Грб на Непал
Грбот на Непал е официјален грб во оваа азиска држава. Денешниот дизајн на грбот го заменил претходниот кралски грб по Непалската граѓанска војна на 30 декември 2006 година.
Грбот на Непал е составен од бела силуета на картата на државата, каде во позадина се наоѓа венец од националното цвеќе, родендрон. Во подножјето на венецот се наоѓаат две раце, машка и женска, во ракување што ја симболизира родовата еднаквост во земјата на жолта позадина што го симболизира регионот Терај. Во внатрешноста на венецот се наоѓа приказ на Хималаите и зелените ридови на Непал. На врвот се наоѓа знамето на државата. Под грбот се наоѓа лента со санскритски натпис:[1]
- अपि स्वर्णमयी लंका न मे लक्ष्मण रोचते ।
- जननी जन्मभूमिश्च स्वर्गादपि गरीयसी ।।
или на македонски:
- Не се грижам за Ланка, Лакшмана, дури и да е направена од злато.
- Мајката и татковината на еден човек се повредни дури и од небото
Овој текст се поврзува со Рама, кога го посетил неговиот брат Лакшмана и кога изразил желба да остане во Ланка.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Непал ќе го менува новиот грб — Народен дневник (англиски)
- ↑ Pradip Bhattacharya, IAS "The problem of Janani janmabhumishca in Anand Math" Архивирано на 17 март 2006 г. July 20, 2002.
Поврзано
[уреди | уреди извор]
|