Прејди на содржината

Дигитален идентитет

Непроверена
Од Википедија — слободната енциклопедија

Дигитален идентитет е информација за субјектите што ги користат компјутерските системи за да претставуваат надворешен агент. Тие агенти можат да биде личност, организација, апликација или уред. ISO / IEC 24760-1 го дефинира идентитетот како „збир на атрибути поврзани со ентитет“. Информациите содржани во дигитален идентитет овозможуваат проценка и автентикација на корисникот кој комуницира со деловен систем на Интернет, без вклучување на човечки оператори.[1]

Дигиталните идентитети овозможуваат автоматизација на нашиот пристап до компјутерите и услугите што ги обезбедуваат и им овозможуваат на компјутерите да посредуваат во односите. Терминот „дигитален идентитет“ означува и одредени аспекти на граѓанскиот и личниот идентитет кои се резултат на широко распространетата употреба на идентитетските информации за претставување на луѓето во прифатлив и доверлив дигитален формат во компјутерските системи.[2]

Дигиталниот идентитет во денешно време често се користи на тој начини преку кој се бараат податоци за лица зачувани во компјутерски систем, со цел да бидат поврзани со нивниот граѓански или национален идентитет. Понатаму, употребата на дигитални идентитети е толку широко распространета што многу дискусии се однесуваат на „дигиталниот идентитет“ како цела колекција на информации генерирани од онлајн активностите на една личност. Ова вклучува кориснички имиња и лозинки, активности и архива од пребарувањата на Интернет, датум на раѓање, социјално осигурување и историја од интернет купувања.[3]

Кога дигиталниот идентитет содржи информации кои се јавно достапни и не се анонимни, другите можат да ги користат за откривање на граѓанскиот идентитет на таа личност. Во поширока смисла, дигиталниот идентитет е интернет верзија или аспект на социјалниот идентитет на една личност. Ова исто така може да се нарече и идентитет на Интернет. Со само-суверен идентитет (SSI) корисникот има средства за генерирање и контролирање на уникатни идентификатори, како и одреден објект за складирање на податоци за идентитет. Правните и социјалните ефекти на дигиталниот идентитет се комплексни и предизвикувачки. Сепак, тие едноставно се последица на зголемената употреба на компјутери и потребата да им се дадат на компјутерите информации што можат да се користат за идентификување на надворешни агенти.[4]

  1. vaan Es, Guus (5 June 2021). „The Future of Digital Identity“. Deloitte (англиски). Посетено на 2021-06-06.
  2. Emden, Toby (2021). „Why digital identity is now a board-level topic“ (PDF). KPMG international: 16.
  3. Bannett, Andrew. „Digital Identity: Where Are We, and Where Are We Going?“. Institute for Global Change (англиски). Посетено на 2021-06-06.
  4. Herneas, Christoffer. „Who gets to own your digital identity?“. TechCrunch (англиски). Посетено на 2021-06-06.[мртва врска]