Прејди на содржината

Дијадоси

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кралствата на Антигон, Птоломеј, Селевк, Лизимах и Касандар околу 305 гпне

Дијадоси (грчки. Diadochoi - наследници) биле генерали во македонската војска за време на Александар Македонски, кои после неговата смрт владееле со делови од териториите на големата Македонска Империја. Честопати дијадосите меѓусебно војувале со цел да завладеат поголема територија. После четириесетина години војни помеѓу дијадосите се формирале три позначајни династии:

Смртта на Александар

[уреди | уреди извор]

После смртта на Александар Македонски 323 п.н.е. империјата останала без наследник. Веднаш започнале и кавгите околу наследството. Мелегар и пешадијата го поддржувале Александровиот полубрат Филип III Аридеј. Главниот командант на коњаницата Пердика сметал дека треба да се почека раѓањето на сѐ уште неродениот син на Александар. Бил направен договор според кој Аридеј требало да биде крал (како Филип III) и заедно да владее со синот на Александар, кој требало да се роди. Според овој договор, Пердика станал регент, а Мелегар негов помошник. Набрзо Пердика го убива Мелегар и други позначајни војсководци и ја презема контролата во свои раце. Генералите кои го поддржувале Пердика за возврат добиле право да управуваат со сатрапиите:

Во источниот дел на македонското царство, Пердика ја задржал структурата на власт од времето на Александар Македонски.

Побуна во Грција

[уреди | уреди извор]

После веста за смртта на Александар, во Грција започнала побуната позната и како Ламиска војна (323 п.н.е. - 322 п.н.е.). Атина и другите градови прават опсада на Антипатар во Ламија. На припомош на Антипатар му дошол Леонат кој со својата војска успева да ја разбие опсадата, но во битките Грците успеале да го убијат Леонат. Борбите не престанале сè додека не дошол на припомош Кратер со својата поморска флота, кој успева да ги победи Атињаните во Битката кај Кранон на 5 септември 322 п.н.е.. После оваа битка Македонците повторно владеат со Грција.

Војни на дијадосите

[уреди | уреди извор]

Прва војна

[уреди | уреди извор]

Бракот на Пердика со Клеопатра, сестрата на Александар, предизвикал нова побуна кај македонските генерали со што се создале услови за започнување на првата војна на дијадосите (322 п.н.е. - 320 п.н.е.). Антипатар, Кратер, Антигон и Птоломеј се здружиле против Пердика. Повод за војната бил најден во кражбата на телото на Александар од страна на Птоломеј и пренесувањето на неговото тело во Египет. Во една од битките бил убиен Кратер. Додека Пердика бил убиен од страна на неговите генерали Селевк I, Антигон и Пејтон во текот на подготовките за инвазија врз Египет.

Птоломеј се спогодил со убијците на Пердика, со тоа што Пејтон и Архидеј ги прави регенти, а овие набрзо прават спогодба со Антипатар кој исто така станува регент. Антигон продолжува да владее со Фригија, Ликија и Памфилија. Птоломеј го задржува Египет, а Лизимах - Тракија, додека убијците на Пердика ги добиваат источните делови на македонското царство. Селевк I го добил Вавилон, Пејтон ја добил Медеја, а Антигон Елам со Суза. Антипатар ја задржува контролата над европскиот дел од македонското царство, додека Антигон со својата силна армија владее со источниот дел на македонското царство во Азија.

Втора војна

[уреди | уреди извор]

После смртта на Антипатар повторно избувнала војна, втора војна на дијадосите (319 п.н.е. - 315 п.н.е.). Антипатар наместо да му ја предаде власта на неговиот сопствен син Касандар, го именувал Полиперхон за регент. Од овие причини после неговата смрт помеѓу Касандар и Полиперхон започнуваат кавги во кои веднаш се вмешуваат и други. Касандар добил поддршка од Антигон и Птоломеј, а Полиперхон добил помош од Евмен. Полиперхон бил истиснат од Македонија, пребегнал во Епир и заедно со синот на Александар, ја добиваат поддршката на Олимпија, мајката на Александар, после што завладеале со Македонија. Брзо после тоа, Касандар повторно ја контролира Македонија и синот на Александар.

После големите битки, Евмен бил предаден и убиен од страна на неговите војници. Тоа го искористил Антигон кој станал уште помоќен господар над азискиот дел од Македонското царство.

Трета војна

[уреди | уреди извор]

Антигон станал премногу јак, што било сигнал за останатите дијадоси да се здружат против него, со што се создале услови за третата војна на дијадосите (314 п.н.е. - 311 п.н.е.). Птоломеј, Лизимах и Касандар се здружиле против Антигон. Антигон извршил инвазија над Сирија, која во тоа време била под власт на Птоломеј. Антигон врши опсада и на Тир повеќе од година дена. Полиперхон застанал на страната на Антигон. Птоломеј успеал да го победи синот на Антигон во Битката кај Газа 312 п.н.е.. Селевк I ја зацврстил својата контрола над Вавилон и останатиот дел на Македонското царство во Азија.

Антигон склопил примирје со Птоломеј, Лизимах и Касандар, а продолжил да војува со Селевк I, со намера да ги поврати изгубените источни делови од царството. Врши опсада на Вавилон 309 п.н.е., но после претрпениот пораз против Селевк присилен е да се повлече.

Касандар го убил синот на Александар Македонски, Александар IV, со што ја прекинува лозата на Аргеадите, која неколку векови владеела со Македонија.

Четврта војна

[уреди | уреди извор]
Поделба на Македонија околу 290 гпне

Во четвртата војна на дијадосите (308 п.н.е. - 301 п.н.е.), Птоломеј го проширил своето влијание врз Кипар и островите во Егејското Море, а Селевк I продолжил да го проширува своето влијание во источните делови од македонското царство. Антигон го испратил својот син Деметриј да ја освои Грција. Деметриј успеал да ја освои Атина во 307 п.н.е., после што врши инвазија врз Кипар, ја победува флотата на Птоломеј во Битката кај Саламина во 306 п.н.е..

Антигон се обидува во 306 п.н.е. да го освои и Египет, но најверојатно силна бура го спречува во таа намера. Деметриј, синот на Антигон, го запоседнува Родос во 305 п.н.е. кој бил бранет од Птоломеј, Лизимах и Касандар. На крај се постигнал компромис, Родос да го помага Антигон против сите непријатели освен против Птоломеј. Деметриј сега има одврзани раце и тргнува во нови походи во Грција, во кои го победува Касандар и го формира Хеленистичкиот сојуз, за да се одбранат грчките градови од непријателите.

Касандар моли за мир, но Антигон го одбива. Деметриј се обидува да ја заземе Тесалија, каде се бори против Касандар, кој пак на помош ги повикува своите сојузници. За да се изврши притисок над Антигон, Лизимах ја освојува западна Анадолија, но Антигон и Деметриј го изолираат во 301 п.н.е. близу Ипс. Селевк I доаѓа на помош и го спасува Лизимах. Селевк го победува Антигон во Битката кај Ипс, а во битка е убиен и самиот Антигон. Лизимах и Селевк I прават поделба на деловите од македонското царство во Азија кои биле под контрола на Антигон. Со оваа поделба Лизимах го добил западниот дел на Мала Азија, братот на Касандар ја добил Киликија и Ликија, а Селевк останатите делови.

Борба за Македонија

[уреди | уреди извор]

Таканаречената Борба за Македонија, се одвивала во периодот од 298 п.н.е. до 285 п.н.е. После смртта на Касандар 298 п.н.е., неговите синови се покажале како слаби војсководци. Еден од синовите на помош го повикува Деметриј, кој ја задржал контролата над Кипар, Пелопонез и многу други егејски острови, а ја зазел и Киликија и Ликија. Деметриј го убива синот на Касандар и самиот владее со Македонија (294 п.н.е.). Додека ја консолидирал својата власт над ново-освоените територии, останатите територии со кои владеел му ги презеле другите дијадоси.

Лизимах завладеал со западна Анадолија, Селевк I го завладеал поголемиот дел на Киликија, а Птоломеј ги освојува Кипар, Ликија и источна Киликија.

Набрзо Лизимах и Пир поттикнуваат нови немири во Македонија, па Деметриј ја напушта Македонија, власта во Грција ја презел Антигон II, синот на Деметриј. Деметриј се обидува да завладее со териториите на иситок. Но конечно Селевк I го фаќа Деметриј во 286 гпне.

Борба на Лизимах и Селевк

[уреди | уреди извор]

Борбата на Лизимах и Селевк се одвивала во периодот од 285 п.н.е. до 281 п.н.е. Лизимах и Пир заедно го протерале Антигон II од Атина во Тесалија, а потоа Лизимах го истерал и неговиот сојузник Пир од Македонија. Кога Лизимах го убил својот син, неговата жена отишла кај Селевк I. Селевк I го победува Лизимах во Битката кај Корупедија во Лидија 281 п.н.е..

Последици

[уреди | уреди извор]

Како последица на сите овие војни се формираат три династии кои владеат со териториите на македонското царство: