Елдгјау
Елдгјау | |
---|---|
Кањонот Елдгја | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | варира: кањон до 800 метарs (2,625 ст) |
Заведена како | Список на вулкани во Исланд |
Координати | 63°58′00″N 18°36′33″W / 63.96667° СГШ; 18.60917° ЗГД |
Географија | |
Место | Исланд |
Геологија | |
Вид | Вулкански вентил на Катла |
Последен избув | 934 |
Елдгјау (исландски: Eldgjá, „огнена клисура“) — вулкан и кањон во Исланд. Овој, и вулканот Катла се дел од истиот вулкански систем на југот од земјата.
Сместен помеѓу Ландманалаугар и Киркјубејарклаустур, Елдгјау е најширокиот вулкански кањон на светот, приближно 40км долг и 600 метри широк. Тој бил откриен од Торвалдур Тородсен во 1893.
Првата документирана ерупција во 934 (или 939) [1] била најголемата базалтна поплава во историјата. Лавата се протега на 800 км2.[2] Се проценува дека 18 км3 на магма истекла од земјата.[3]
Во кањонот има водопад кој се нарекува Оуфајруфос. Природен мост преку водопадот исчезнал во 1993 поради преголемата вода од топењето на мразот.
Северниот дел на Елдгјау, вклучително Оуфајруфос и околината, бил дел од Националниот парк Ватнајекидл до 2011.[4]
-
Панорамски поглед кон североисток.
-
Поглед на крајниот југозапад на кањонот.
-
Црн песок и мов на патот за Оуфајруфос.
Историја
[уреди | уреди извор]Во неговата оригинална форма, пукнатината потекнува од голема историска еруппција во вулканскиот систем на Катла која започнала во 934[5]. За шест години ерупција, истекло 19,5 км3 на површина од 781 км2.[5] Количината произведена тефра се проценува на 1,5 км3 а производството на сулфур диоксид на 219 милиони тони.[5] Во Исланд, овој голем вулкански настан е веројатно второ најголемо базалтско таложење во Холоценот после тоа на Тјоурсау.
Библиографија
[уреди | уреди извор]Извор
[уреди | уреди извор]- Guðmundsson, Ari Trausti (1996). Volcanoes in Iceland (англиски). Рејкјавик: Vaka - helgafell. стр. 136. ISBN 9979-2-0348-X.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Albert Zijlstra (29 September 2016). „Eldgja: Eruption dating“. Посетено на 1 January 2017.
- ↑ Árni Hjartarson 2011. Víðáttumestu hraun Íslands. (The Largest Lavas of Iceland). Náttúrufræðingurinn 81, 37-49.
- ↑ „Katla: Eruptive History“. Глобална програма за вулканизмот. Смитсонова установа. (англиски)
- ↑ „Ósnortin víðerni og einstakar jarðmyndanir“ (исландски). Ministry for the Environment and Natural Resources. 29 July 2011. Посетено на 24 March 2014.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Program, Volcano Hazards. „Hawaiian Volcano Observatory“. volcanoes.usgs.gov. Посетено на 2017-12-13.