Државен пат 65 или ЕО65 — пат во Егејска Македонија, Грција. Го поврзува патот ЕО2 кај северозападното солунско преградие Додулари (Дијавата) со градот Кукуш. Најголем дел од патот е надграден, поврзувајќи го Солун со Дојран и Македонија, а воедно и со источната граница на Грција.
↑Напомена: Местата се наведени според нивните традиционални историски имиња во македонскиот јазик, а до нив во загради се дадени и денешните изменети (погрчени) имиња од практични причини, бидејќи како такви стојат на патните ознаки и карти. Исклучок од ова се поретките места кои не се разликуваат по име, новосоздадени доселенички населби, или пак управните единици кои не се наречени по постоечко традиционално населено место. Изворните имиња да ги пребарувате тука.