Ересунд
Ересунд Øresund / Öresund | |
---|---|
Ересундскиот мост преку протокот | |
Протокот помеѓу Данска и Шведска | |
Координати | 55°45′N 12°45′E / 55.750° СГШ; 12.750° ИГД |
Вид | проток |
Сливни земји | Шведска Данска |
Најг. должина | 118 км |
Најг. ширина | 28 км |
Најг. длабочина | 40 м |
Ересунд (дански: Øresund, шведски: Öresund, месно нар. Сундет) — проток помеѓу данскиот остров Зеланд и покраината Сканија во јужна Шведска. Во најтесниот дел, помеѓу Хелсингер (Данска) и Хелсингборг (Шведска), протокот е широк е само 4 км. Во околината се наоѓа регионот Ересунд кој е поделен помеѓу двете земји и брои 3,7 милиони жители.
Ересунд е еден од трите дански протоци што го поврзува Балтикот со Атлантскиот Океан преку Категат, Скагерак и Северното Море, како и еден од најпрометните водни патишта во светот.[1]
Протокот го пресекува Ересундскиот мост, отворен на 1 јули 2000 од шведскиот крал Карл XVI Густав и данската кралица Маргарита II. Помеѓу Хелсингборг во Шведска и Хелсингер во Данска непрестајно сообраќаат и траекти.
Историја
[уреди | уреди извор]Политичката контрола врз Ересунд отсекогаш била од големо значење во данската и шведската историја. Данска имала воена контрола на крајбрежната тврдина Кронборг кај Елсиноре на западната страна и Кернан и Хелсингборг на источната, сè до склучувањето на Роскилдскиот мировен договор (1658), кога источната страна ѝ припаднала на Шведска. Обете тврдини се сместени во најтесниот дел на протокот (4 км во широчина).
Во 1429 кралот Ерик Померански вовел пропусни давачки за минување на протокот кои важеле цели четири века, сè до 1857. Оваа давачка со векови била најважниот извор на средства на данската круна, обезбедувајќи му на кралот релативна независност од неговиот совет и аристократијата.
Позначајни острови
[уреди | уреди извор]Природни
[уреди | уреди извор]Вештачки
[уреди | уреди извор]- Гроен
- Миделгрундсфортрет
- Пеберхолм
- Флакфортрет
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Gluver, Henrik; Dan Olsen (1998). „2.7 Øresund Bridge, Denmark-Sweden“. Ship Collision Analysis. Rotterdam: A. A. Balkema. ISBN 90-5410-962-9.
Ересунд, како и Големиот Белт, е важна водна траса во меѓународниот бродски сообраќај помеѓу Северното и Балтичкото Море.
Литература
[уреди | уреди извор]- Menefee, Samuel Pyeatt, "The Sound Dues and Access to the Baltic Sea" in Renate Platzoder and Philomene Verlaan (уред.), The Baltic Sea: New Developments in National Policies and International Co-Operation (1996), стр. 101-32.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Ересунд“ на Ризницата ? |
- Ересунд-директ — информативен портал за месните жители
- „Ересундски трендови Архивирано на 25 март 2012 г.“ — информативен портал