Прејди на содржината

Гостиварски дијалект

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гостиварски дијалект
Горнополошки дијалект
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-3
{{{mapalt}}}
Гостиварскиот дијалект на картата на македонските дијалекти.

Гостиварски дијалект или горнополошки дијалект — дијалект што спаѓа во подгрупата на западни и северозападни дијалекти на западното наречје на македонскиот јазик. Дијалектот се зборува во областа Горни Полог, односно во градот Гостивар со околните села, во соседната област Горна Река и во селата покрај брегот на Мавровското Езеро. Гостиварскиот дијалект е близок дијалект со кичевско-поречкиот дијалект и со реканскиот дијалект. Дијалектот е карактеристичен по тоа што нема поделба на машки и женски директен и индиректен објект.

Фонолошки одлики

[уреди | уреди извор]
  • Фиксиран акцент на третиот слог од крајот на зборот како во стандардниот македонски јазик.
  • Стариот ѣ е заменет со е
  • Отсуство на гласот х од фонолошкиот систем, комплетно заменувајќи го со в : страх – страв; прах-прав, бех-бев...
  • Употреба на а наместо јон и јен 
  • Согласната група цвь- добива резултат цу- : цути.

Морфолошки одлики

[уреди | уреди извор]
  • Лична заменка за прво лице еднина е ја.
  • Лична заменка за прво лице множина е мие.
  • Употреба на дативната кратка заменска форма за машки род во индиректен објект и за женски род : Дај му ја топкава на Тони / Дај му ја топкава на Ивона.
  • Скратување на наставката -ови во -ој кај едносложните именки од машки род: столови-столој, волови-волој.
  • Употреба на трите членови : човеков, човекон, човекот.
  • Се чува наставката кај глаголите во трето лице еднина: одит, јадет, гледат, спиет…
  • Употреба на глаголските форми со има/нема + глаголска придавка во среден род : Имам носено, немам јадено.
  • Жива употреба на формите на минатото неопределено свршено и несвршено време што е одлика во стандардниот македонски јазик: сум одел, не сум гледал, сум ја прочитал оваа книга.