Вулингјуен
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Песочните столбови во Вулингјуен се издигаат стотици метри од тлото | |
Службен назив | Природно и историско подрачје Вулингјуен Wulingyuan Scenic and Historic Interest Area |
Место | Округ Вулингјуен, Џангџјиаџјие, Хунан, Кина |
Критериум | природно: (vii) |
Навод | 640 |
Запис | 1992 (XVI заседание) |
Површина | 26.400 ха |
Координати | 29°20′N 110°30′E / 29.333° СГШ; 110.500° ИГД |
Вулингјуен (кинески 武陵源) — живописна и историска област во округот Вулингјуен, југосредишна кинеска покраина Хунан. Во 1992 година, бил впишан во Списокот на светско наследство на УНЕСКО.[1] Повеќе од 3.000 кули и врвови од кварцитен песочник се во областа, високи над 200 метри, заедно со многу дервени и клисури со привлечни потоци, езера, реки и водопади. Тука се наоѓаат 40 пештери, многу со големи наслаги на калцит и два природни моста, Шјанреншјиао (Мост на Бесмртните) и Тианчјиашенгконг (Мост над Небото), еден од највисоките природни мостови на светот.
Областа лежи помеѓу 29°16′0″N 110°22′0″E / 29.26667° СГШ; 110.36667° ИГД 29°24′0″N 110°41′0″E / 29.40000° СГШ; 110.68333° ИГД во местото Џангџјиаџјие и околу 270 километри северозападно од Чангша, главниот град на покраината Хунан. Паркот зафаќа површина од 690 квадратни километри. Вулингјуен е дел од планинскиот венец Вулинг. Природната област се состои од четири национални паркови, Народен шумски парк Џангџјиаџјие, природен резерват долина Суоши, природен резерват Тианџи и неодамна додаденото подрачје Јангџјаџје. Има повеќе од 560 знаменитости што треба да се видат.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед на петте прсти на Хуангшјиџаи
-
Реката Џангџјиаџјие
-
Влезот во паркот Вулингјуен
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Wulingyuan Scenic and Historic Interest Area“. Unesco World Heritage Centre. United Nations Educational, Scientific, and Cultural Organization. Посетено на 16 December 2013.
- ↑ „Wulingyuan Scenic and Historic Area“.