Дау Џонс 30
Дау Џонс (англиски: Dow Jones Industrial Average) — најпознат берзански индекс во САД.
Историја
[уреди | уреди извор]Индексот Дау Џонс е формиран во 1896 година. На почетокот, тој вклучувал само 12 акционерски друштва. Во тоа време, индексот се пресметувал како просек од цените на дванаесетте акции, односно тој се добивал така што збирот на цените на акциите се делел со 12. На тој начин, процентуалната промена на берзанскиот индекс, всушност ја покажува процентуалната промена на просечната цена на акциите вклучени во индексот. Денес, од почетните 12 акционерски друштва, само едно (Џенерал Електрик) е дел од индексот под своето оригинално име. На 1 октомври 1928 година, индексот бил проширен и оттогаш вклучува 30 акционерски друштва. Повеќето од големите акционерски друштва кои во минатото биле дел од Дау Џонс денес не се дел од индексот, како: Вестингхаус Електрик, Американ Шугар, Американ Тобако, Сиарс Робак, Крајслер, Бетлехем Стил, Мек Тракс, Вулворт, УС Стил итн. Во 1930 година, во индексот биле вклучени акциите на Истмен Кодак и на Гудјиар, во 1932 година — акциите на Кока-Кола, Проктер и Гембл и ИБМ, во 1939 година биле вклучени акциите на АТ&Т, во 1959 година, во индексот биле вклучени акциите на Тексако, во 1972 — акциите на Ексон, во 1985 — акциите на Мекдоналдс, во 1991 — акциите на Волт Дизни, во 1997 — акциите на Џонсон и Џонсон, во 1998 — акциите на Ситигруп итн.[1]
Структура и пресметка
[уреди | уреди извор]Дау Џонс го сочинуваат 30 акционерски друштва со вкупна пазарна капитализација од 7,5 трилиони долари. Во составот на Дау Џонс влегуваат следниве друштва: Microsoft, Apple, JP Morgan Chase & Co., Johnson & Johnson, Walmart, Visa, Procter & Gamble, ExxonMobil, Walt Disney, Home Depot, Verizon, Кока кола, Dow, Chevron, UnitedHealth, Merck & Co., Боинг, Cisco Systems, Интел, Pfizer, McDonald's, IBM, United Technologies, Најк, American Express, 3M, Goldman Sachs, Caterpillar, Walgreens Boots Alliance и Travelers.
Индексот се пресметува со методот на ценовнопондерирани просеци, при што акциите со повисоки цени имаат поголемо влијание врз индексот од оние со пониски цени. Оттука, промената на берзанскиот индекс го покажувал приносот што инвеститорот би го остварил доколку купил по една акција од 30-те акции вклучени во индексот.[2] Највисок пондер во индексот имаат акциите на „Боинг“, а по неа следуваат акциите на „Јунајтед хелт“.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Zvi Bodie, Alex Kane, and Allan J. Marcus, Investments (fifth edition). Boston etc.: McGraw-Hill Irwin, 2002, стр. 47-49.
- ↑ Zvi Bodie, Alex Kane, and Allan J. Marcus, Investments (fifth edition). Boston etc.: McGraw-Hill Irwin, 2002, стр. 48.
- ↑ www.cnbc.com (пристапено на 15.1.2020)