Прејди на содржината

Гликозилиран хемоглобин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гликозилиран хемоглобин
Дијагностика
MedlinePlus003640
eMedicine2049478
LOINC41995-2
Патека на гликација преку преуредување (во HbA1c, R е типично N-терминален валин)

Гликозилиран хемоглобин (хемоглобин A1c, HbA1c, A1C, или Hb1c) е форма на хемоглобин која се мери првенствено за да се идентификува тримесечниот просек на плазматската концентрација на гликоза. Тестот е ограничен на тримесечен просек бидејќи животниот век на еритроцитите изнесува четири месеци (120 дена).

При дијабетес мелитус повисоки концентрации на гликозилиран хемоглобин, укажуваат на лоша контрола на гликозата во крвта.