.
  23. „Lukasz Fabianski's cracked rib gives Wojciech Szczesny chance of a run“. The Guardian. 18 April 2012.
  24. „Crystal Palace 0–2 Arsenal“. BBC Sport. 26 October 2013. Посетено на 7 November 2013.
  25. „Arsenal 2–0 Liverpool“. BBC Sport. 2 November 2013. Посетено на 7 November 2013.
  26. „Borussia Dortmund 0–1 Arsenal“. BBC Sport. 6 November 2013. Посетено на 7 November 2013.
  27. „Wenger clear on Szczesny concussion“. Fox Sports. 10 November 2013. Архивирано од изворникот на 12 November 2013. Посетено на 11 November 2013.
  28. „Szczesny signs new long-term contract“. Arsenal F.C. 16 November 2013. Посетено на 16 November 2013.
  29. „Wenger: Szczesny can be an Arsenal great“. Arsenal F.C. 28 November 2013.
  30. Wallace, Sam (20 February 2014). „Arsenal 0 Bayern Munich 2 match report“. The Independent. Архивирано од изворникот на 19 November 2014. Посетено на 25 February 2014.
  31. View, Barrie's (19 February 2014). „Arsenal's 100 red cards during Arsène Wenger's reign“. Посетено на 19 February 2014.
  32. „Petr Cech & Wojciech Szczesny share the Barclays Golden Glove“. Premierleague via Twitter. 12 May 2014. Посетено на 12 May 2014.
  33. „Arsenal 4–1 Galatasaray“. BBC Sport. 1 October 2014. Посетено на 1 October 2014.
  34. Rice, Simon (6 January 2015). „Wojciech Szczesny caught smoking in the showers – fined by Arsenal“. The Independent. Посетено на 6 January 2015.
  35. „Arsene Wenger: Why I picked David Ospina instead of Wojciech Szczesny“. Daily Express. 11 January 2015.
  36. „FA Cup final – FT: Arsenal 4–0 Villa“. BBC. 30 May 2015.
  37. „Szczesny joins AS Roma on loan“. Arsenal FC. 29 July 2015.
  38. „L'As Roma annuncia l'arrivo di Wojciech Szczęsny“. 29 јули 2015. Посетено на 30 јули 2015.
  39. „Wojciech Szczęsny ha scelto la maglia numero 26“. 29 јули 2015. Посетено на 30 јули 2015.
  40. „Hellas Verona 1–1 Roma: Rudi Garcia's side fail to win opener as Edin Dzeko, Gervinho and Wojciech Szczesny feature for visitors“. Daily Mail. 22 August 2015. Посетено на 30 August 2015.
  41. „Verona-Roma 1-1: Florenzi risponde a Jankovic, giallorossi sottotono“. 22 август 2015. Посетено на 2 септември 2015.
  42. „Roma-Juve 2-1, il film della partita“. la stampa. 30 август 2015. Посетено на 11 декември 2018.
  43. „Szczesny dislocation confirmed“. Football Italia. 17 September 2015.
  44. „Six weeks out for Szczesny“. Football Italia. 17 September 2015.
  45. Corless, Liam (2 December 2015). „Wojciech Szczesny dropped by Roma after being 'caught smoking for a THIRD time this year'. Daily Mirror. Посетено на 23 February 2016.
  46. Marco Juric (2 март 2016). „Crazy Szczesny“.
  47. „Cervone: "Roma, prendi un portiere con carisma e bravo a comandare la difesa". 25 март 2016.
  48. George Flood (19 July 2017). „Wojciech Szczesny leaves Arsenal for Juventus on four-year deal“. www.ibtimes.co.uk. Посетено на 21 January 2018.
  49. James Benge (21 May 2016). „Wojciech Szczesny: I learned more in four months at Roma than 10 years at Arsenal“. The Evening Standard. Посетено на 21 January 2018.
  50. „L'AS Roma annuncia il ritorno di Wojciech Szczesny“. 4 август 2016.
  51. „Serie A, Szczesny: «A Roma gioco io». Alisson: «L'alternanza non è un bene»“. Посетено на 8 јуни 2017.
  52. „Szczesny è bianconero!“. 19 јули 2017.
  53. Emanuele Gamba (9 септември 2017). „Le pagelle di Juventus-Chievo: Szczęsny, debutto sicuro. Radovanović, regia ok“. Посетено на 12 декември 2017.
  54. Enrico Turcato (5 декември 2017). „Le pagelle di Olympiakos-Juventus 0-2: benissimo Szczęsny, appannato Dybala“. Посетено на 12 декември 2017.
  55. Simone Eterno (23 декември 2018). „Le pagelle di Juventus-Roma 1-0: Szczesny decisivo, Schick sciagurato“. eurosport.it. Посетено на 11 декември 2018.
  56. „Juventus December MVP: Wojciech Szczesny!“. www.juventus.com. 20 January 2018. Посетено на 21 January 2018.
  57. Marco Demicheli (5 January 2018). „Juve, Buffon will stay behind Maldini for the record of appearances unless...“. www.calciomercato.com. Посетено на 6 January 2018.
  58. „Coppa: Force Four Juve flatten Milan“. Football Italia. 9 May 2018.
  59. „Buffon reaches 300 clean sheets“. Football Italia. 10 May 2018.
  60. „Juventus Seven-Up“. Football Italia. 13 May 2018.
  61. „Wojciech Szczesny“. Juventus F.C. Посетено на 22 June 2018.
  62. „Milan-Juve 0-2: gol di Mandzukic e CR7, Higuain sbaglia un rigore e viene espulso“. Gazzeta dello Sport. 11 ноември 2018. Посетено на 16 декември 2018.
  63. (англиски) https://punditfeed.com/lists/top-10-goalkeepers-world/. Занемарен непознатиот параметар |titolo= (се препорачува |title=) (help); Занемарен непознатиот параметар |accesso= (се препорачува |access-date=) (help); Занемарен непознатиот параметар |data= (се препорачува |date=) (help); Отсутно или празно |title= (help)
  64. https://www.sportskeeda.com/football/ranking-the-10-best-goalkeepers-in-the-world. Занемарен непознатиот параметар |lingua= (се препорачува |language=) (help); Занемарен непознатиот параметар |accesso= (се препорачува |access-date=) (help); Занемарен непознатиот параметар |data= (се препорачува |date=) (help); Занемарен непознатиот параметар |titolo= (се препорачува |title=) (help); Отсутно или празно |title= (help)
  65. „Juve, Dybala MVP Serie A 2019/2020. Szczesny miglior portiere“. Посетено на 2020-08-05.
  66. „Gli MVP della stagione 2019/2020“. 4 август 2020. Архивирано од изворникот на 7 август 2020. Посетено на 13 декември 2020. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  67. „Szczesny raggiunge quota 200 presenze con la Juventus!“. 2023-02-28.
  68. „Ufficiale | La Juventus e Szczesny si salutano“. 14 август 2024.
  69. „Wojciech Szczesny si ritira: l'annuncio sui social dell'ex portiere della Juventus“. 27 август 2024.
  70. Arsenal's Szczesny: Kahn praise makes me feel good
  71. „Arkadiusz Milik earns Poland Euro 2016 win vs limited Northern Ireland“. standard.co.uk. 12 June 2016.
  72. „Poland 1–1 Portugal“. BBC Sport. 30 June 2016. Посетено на 30 June 2016.
  73. „Poland World Cup squad guide: Full fixtures, group, ones to watch, odds“. independent.co.uk. Посетено на 8 July 2018.
  74. „Poland“. fifa.com. Архивирано од изворникот на 2018-06-02. Посетено на 8 July 2018.
  75. 75,0 75,1 75,2 2 настапи во плејофот.
  76. 1 примен гол во плејофот.
  77. 77,0 77,1 Во плејофот.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]