Прејди на содржината

Делхи

Координати: 28°36′36″N 77°13′48″E / 28.61000° СГШ; 77.23000° ИГД / 28.61000; 77.23000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Делхи
Сојузни територии на Индија / велеград
Национална престолнинска територија на Делхи
Лого на Делхи
Грб
Местоположба на Делхи во Индија
Местоположба на Делхи во Индија
Држава Индија
Основан6 век п.н.е
Основање на престолнина1911
Основање на сојузна територија1956
Основање на NCT1 февруари 1992
ПрестолнинаЊу Делхи
Окрузи11
Управа
 • ОрганВлада на Делхи
 • ГувернерАнил Баиџал
 • Главен министерАвринд Кеџривал (AAP)
Површина
 • Сојузни територии на Индија1 E+9_m²
 • Вода180 км2 (6,9 ми2)
Ранг31
Надм. вис.{{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „–“
 |1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „–“
}}
200–250 м
Население (2011)[1]
 • Сојузни територии на Индија16,787,941
 • Густина11,312/км2 (29,298/ми2)
 • Градскo[2]16,349,831 (2nd)
 • Мегаполис[1]11,034,555 (2nd)
 • Метро (2016)[3]26,454,000 (1st)
ДемонимДелхијци
Јазици
 • Официјален
 • Дополнителен официјален
GDP (2018–19)[5]
 • NominalПредлошка:INRConvert
 • Nominal Per CapitaПредлошка:INRConvert
 • Metro GDP/PPP$370 billion[6]
Час. појасIST (UTC+5.30)
PINs[7]110000–110099
Повик. бр.+91 11
ISO 3166IN-DL
Рег. таб.DL
HDI (2018) 0.746[8] (High) · 5th
Писменост (2011)86.21%[9]
Полов сооднос (2011)868 /1000 [9]
Мреж. местоdelhi.gov.in

Делхи ( хинди: दिल्ली ) — град во Индија, кој се наоѓа на специјална територија под контрола на централната влада на Индија.[10][11] Њу Делхи е седиште на индиската влада и се наоѓа во метрополитенската област на Делхи. Делхи бил главен град на неколку империи и има околу 60.000 споменици. Делхи имал стратешка позиција во северна Индија и доминирал но старите трговски патишта што се движеле од северозападна Индија до долината на Ганг. Поради тоа, Делхи долго бил значаен културен, политички и интелектуален центар. Поради големата имиграција, Делхи е еден од најбрзорастечките градови. Светската банка го прогласила Делхи за најзагаден во светот а истото било потврдено и во 2018 година, со истражувањето спроведено од две мониторинг организации во 61 град[12].

Топонимија

[уреди | уреди извор]

Постојат голем број митови и легенди поврзани со потеклото на името Делхи. Еден од нив потекнува од Дилу, крал кој изградил град на оваа локација во 50 пр.н.е. и го именувал по самиот себе.[13][14][15] Друга легенда тврди дека името на градот се заснова на хинди зборот, дили (лабаво) и дека така го нарекувале Томарците бидејќи железниот столб на Делхи имал слаба основа и морал да се преместува.[15] Според белешките на Панџаб, името на градот во времето на кралот Притвираџ било дили најверојатно изведено од стариот хиндиски збор „дил“ што значи еминентност. Дили подоцна станало дихли/дехли.[16] Некои историчари веруваат дека Дили или Дилика било оригиналното име на градот, додека други веруваат дека името би можело да потекнува од хундистанските зборови, дехлез или дехали. Двата поима значат „праг“ или „порта“ и симболични се за градот како порта до Гангетската рамнина.[17][18][19] Жителите се нарекуваат Делхијци.[20]

Историја

[уреди | уреди извор]

Ран средовековен период

[уреди | уреди извор]

Областа околу Делхи веројатно била населена пред вториот милениум п.н.е. и има докази за континуирано населување уште од 6 век п.н.е.[21] За градот се верува дека е на локацијата на Индрапрастха, легендарната престолнина на Пандавите во индискиот еп Махабхарата.[13] Според Махабхарата, оваа земја првично била огромно пространство на шуми наречена „Кандавапраста“, која била запалена за да се изгради градот Индрапрастха. Најстарите архитектонски наоди датираат од времето на Маурија (околу 300 п.н.е.); во 1966 година, во близина на Сриниваспори е откриен натпис на маурискиот император Ашока (273–235 п.н.е.). Во Делхи, можат да се најдат остатоци од неколку големи градови. Првиот од овие бил во јужниот дел на денешниот Делхи. Кралот Ананг Пал од династијата Томара го основал градот Лал Кот во 736 година. Притхвираџ Чауан го освоил Лал Кот во 1178 година и го преименувал во Кила Раи Питора.

Средновековен период

[уреди | уреди извор]

Кралот Притхвираџ Чауан бил поразен во 1192 од Мухамед Гури, муслимански освојувач од Авганистан кој се потрудил да го освои северниот дел на Индија. До 1200, отпорот на Хиндусите започнал да пропаѓа, па муслиманските напаѓачи биле победници. Новата доминација на турските муслимански династии во северна Индија ќе трае наредните пет века. На генералот на Гури, Кутб-уд-дин Ајбак, му била дадена одговорноста да управува со освоените територии на Индија. По смртта на Гури во 1206 г., неговите територии се распаднале, при што разни генерали преземале суверенитет над различни области. Кутб-уд-дин ја преземал контролата врз индиските поседи на Гори и ги поставил темелите на султанатот во Делхи и Мамелучката династија. Тој ја започнал изградбата на џамијата Кутаб Минар, најстарата џамија во Индија. Неговиот наследник, Илтутмиш (1211–1236), го утврдлил турското освојување на северниот дел на Индија.[13][26] Разија Султан, ќерката на Илтутмиш, го наследила како Султан на Делхи. Таа била првата и единствената жена која владеела со Делхи.

Во следните триста години, во Делхи владеела едноподруго турско-авганистанската династија Лоди. Тие изградиле неколку тврдини и градови кои се дел од седумте градови на Делхи.[27] Делхи бил главен центар на суфизмот во тек на овој период[28] Мамелучкиот Султанат (Делхи) бил соборен во 1290 година од Џалалудин Фируз Калџи (1290-1320). Султанатот во Делхи го достигнал својот врв за време на владеењето на Мухамед бин Туглук (1325–1351). Во годините по владеењето на Фироз Шах Тауглаг (1351–1388), Делхискиот султанат брзо почнал да ја губи својата позиција над северните провинции. Делхи бил освоен од Тамерлан во 1398 година,[29] кој масакрирал 100,000 заробеници.[30] Падот на Делхи продолжил под Саидската династија (1414–1451). Под авганистанската династија Лоди (1451-1526), ​​султанатот во Делхи ја вратил контролата врз Пенџаб и Гангетската рамнина за повторно да постигне доминација над Северна Индија. Сепак, закрепнувањето било краткотрајно и султанатот бил уништен во 1526 година од Бабур, основач на династијата Мугал.

Модерен период

[уреди | уреди извор]
Red Fort with the Indian Flag at the centre
Црвената тврдина, светско наследство на УНЕСКО, била главната резиденција на Мугалските императори скоро 200 години. Локацијата моментно ја користи премиерот на Индија за да се обрати на нацијата на Денот на независноста на Индија.

Бабур бил потомок на Џингис Кан и Тамерлан, од долината Фергана во денешен Узбекистан. Во 1526 година, тој ја нападнал Индија, го победил последниот султан на Лоди во Првата битка кај Панипат и го основал Мугалското царство кое владеело од Делхи и Агра[13] Мугалската династија владеела со Делхи повеќе од три века со пауза од шеесет години за време на владеењето на Шер Шах Сури и Хему од 1540 до 1556.[32] Во 1553, хиндуистичкиот крал Хему дошол на престолот на Делхи поразувајќи ги силите на мугалскиот цар Хумајун кај Агра и Делхи. Сепак Мугалците се вратиле на власт кога војската на Акбар го поразила Хему во тек на Втората битка кај Панипат во 1556.[33][34][35] Шахот Џахан го изградил седмиот град на Делхи кој го носи името Шахџаханбад, кој бил престолнина на Мугалското царство од 1638 и денес се нарекува Стариот град на Старо Делхи.[36]

По смртта на Ауранџеб во 1707 година, влијанието на Мугалското Царство брзо се намалило а хиндуистичкото царство Марата од висорамнината Декан добило на сила.[37] Во 1739, Мугалското царство ја загубило огромната битка кај Карнал од воено посупериорната персиска војска предводена од Надер Шах од Персија. По инвазијата, тој целосно го ограбил Делхи. Мугалското царство, сериозно ослабнато никогаш не можело да го надмине овој пораз и понижување, со што бил отворен патот за доаѓање на други напаѓачи, вклучително и на крајот Британците.[38][39][40]

Во 1757 година, авганистанскиот владетел, Ахмад Шах Дурани, го освоил Делхи. Тој се вратил во Авганистан, оставајќи го мугалскиот владетел Аламгир Втори во номинална контрола. Маратите повторно го окупирале Делхи во 1758 година, и биле под контрола сè до нивниот пораз во 1761 година во Третата битка кај Панипат кога градот бил заземен повторно од Ахмад Шах Дурани.[41]

Географија

[уреди | уреди извор]

Делхи се одликува со атипична верзија на влажна суптропска клима ( Кепен ) на границата на топла полупустинска клима ( Кепен ). Топлата сезона трае од 21 март до 15 јуни со просечна дневна висока температура над 39 °C (102 °F). Најтопол ден во годината е 22 мај, со просечна висока температура од 46 °C (115 °F) и ниска температура од 30 °C (86 °F) .[42] Студената сезона трае од 26 ноември до 9 февруари, со просечна дневна висока температура под 20 °C (68 °F). Најстуден ден во годината е 4 јануари, со просечна ниска температура од 2 °C (36 °F) и висока температура од . Во почетокот на март, насоката на ветерот се менува од северозапад кон југозапад. Од април до октомври времето е топло. Монсунот пристигнува кон крајот на јуни, заедно со зголемување на влажноста.[43] Краткотрајната, блага зима започнува кон крајот на ноември, го достигнува врвот во јануари и честопати е придружена со силна магла.[44]

Популација

[уреди | уреди извор]

Според неофицијалните резултати од пописот, градот имал население од 11.007.835 во 2011 година.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Делхи отсекогаш бил економски центар на северна Индија. Делхи бил најголемиот индустриски град во северна Индија. Во последно време услужниот сектор се развива брзо како резултат на високообразованата работна сила,која зборува на англиски јазик. Ова привлекло многу мултинационални компании, особено во информатичката технологија, телекомуникациите и банкарскиот сектор. Делхи привлекува многу луѓе од руралните области на Индија со подобриот животен стандард. Поради големата имиграција, Делхи е еден од најбрзорастечките градови во светот.

Делхи бил центар на неколку империи со различни религии. Затоа има единствена историја на мешање на различни култури. Стариот град е место каде што владетелите Могулските и муслиманските владетели изградиле неколку архитектонски чуда како што се џамијата Масџид и црвената тврдина на Делхи . Гробот на Хамајуун и минарето Кутаб се на списокот за светско наследство на УНЕСКО . Други значајни споменици се индиската порта и астрономската опсерваторија од 18 век, Јантар Мантар. Храмот Лотус е симбол на верската толеранција и единството на Делхи. Храмот Лотус е пример за модерна индиска архитектура. Најголемата џамија во Индија е џамијата Масџид. Повеќето луѓе во Делхи се хинуисти, а Берла Мандир е храм посветен на хинду-божицата на богатството.

Партнерски градови

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име census2011.co.in Delhi.
  2. „Delhi (India): Union Territory, Major Agglomerations & Towns – Population Statistics in Maps and Charts“. City Population. Архивирано од изворникот 2 March 2017. Посетено на 28 February 2017.
  3. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име UNcities2016.
  4. 4,0 4,1 „Official Language Act 2000“ (PDF). Government of Delhi. 2 July 2003. Архивирано од изворникот (PDF) на 4 March 2016. Посетено на 17 July 2015.
  5. „Gross State Domestic Product of Delhi“ (PDF). Planning Department, Government of Delhi. стр. 16. Посетено на 9 June 2019.
  6. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име gdp.
  7. „Find Pin Code“. Department of Posts. Посетено на 5 June 2019.
  8. „Sub-national HDI – Area Database“. Global Data Lab (англиски). Institute for Management Research, Radboud University. Архивирано од изворникот 23 September 2018. Посетено на 25 September 2018.
  9. 9,0 9,1 „Census 2011 (Final Data) – Demographic details, Literate Population (Total, Rural & Urban)“ (PDF). planningcommission.gov.in. Planning Commission, Government of India. Архивирано (PDF) од изворникот 27 January 2018. Посетено на 3 October 2018.
  10. „The Constitution (Sixty-Ninth Amendment) Act, 1991“. Ministry of Law and Justice, Government of India. Посетено на 23 ноември 2014.
  11. Habib, Irfan (1999). The agrarian system of Mughal India, 1556–1707. Oxford University Press. ISBN 978-0-19-562329-1. ... The current Survey of India spellings are followed for place names except where they vary rather noticeably from the spellings in our sources: thus I read "Dehli" not "Delhi ...
  12. НМ (2019-03-05). „Њу Делхи најзагаден град во светот во 2018 година“. Нова Македонија. Посетено на 2020-07-01.
  13. 13,0 13,1 13,2 13,3 „Chapter 1: Introduction“ (PDF). Economic Survey of Delhi, 2005–2006. Planning Department, Government of National Capital Territory of Delhi. стр. 1–7. Архивирано од изворникот (PDF) на 13 November 2016. Посетено на 21 December 2011.
  14. Bakshi, S.R. (1995) [2002]. Delhi Through Ages. Whispering Eye Bangdat. стр. 2. ISBN 978-81-7488-138-0.
  15. 15,0 15,1 Smith, George (1882). The Geography of British India, Political & Physical. J. Murray. стр. 216–217. Посетено на 1 November 2008. raja delhi BC
  16. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2020-07-01. Посетено на 2020-07-01.
  17. „A Dictionary of Urdu, Classical Hindi, and English“. Dsal.uchicago.edu. 1884. Архивирано од изворникот 16 October 2011. Посетено на 24 October 2011.
  18. Cohen, Richard J. (October–December 1989). „An Early Attestation of the Toponym Dhilli“. Journal of the American Oriental Society. 109 (4): 513–519. doi:10.2307/604073. JSTOR 604073.
  19. Austin, Ian; Thhakur Nahar Singh Jasol. „Chauhans (Cahamanas, Cauhans)“. The Mewar Encyclopedia. mewarindia.com. Архивирано од изворникот на 14 November 2006. Посетено на 22 December 2006.
  20. „Why developers charge a premium for upper storeys in Delhi/NCR region“. Economic Times. 5 August 2011. Архивирано од изворникот 27 January 2013. Посетено на 30 May 2012.
  21. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име asherhabit.
  22. Prabha Chopra (1976). Delhi Gazetteer. The Unit. стр. 1078.
  23. Finbarr Barry Flood, 2003, "Pillar, palimpsets, and princely practices" Архивирано на 30 септември 2016 г., Res, Xliii, New York University, p. 97.
  24. Mittal, J.P. (2006), History of Ancient India (4250 BCE to 637 CE) p. 675, ISBN 978-81-269-0616-1 (This author considers King Agrasen an actual historical figure)
  25. Mukherji, Anisha Shekhar (2002). The red fort of Shahjahanabad. Delhi: Oxford University Press. стр. 46. ISBN 978-0-19-565775-3. Архивирано од изворникот 27 March 2019. Посетено на 12 December 2018.
  26. India: Qutb Minar and its Monuments, Delhi“ (PDF). State of Conservation of the World Heritage Properties in the Asia-Pacific Region: : Summaries of Periodic Reports 2003 by property, Section II. UNESCO World Heritage Centre. стр. 71–72. Архивирано од изворникот (PDF) на 24 May 2006. Посетено на 22 December 2006.
  27. „Battuta's Travels: Delhi, capital of Muslim India“. Sfusd.k12.ca.us. Архивирано од изворникот на 23 April 2008. Посетено на 7 September 2009.
  28. Mobilereference (2007). Travel Delhi, India. History section. стр. 10. ISBN 9781605010519. Архивирано од изворникот на 2016-01-01. Посетено на 10 June 2012 – преку Google books.
  29. „The Islamic World to 1600: The Mongol Invasions (The Timurid Empire)“. Ucalgary.ca. Архивирано од изворникот на 16 August 2009. Посетено на 7 September 2009.
  30. Genocide: a history Архивирано на 1 јануари 2016 г.. W.D. Rubinstein (2004). p. 28. ISBN 978-0-582-50601-5
  31. „Under threat: The Magnificent Minaret of Jam“. The New Courier No 1. UNESCO. October 2002. Архивирано од изворникот 22 May 2006. Посетено на 3 May 2006.
  32. „Sher Shah – The Lion King“. India's History: Medieval India. indhistory.com. Архивирано од изворникот 12 December 2006. Посетено на 22 December 2006.
  33. Akbar the Great, Srivastva, A.L. Vol. 1, pp. 24–26
  34. Himu-a forgotten Hindu Hero," Bhartiya Vidya Bhawan, p100
  35. Kar, L. Colonel H.C. Military History of India Calcutta 1980, p. 283
  36. Mobilereference (2007). Travel Delhi, India. стр. 12. ISBN 9781605010519. Архивирано од изворникот на 2016-01-01. Посетено на 2020-07-01 – преку Google Books.
  37. Thomas, Amelia (2008). Rajasthan, Delhi and Agra. Lonely Planet. ISBN 978-1-74104-690-8.
  38. Later Mughal. Архивирано од изворникот 1 January 2016. Посетено на 2 June 2014.
  39. Boland-Crewe, Tara; Lea, David (2 September 2003). Territories and States of India. ISBN 9781135356255. Архивирано од изворникот 1 January 2016. Посетено на 2 June 2014.
  40. „Iran in the Age of the Raj“. Avalanchepress.com. Архивирано од изворникот 13 January 2011. Посетено на 11 March 2011.
  41. „In 1761, battle of Panipat cost Marathas Rs 93 lakh, say papers“. The Times of India. 17 December 2011. Архивирано од изворникот 29 October 2013. Посетено на 9 October 2013.
  42. „Average weather for New Delhi, India“. Weatherspark.com. Посетено на 2 јули 2013.
  43. „Climate of Delhi“. Delhitrip.in. Архивирано од изворникот на 2014-07-13. Посетено на 17 мај 2012.
  44. „Fog continues to disrupt flights, trains“. The Hindu. Chennai, India. 7 јануари 2005. Архивирано од изворникот на 2005-01-13. Посетено на 2020-05-08.