Глен
Изглед
Глен (glen) е долина која е долга и длабока, често од ледничко потекло, во облик на буквата U. Честопати ваквата долина има вода. Зборот потекнува од ирскиот и шкотскиот гелски збор gleann (или glion или glan на мански). Како име на река, се смета дека зборот потекнува од велшкиот збор glan што значи „чист“, или пак од gleindid што значи „чистота“.
Поимот „глен“ честопати се јавува во географски поими како Големиот Глен во Шкотска, Гленротс во Фајф, Шкотска, Глендалох во Ирска, Глендаури во Австралија, Глен Норман во Канада и Глен Вејверли во Австралија.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Голем Глен
- „Монарх на гленот“ - позната слика од Едвин Лендиер
Оваа статија за топографски поим е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |