Генотип
Генотип (ген + grč. τύποσ = týpos = лик, трага, белег) е збир на сите гени на еден организам, со наследните упатства за формирање на неговите органи и функции и на нивните особини. Поимите фенотип и генотип во науката ги вовел данскиот ботаничар Вилхелм Јохансен (Wilhelm Johannsen).
Сите формирани својства на еден организам го прават неговиот фенотип. Живиот организам не ги наследува особините туку гените на своите родители и тоа – кај бисексуалното размножување – само оние од сперматозоидот и од јајце-клетката кои го зачнуваат. Кај организмот со вегетативно размножување, се наследува комплетниот генотип, a внатрешната и надворешната средина ги додаваат новонастанатите влијанија. Според тоа, почнувајќи од првата делба на зиготот, секоја новосоздадена клетка, во процесот на формирање и одржување на организмот, не ги добива оригиналните родителски гени, туку само една од нивните копии. Генотипот ги опфаќа сите соматски фактори, кои имаат способност за авторепродукција, без оглед дали се сместени во хромозомите или се плазмогени. Другите клеточни структури не создаваат свои реплики, туку настануваат од други клеточни состојки, a во крајна линија, или со помош или од самиот генетски материјал.[1] [2][3][4][5][6]
Всушност, генот ја опфаќа истата суштина како и геномот. Во врска со биолошките основи на изразување на поединечната варијација, неопходно е да се познава природата на интеракцијата на генотипот и надворешната средина и на создавањето на поедини фенотипски својства и организми во целина. Бидејќи во генетската анализа се посматра ограничен обем на поединечната променливост, вообичаено е поимот генотип да се однесува и на генетичките фактори на некои својства и на нивните комбинации. Од друга страна, и фенотипските особини може да се посматраат делумно или комплексно.
Со генотип и со фенотип се означуваат и некои групи организми со одредени заеднички наследни својства. Наследувањето на многу нормални и патолошки својства може да се објасни со основните постулати на менделeeвската генетика, без оглед на природата на варијацијата (боја, облик, големина, морфолошка и анатомска структура, функција, биохемиски состав, ментален и етиолошки склоп и др.) или на нејзиното ниво (молекуларно, клеточно, ткивно, органско и поединечно). Но, организмот не е прост збир на поединечни особини и елементи, а поседувањето на еден ген не значи дека неговите носители нужно имаат и соодветни обележја. Сите воочливи особини на организмот во најголем број случаи се резултат на заемното дејствување на гените (полигенија), односно одереден ген поливалетно (плеотропија) влијае врз формирањето на повеќе својства (полифенија). Треба да потсетиме дека и при хипотетични услови за учеството на комплетниот генотип во формирање на секое поединечно својство, гените во гаметогенезата, изземајќи ги врзаните) гени, независно ги сегрегираат односно ги одржуваат поединечноста и партикуларизмот. гаметите ја содржат генетичката шифра на сите поединечни својства и потенцијали (од кои некои воопшто не се изразуваат), што во принцип не се однесува на сите соматични клетки и ткива – во кои се реализираат само нивните специфични констелации.[7] [8][9]
Долг е, сложен и недоволно познат сплетот на процесите кои се случуваат од формирање на зиготниот генотип до фенотипот на возрасниот организам кој е опфатен со општиот поим на развојот. Всушност, животот претставува непрекинат развој и стареење, a нивните фенотипски манифестации може да се посматраат на секој степен на поединечната метаморфоза. Според тоа, фенотипот постојано се менува во морфолошки, анатомски, функционален, етиолошки, ментален и социјален комплекс. Во текот на онтогенезата, наследените гени само ги одредуваат природата и распонот на можното варирање на соодветното својство во кое остварениот фенотип се формира како резултанта на нивната интеракција со влијанието на средината. Зачетната клетка (зигот) со која почнува животот на иднивидуата ги содржи сите наследни основи на граѓата и на функцијата на возрасен организам, чии својства се обликуваат во сложен развоен процес на кој неизбежно влијае и надворешната средина.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]
|
- ↑ Alberts B., Johnson A., Lewis J., Raff M., Roberts K., Walter P. (2002):Molecular biology of the cell, 4th Edition Garland Science, New York, ISBN 0-8153-3218-1.
- ↑ Hartl D., Jones E. (2005): Genetics: Analysis of genes and genomes, 6th Edition, Jones & Bartlett, New York, ISBN 0-7637-1511-5.
- ↑ Krebs J. E., Goldstein E. S., Kilpatrick S., T. (2014): Lewin's Genes XI. Jones & Bartlett Publishing, Burlington, ISBN 13-978-1449-65985-1.
- ↑ Lawrence E. (1999): Henderson's Dictionary of biological terms. Longman Group Ltd., London, ISBN 0-582-22708-9.
- ↑ King R. C., Stransfield W. D. (1998): Dictionary of genetics. Oxford niversity Press, New York, Oxford, ISBN 0-19-50944-1-7; ISBN 0-19-509442-5.
- ↑ Lincoln R. J., Boxshall G. A. (1990): Natural history - The Cambridge illustrated dictionary. Cambridge University Press, Cambridge, ISBN 0 521 30551-9.
- ↑ Bajrović K, Jevrić-Čaušević A., Hadžiselimović R., Ed. (2005): Uvod u genetičko inženjerstvo i biotehnologiju. Institut za genetičko inženjerstvo i biotehnologiju (INGEB), Sarajevo, ISBN 9958-9344-1-8.
- ↑ Kapur Pojskić L., Ed. (2014): Uvod u genetičko inženjerstvo i biotehnologiju, 2. izdanje. Institut za genetičko inženjerstvo i biotehnologiju (INGEB), Sarajevo, ISBN 978-9958-9344-8-3.
- ↑ Hadžiselimović R. (2005): Bioantropologija – Biodiverzitet recentnog čovjeka. Institut za genetičko inženjerstvo i biotehnologiju (INGEB), Sarajevo, ISBN 9958-9344-2-6.