Грам-негативни бактерии
Грам-негативни бактерии претставуваат бактерии чиј клеточен ѕид не се обојува со кристал-виолетова боја при боење по Грам. Најчесто кратко се означуваат како Gr (-).
Клеточен ѕид
[уреди | уреди извор]За разлика од Грам-позитивниот клеточен ѕид, Грам-негативниот клеточен ѕид содржи тенок пептидогликански слој прилепен за цитомембраната, кој е одговорен за неможноста на клеточниот ѕид да ја задржува кристал-виолетовата боја при деколоризација со етанол за време на боењето по Грам. Покрај ова, Грам-негативниот клеточен ѕид содржи надворешна мембрана составена од фосфолипиди и липополисахариди кои се во непосреден контакт со надворешната средина. Високиот полнеж на липополисахаридите дава целокупен негативен полнеж на Грам-негативниот клеточен ѕид. Хемиската структура на надворешната мембрана е често единствена до специфична за бактериските подвидови и е одговорна за многу антигенски својства на овие подвидови.