Експлорер 1
Лансиран: | 1 февруари 1958 во 3:48 по Гринич, од Кејп Каневерал LC-26A, со Јупитер Ц. |
Орбита: | 356 км x 2 548 км x 33,2° x 114,8 min. |
Испаднат од орбита: | 31 мај 1970 |
Експлорер 1, прв вештачки сателит на САД. Беше лансиран од базата Кејп Каневерал на 1 февруари 1958. "Explorer" на англиски значи "истражувач". Тежеше 13,97 килограми, од кои 8,3 килограми отпаѓаа на инструментација. Неговиот облик е прилагоден за да може да го собере во ракетата.
Инструментација
[уреди | уреди извор]Инструментите се наоѓаа во предниот дел од леталото. Поради малиот простор и барањата за што помала маса, најголема важност е придадена на ефикасноста на инструментите во него. Леталото содржеше Гајгер-Милерова цевка, за детектирање на протони и електрони (поголем дел од времето давала повеќесмислени резултати), сензори за температура, акустичен детектор за ударите од микроастероидите во шасијата, и детектор со жичена решетка за истата намена. Инструментите беа напојувани од живини батерии, кои самите тежеле 40% од целата тежина на товарот. Податоците од инструментите беа пренесувани на Земјата преку антени, една 60 миливатна диполна од фиберглас и четири 10 миливатни завртувачки антени, кои работат на 108,00 мегахерци и 108,03 мегахерци соодветно.
Тек и крај на мисијата
[уреди | уреди извор]На изненадување на експертите од мисијата, Експлорер 1 ја смени својата оска на вртење после лансирањето, поради дисипација на енергијата од флексибилните структурни елементи. Оваа придонело за дполнување на Елуриевата теорија за кинетика на тврди тела после цели 200 години. Гајгер-Милеровата цевка не работела како что треба, односно праќала најразлични резултати за зрачењето околу Земјата. Одлучено е дека ова се случува поради оптовареноста на самиот инструмент со големо зрачење, со што бил откриен Ван Ален радиајацискиот појас, и тоа е прогласено за најголемо откритие во тогашната Меѓународна Година на Геофизика. Овој појас всушност претставува наелектризирани честички заробени од магнетното поле на Земјата. Експлорер 1 испадна од орбита на 31 мај 1970 година.