Врапче камењарче
Врапче камењарче | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Врапчевидни |
Семејство: | Врапчиња |
Род: | Petronia |
Вид: | Врапче камењарче |
Научен назив | |
Petronia petronia (Linnaeus, 1766) |
Врапчето камењарче (науч. Petronia petronia) е мала врапчевидна птица од семејството на врапчињата. Живее низ неплодните карпести ридови од Пиринејски Полуостров, северозападна Африка преку јужна Европа до Средна Азија. Го има и во Македонија. Тоа е претежно постојан жител, но азиските птици се селат понајуг или се движат подолу по планините. Редок скитник е на север од својот опсег.
Опис
[уреди | уреди извор]Врапчето камењарче е малку поголемо од градското врапче, со должина 15 - 17 см. Нема полов диморфизам, мажјаците и женките се исти. Тие се претежно сивокафеави. Одозгора и крилјата им се прошарано кафеави, ододздола посветли со потемни линии, имаат белкава линија над окото, и препознатлива, но тешко забележлива лимонжолта точка на грлото, која кај мажјаците е посветла. На опашката има бели рабови. Пеењето му е гласно и зарипнато.
Поведение
[уреди | уреди извор]Живеалиштето на оваа птица се подножјата на планините и планинските падини, обично крај каменитите потоци и карпи. Летот му е пргав и брз, а на земја лесно се движи меѓу камењата. Се среќаваат и во градските средини каде им одговара средината и климата.
Вон сезоната на парење птиците се собираат во јата во потрага по храна.
Се хранат со семиња, но и со инсекти.
Размножување
[уреди | уреди извор]За разлика од повеќето од врапчињата, камењарчето е полигамично и мажјакот има 3-4 женки. Гнездат во колонии, понекогаш и многу големи. Гнездата се вообичаени, топчести, со страничен влез, а ги поставуваат во пукнатините на карпите, меѓу камењата, во пештерите или дупките претходно направени од бреговите ластовички или пчеларките, дупките во дрвјата или на зградите. Гнездото е грубо, лабаво и големо, направено од гранчиња и суви тревки, послано со пердуви или меки тревки. Одозгора е секогаш покриено со надвиснат камен, гранка или дел од градбата на зграда. Несат 4-7 бели јајца со кафеави дамки.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ BirdLife International (2012). „Petronia petronia“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
- Faun. Abh. 26: 63. Отсутно или празно
|title=
(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Врапче камењарче“ на Ризницата ? |
- Врапче камењарче на Птиците на Мадејра
- Фотографии на Oiseaux
- Возраст и пол од Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze Архивирано на 12 ноември 2013 г. (PDF; 1.1 MB)