Прејди на содржината

Ерик Картмен

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ерик Картмен е измислен лик од Американската анимирана телевизиска серија "Саут Парк"(South Park). Тој е еден од четирите главни ликови заедно со Стен Марш, Кајл Брофловски и Кени Мек Кормик, кој често е претставен како главен противник во серијата и спротивност на неговите пријатели, кои најчесто му се обраќаат со неговото презиме. Тој за првпат се појави на телевизија кога Саут Парк за првпат се емитуваше на 13 август 1997 година; претходно се појави во краткометражните филмови, "Духот на Божиќ", кои ги направија Треј Паркер и Мет Стоун во 1992 година (Исус против Фрости) и во 1995 година (Исус против Дедо Мраз).

Со гласот на Треј Паркер, Картмен е предебел, незрел, разгален, мрзлив,безобразен, злобен, расист, сексист, антисемитичар, социопат, нарцис и намуртен ученик од трето, а потоа четврто одделение, кој живее заедно со својата мајка во измислениот град Саут Парк, Колорадо, каде секојдневно доживува необични искуства кои не се типични за класичниот живот во мал град.

Картмен е еден од најпопуларите ликови во шоуто[1][2][3] и остана еден од најпрепознатливите телевизиски ликови, откако Саут Парк стана вистински хит за време на првата сезона. Паркер и Стоун го опишуваат ликот како „малиот Арчи Банкер“ и изјавуваат дека тој е нивниот омилен лик и оној со кој намногу се поврзани. За време на своите четиринасет сезони Саут Парк доби пофалби како и критики за склоноста на Картмен да биде политички некоректен и зачудувачки безбожен. Значајни соопштенија и телевизиски канали го ставија Картмен на нивните листи како еден од најсимболичните телевизиски и цртани ликови на сите времиња.

Улогата во Саут Парк

[уреди | уреди извор]

Картмен го посетува основното училиште во Саут Парк и е дел од третото одделение, во кое предава г. Гарисон. За време на првите 58 епизоди од серијата (1997 година до четвртата сезона во епизодата „Четврто одделение“, во 2000 година), Картмен и другите главни детски ликови се во трето одделение. Тој е единец , кој го воспитува неговата мајка Лејн Картмен, промискуитетна, самохрана мајка, која во епизодата Мајка му на Картмен сѐ уште е безобразана курва (1998 година) е претставена како меѓуполова, кога изјавува дека таа е таткото на Картмен. Во 14 сезона (2010 година) во епизодата „201“ се открива дека Лејн е всушност неговата мајка, а дека неговиот билошки татко е Џек Тенорман, измислен поранешен играч за Денвер Бронкос, кој Картмен го убива во петтата сезона (2001 година), во епизодата „Скот Тенорман мора да умре“ со што Картмен и Скот се полубраќа. Во неемитуваната епизода на Саут Парк, Картмен има татко чие име не е откриено.

Заедно со другите главни детски ликови од серијата, Картмен се разликува по тоа што тој е „дебелиот“, и неговата дебелина постојано е предмет за навреди од другите ликови за време на емитувањето на серијата. Картмен е постојано претставен како противник и негативец, чии дејства се почеток на настаните, кои се главни содржини во една епизода. Другите деца и соученици се оддалечени поради неговото нечувствително, сексистичко, расистичко, хомофобично, антисемитистичко, мрзливо, вообразено и многу несигурно однесување,[4][5][6][7][8] но понекогаш се под влијание на неговото наметливо, манипулативно и пропагандно глупирање.[9] Исплашен да не ја уништи својата репутација по загубата во тепачката со Венди Тестабургер во 12 сезона (2008), во епизодата „Најголемото шоу за рак на дојка“, Картмен дознава од неговите соученици дека нивното мислење за него е веќе на место од каде не може да оди подолу.

Кајл е Евреин, и често е цел на клетвите и антисемитичките навреди. Тие се непријатели од почетокот на серијата и со емитувањето на епизодите, нивното соперништво станува сѐ поголемо, бидејќи Картмен по навика го изложува Кајл на физичка опасност. Паркер и Стоун ја споредуваат нивната поврзаност со онаа на Арчи Банкер и Мајкл Стивик во комедијата на ситуацијата од 1970те во ==Сите во семејството==. Кајл има склоност да склучува сигурни облози со Картмен, но често ги губи, бидејќи неочекуваните дејства, кои Картмен ги ветува, се остваруваат. Во однос на тоа, мотивацијата на Картмен не е само парична добибка, туку опсесија за да го победи Кајл, замисла, која има најголем дел во вторичниот заплет во епизодата од три дела Земја на фантазијата (11 сезона, 2007 година). Навредите на Картмен за Стен се најчесто кога Картмен гордо ја изјавува неговата омраза за Стен и Кајл како дуо, а неговите омаловажувања за Стен како поединец се ограничени со неговата вознемреност поради чувствителноста на Стен, посветеноста кон животните и неговата врска со Венди.

И покрај тоа што не ги толерира другите култури, Картмен поседува вештина за изучување на странските јазици. Во епизодата „Моето идно јас и јас“, кога ја создава својата компанија „Здружение за одмазда на родителите“, тој зборува шпански јазик со неговите вработени, кои се од Шпанија. Иако јазикот го научил само од праикчна гледна точка, со цел подобро да ги искористи работниците. Не е чудно што тој зборува и германски јазик, најверојатно поради Нацистите и неговите рацистичи сфаќања. Тој зборува германски, облечен како Адолф Хитлер.

Картмен постојано го задева Кени, поради тоа што е сиромашен и го исмејува неговото семејство поради тоа што добиаат социјална помош. Исто така за време на нивните разговори употребува чудна пауза за да го потсети Кени дека го мрази. Злонамерните постапки на Картмен кон Батерс и врската која ја има дуото порасна во неодамнешните сезони на серијата. Ова е поврзано со интересот на Паркер,бидејќи сцените помеѓу Картмен и Батерс се оние кои тој најмогу сака да ги пишува. Во неколку епизоди главна е алчноста на Картмен и неговите шеми за брзо збогатување, иако неговите бројни обиди да стане богат генерално не успеваат. Неговиот огромен презир за хипиците служи за да ја исмее против културата од 1960те и нејзиното влијание во современото општество ја отсликуваат одбивноста на Паркер во вистинскиот живот за хипиците. Иако улогата по навика ја преземаат Стен и Кајл, Картмен понекогаш е тој што размислува за научените лекции за време на траењето на епизодата, со говор кој често започнува со: „Знаеш, јас научив нешто денес...“.[10]

Создавање и дизајн

[уреди | уреди извор]

Претходник на првото појавување на Картмен во првата Духот на Божиќ, преименувана Исус против Фрости, ја направија Стоун и Паркер во 1992 годна додека студираа во Универзитетот во Колорадо. Во краткометражната епизода Картмен всушност се викаше Кени, и кога злобниот снешко го уби ликот кој го претставуваше Картмен, се појави популарната фраза „О Господе, тие го убија Кени!“. Ликот беше составен од исечоци од колаж, анимирани преку употребата на запирање на движењето. Кога три години подоцна, нивниот пријател Брајан Гарден ги задолжи да направат друга краткометражна епизода како Божиќна честитка во форма на видео, која ќе можат да им ја пратат на пријателите, Паркер и Стоун направија друга слична анимирана епизода Духот на Божиќ, преименувана Исус против Дедо Мраз. Во оваа краткометражна епизода, ликот првпат се појавува како што е и во серијата, неговото име е „Картмен“, додека ликот на Кени се појавува како ликот што се појавува денеска со прекарот на Картмен од претходната краткометражна епизода.

Картмен потоа се појавува на 13 август 1997 година, кога Саут Парк дебитираше на Комеди Централ со епизодата „Картмен добива анален тест“. За да се зачува анимираниот стил на серијата, Картмен е составен од едноставни геометриски форми и основни бои. Тој ја нема истата слобода на движење поврзана со слободно-нацртаните ликови, неговиот лик е најчесто претставен од една страна и неговите движења се намерно непрекинати. Од втората епизода на серијата, „Здебелување 4000“ (прва сезона, 1997 година), Картмен како и сите други ликови во серијата беше анимиран со помош на компјутерски софтвер, иако тој е претставен за да се добие впечаток дека серијата уште ја употребува оригиналната техника.

Картмен носи зимска облека: црвена јакна, кафени панталони, жолти ракавици и тиркизна плетена капа со жолта боја на рабовите и жолто топче на врвот. Има кафена коса разделена на патец и тој за разлика од другите ликови најчесто ја вади капата и прави најразлични фризури. Бидејќи е предебел, неговото тело е широко, неговите раце се значително подолги и неговата глава има поокругла форма во однос на другите глави на децата. Дополнителна заоблена линија на неговото лице е вториот подбрадок. Иако Паркер го користеше својот глас за Картмен без компјутер, тој сега го прави тоа преку зборување во рамките на својот нормален глас со детско менување на гласот. Снимениот звук го монтира заедно со про-алатки и нивото се менува за да може гласот да звучи како на дете од четврто одделение. Паркер вели дека за да се постигне ефектот на гласот на Картем, тој едноставно ја употребува истата техника кога го снима Стен ,но „додава многу дебелина на сето тоа“.

Ликот на Картмен и неговото име се направени по соученикот од средно училиште на Паркер, Мет Картмен, кој им е пријател и на Паркер и на Стоун. Ликот на Картмен е инспириран и од патријархот Арчи Банкер од серијата Сите во семејството, а Стоун и Паркер му се големи обожаватели. Тие изјавија дека по воведувањето на политичката коректност во телевизијата во доцниот 20век, со претставувањето на Картмен како „мало осумгодишно дебело дете“, им е полесно да претстават лик сличен на Банкер. Додека го создаваа ликот, Паркер забележа дека сите го паметат „дебелото досадно дете од нивнито минато“ или „тие биле досадното дебело дете“. Стоун забележал дека „децата не се мили, невини, мали виножита, кои сакаат цвеќиња(...) тие немаат никаков социјален осет за етика, тие се совршени, мали нескротливи копилиња“.

Во петтата сезона (2001 година), во епизодата „Скот Тенорман мора да умре“, Картмен, чувствувајќи се целосно измамен за 16 долари, од локално дете од деветто одделение кое се вика Скот Тенорман, успешно извршува детален план за јавно да го понижи Скот пред неговиот омилен бенд Radiohead, но не пред да ги убие неговите родители и потоа да го измами да ги изеде.

Сценаристите на серијата за време на изработувањето на епизодата разговараа дали оваа случка е или не е „преголем залак, дури и за Картмен“. Паркер чувствуваше дека сцената може да биде кулминација на социопатското однесување на Картмен и дека ќе „постави нова препрека“ со претставувањето на Картман како способен да изверши еден вид на убиство. Обожавателите реагираа со рангирање на „најголемиот момент на Картмен“ во анкетата од 2005 година на веб блогацијата на Комеди Централ. Подоцна е откриено дека Џек Тенорман, таткото на Скот, е татко и на Картмен, со што ова убиство е таткоубиство. Покрај тоа што е основата за Стен и Кајл, Картмен им е омилен лик на Паркер и Стоун, и оној во кој најмногу се препознаваат.

Личност и одлики

[уреди | уреди извор]

Картмен е безобразен, (како и неговите пријатели) и со него Паркер и Стоун го искажуваат своето мислење за тоа како навистина разговараат децата кога се сами. Според Паркер, Картмен не ја поседува „основната хармонија“, која ја имаат останатите детски ликови во серијата. Картмен се забавува со телесни функции и шеги за тоалет, а неговите омилени телевизиски личности се Теренс и Филип, канадско дуо чии комични навики во нивното шоу-во-рамките-на шоуто во суштина се поврзани со шеги за прдење. Картмен не ја признава својата дебелина и често ја нагласува забелешката на Лејн, извикувајќи: „Јас не сум дебел, имам широки коски!“. Тој се гледа себеси како позрел од неговите другари и соученици, и често е нетрпелив кога е во нивно друштво. Ова често води до гласни караници, кои во постарите сезони завршуваат со Картмен кој разлутено вели : „Кој ве ебе......си одам дома!“. Во една акција на Кралскиот колеџ професорот по филозофија Дејвид Кајл Џонсон го опиша како „директен во остварувањето на својата среќа или на туѓата несреќа“, Картмен често глуми вистинско пријателство со своите соученици кога му треба услуга.

Недостатокот на татко во неговиот живот, промискуитетноста на Лејн и употребата на наркотици ги предизвикаа психолошките тешкотии во неговиот живот. Лејн, како родител, го разгалува Картмен и е многу неефективна во улогата на воспитувач. Понекогаш Картмен ѝ наредува да извршува задачи за него, но најчесто и се потпикува со молење. Кога веќе ниту еден начин не успева, тој почнува со претерано и неразбирливо плачење, пред кое Лејн се предава. Паркер забележал дека ова е основната причина за однесувањето на Картмен, изјавувајќи дека Картмен е „производ на неговата животна средина“.

Картмен сака да постигне надмоќност над другите и ја искажува својата волја со демагодија и бара другите да го „Почитуваат неговиот авторитет!“, акцентирајќи го последниот слог од „авторитет“. Тој покажа иницијатива во водење на професионален пристап за заработување пари, формирајќи ја својата „контрола за хипици“ и акции за „одмазда на родителите“. Антисемитизмот на Картмен, кој е најчесто за зафркавање на Кајл, кулминира во осмата сезона (2004 година), во епизодата „ Страста на Евреинот“. Во епизодата, Картмен, откако многупати го гледа филмот Страста на Христијанинот, го обожава режисерот Мел Гибсон и формира официјален клуб на обожаватели на Гибсон, величејќи го Гибсон, поради „обидот преку кино да ги искаже ужасот и подмолноста на Евреите“. Картмен се внесува толку во интерпретацијата на филмот, што се облекува како Адолф Хитлер и ги води другите членови на клубот (кои очигледно не се свесни за вистинските намери на Картмен) во неуспешен напор да ги вовлече во систематски геноцид на Евреите, сличен на тој од Конечната одлука. Во 10 сезона (2006 година), во епизодата „Аларм за надуени“, Картмен анонимно го спасува Кајл, со цел да го донесе него и неговото семејство назад во Саут Парк од Сан Франциско, откривајќи дека тој копнее за нивното непријателство.

Откако ги слуша неговите пријатели како му велат дека тие воопшто не го почитуваат, тврдоглавиот Картмен тоа го сфаќа како обид да му помогнат да се чувствува подобро и упорно се убедува себеси дека сите за него мислат дека е „најкул дете во училиштето“. Во 13 сезона (2009 година), во епизодата „Стапчиња од риба“, Картмен потсвесно верува дека тој сам смислил шега, која брзо станува светска сензација, и покрај фактот дека ликот Џими Валмер ја направи шегата без никаква помош. Карлос Делгадо од списанието If, забележа дека „Картмен е толку себичен, што ги манипулира со минатото за да ги постигне своите цели“. Во приказната од 14 сезона, која кулминира во „Кун против Кун и пријателите“, Картмен ги здружува силите со црниот господар Катулу (кој сака да го претвори во „Пријател на Кун“) и уништува сè што мрази: синагоги, целиот пазар на продавниците за органска храна, хипиците и нивниот фестивал ‘’Burning Man”и Џастин Бибер, верувајќи дека го прави светот подобро место за живеење.

Културно влијание

[уреди | уреди извор]

Картмен е фаворит на Саут Парк и често го опишуваат како најпознатиот лик од серијата. Со наслов во својата онлајн пишана верзија на радио извештај, NPR (национално јавно радио) го прогласи Картмен за „Омилениот мал $@#&*% на Америка“. „Почитувај го мојот авторитет!“ и „Кој ве ебе.....си одам дома!“, станаа препознатливи фрази и за време на првите епизоди на серијата беа многу популарни во речникот на гледачите. Неговиот ексцентричен изговор на „Ејјј!“ беше вклучен во изданието на Оксфордскиот речник на заразни фрази од 2002 година. Стоун изјави дека кога обожавателите го препознаваат него или Паркер, тие најчесто најчесто го имитираат Картмен или во случајот на Паркер, го замолуваат тој да зборува како Картмен. Во 2005 година, Комеди Централ направи маратон, кој траеше три ноќи, на епизоди за кои гласачите мислат дека се „25 најславни моменти“.

Во 2008 година беше објавена ДВД колекција од два компактни диска, наречени „Култот на Картмен“ и Комеди Цетрал ги опиша како „12 класични епизоди со најлошата страна на Картмен!“. Во анкетата која ја спроведе NatWest Bank во 1999 година, деца од осум и девет годишна возраст го изгласаа Картмен за најомилен лик. Ова ја зголеми грижата на неколку совети на родители, кои на врвот на листата очекуваа лик од телевизиска серија, кој е наменет за деца, на кое Стоун одговори дека резултатите од анкетата се „загрижувачки за луѓето кои имаат совршена претстава за тоа какви се децата“. Паркер и Стоун секогаш покажуваат дека поради постапките и дијалозите на Картмен, неговите појавувања во Саут Парк не треба да ги гледаат мали деца, и велат дека е потврдено со телевизиски рангирања дека серијата е наменета за повозрасната публика. Додека некои луѓе од Еврејската заедница го сметаат описот на серијата за антисемитизмот на Картмен кон Кајл, како средство за прецизно претставување на тоа како му е на еден мал Евреин, како етничко малцинство да се справува со предрасудите, други Евреи ги обвинуваат Саут Парк и Картмен поради тоа што се опкружени со „прифатлив расизам“. На 20 ноември, 2008 година, се појави група на Фејсбук, наречена "National Kick a Ginger Day, are you going to do it?", предложувајќи злоупотреба на црвенокосите.

Кон групата се приклучија милиони интернет корисници и наскоро низ Канада се појавија зголемен број изјави на исплашени луѓе за заплашувањето на црвенокосите. Администраторот на оваа група, 14 годишно дете од островот Ванкувер, изјави дека групата е направена како шега и се извини за навредата која ја предизвикал. Инспирација за групата беше епизодата „Џинџер деца“ од деветтата сезона (2005 година), во која Картмен ги поттикнува предрасусите за оние со црвена коса, бледа кожа и пеги, група на луѓе која тој ја нарекува „Џинџер“ и тврди дека тие се злобни и немаат душа. Другите ликови заедно ги пренесуваат лекциите кои ги учат од непријателските постапки кои Картмен често ги предизвикува и како резултат на ова децата ги кажуваат своите мислења за проблеми како што се законот за злосторство од омраза, граѓанските права и слободи, претераната религиска посветеност, контроверзноста за матичните клетки, употребата на анаболичките стереоиди, расправата за правото на самоубиство и предрасудите. Во епизодата „Војна на цртаните 2“, од 10та сезона (2006 година), Картмен планира да го искористи стравот на публиката од тероризам, со намера телевизијата Фокс повеќе да не ја емитува серијата Family guy (Семејно момче), серија која тој ја мрази, но Фокс планира да ја емитува епизодата во која се појавува Мухамед, без разлика на содржината.

Поради ова Кајл држи краток говор за етиката на цензурирањето, кое ги повторува ставовите на Стоун и Паркер за „или сѐ е во ред или ништо не е“, во однос на тоа дали една тема треба да се претстави во границите на сатирата. Мислењето на Картмен како и мислењето кое претставуваше одговор на неговите постапки, беа сфатени како изјави кои Паркер и Стоун сакаат да ги пренесат на публиката и овие мислења беа тема на многу критички анализи во медиумите и пишаниот свет. Книгата Саут Парк и филозофијата: Знаеш јас научив нешто денес, вклучува есеј во кој Џонсон ги употребува постапките и однесувањето на Картмен како примери кога се разговара за логичните проблеми на моралното зло, и уште еден есеј, кој го напиша професорот Марк Д. Вајт од College of Staten Island, ја цитираше епизодата „Љубовник на кокошки“ од втората сезона (1998 година), во која Картмен привремено имаше моќ за спроведување на законот, во тој разговор пишува за теоријата за владеење и она што ги принудува граѓаните да го почитуваат законот. Есеите во книгите Саут Парк и филозофијата: Поголем, подолг и попенетрирачки, Обвинете ја Канада!, Саут Парк и Современа култура и Сфатете го Саут Парк сериозно, исто така ги анализираат перспективите на Картмен во рамките на системот од популарни филозофски, теолошки, политички и социјални концепти. Паркер и Стоун го потценуваат изедначувањето на серијата со која и да е политичка врска и одбиваат да имаат политички план кога создаваат епизода. Како одговор на центарот на елементите на сатирата во Саут Парк, Паркер изјави дека главната цел е серијата да ги претстави Картмен и пријателите како „деца кои се само деца“, како средство за точно претставување „како е да се биде во (основно училиште) во Америка.“

Признанија

[уреди | уреди извор]

Картмен се најде на 10то место на листата „Топ 50 најдобри цртани ликови“[11] на TV Guide во 2002 година, 198ми на „200 најславни поп културни икони“ на VH1 и 19ти на листата „100 најдобри телевизиски ликови“ на телевизијата Bravo, во 2004 година. Кога го просласија за вториот најстрашен лик на телевизија, (по единствениот г.Барнс од Симпсонови), во 2005 година, Брајан Белмонт од MSNBC го опиша Картмен како „ збир од чисто, несозреано зло целото завиткано во дебел-подебел цртан пакет со широки коски“, кој „ чувствува подбивно задоволство кога прави лошо“.

Во другите медиуми

[уреди | уреди извор]

Картмен имаше главна улога во Саут Парк: Поголем, подолг и несечен долгометражниот филм, направен врз основа на серијата и се појави во тонскиот запис, пеејќи ги истите музички песни кои ги изведе во филмот. Како почит кон скечот за Мртвиот Папагал, краткометражен филм во кој Картмен се обидува да го врати мртвиот Кени во продавницата која ја поседува Кајл, беше емитувана во 1999 година на Би-Би-Си како посебно потсетување на 30 годишнината од Летечкиот циркус на Монти Питон. Картмен исто така се појави во докуметарниот филм Аристократите, раскажувајќи ја неговата верзија на главната шега на филмот за Стен, Кајл и Кени и во „Златната ракавица“, краткометражен филм, кој ги исмејува и Гладијатор и Земјата е бојно поле, кој се емитуваше за време на Ем Ти Ви МУзичките награди во 2000 година.

Во 2002 година Картмен стана главнен јунак во сериите на инапредените видеа за Los Angeles Kings на NHC, каде ликот ги исмејуваше маскотите на противничките тимови и претставуваше различни страни на играта. Беа покажани кратки видеа од претставувањето на Картмен за почетниот состав на фудбалскиот тим од Универзитетот во Колорадо за време на преносот на ABC во натпреварот од 2002 година помеѓу Универзитетот во Колорадо и Универзитетот во Небраска. Во 2008 година Паркер, глумејќи го Картмен, даде одговори за анкетниот лист Пруст, кој го спроведе Џули Роунер од NPR. Паркер се прикажува како Картмен во песните за Помош за Шефот: Албумот на Саут Парк и Божиќните класици на г. Хенки. Картмен исто така се појавува и во четири видео игри на Саут Парк: Саут Парк, играчот преку начинот на first-person shooter го контролира Картмен, чии обиди се да го спречи уништувањето на градот на Саут Парк од непријателите. Во Саут Парк: Љубовното гнездо на Шефот, корисникот има опција да игра со Картмен кога ќе учествува во другите „мини игри“ на играта, кои се направени врз основа на познати arcade games.

Во тркачката игра Саут Парк Рели, корисникот може да се трка со Картмен против другите корисници кои играат со другите ликови и може да одбира различни возила за Картмен. Во South Park let’s go tower defense play!, Картмен може да се одбере како лик кој може да се употреби за да се основа одбрана на кулата против противниците во играта. Во филмот Футурама- Високиот резултат на Бендер, може да се види главата на Картмен во тегла во музејот Хед ( Head Museum), додека Ларс и Лела на нивниот состанок го Хранат Чарлс де Гаул.

  1. Rovner, Julie (April 5, 2008). „Eric Cartman: America's Favorite Little $@#&*%“. NPR. Посетено на July 22, 2013.
  2. McKee, Ryan. „Top 10: Cartman Moments“. AskMen. Архивирано од изворникот на 2013-10-12. Посетено на July 22, 2013.
  3. Ramsey Isler; Jesse Schedeen (2014-02-28). „The Top 25 South Park Characters“. IGN. стр. 5. Посетено на 2014-03-19.
  4. Jonathan Groce (2003-04-18). „Entertainment and wartime make strange bedfellows“. The Johns Hopkins News-Letter. Посетено на 2009-05-09.[мртва врска]
  5. Dennis Lim (1998-03-29). „Television: Lowbrow and proud of it“. independent.co.uk. Посетено на 2009-05-09.
  6. Jesse McKinley (2003-04-10). „Norman Lear Discovers Soul Mates in 'South Park'. The New York Times. Посетено на 2009-05-09.
  7. Andrew Sullivan (2007-04-13). „South Park and Imus“. The Atlantic. Посетено на 2009-05-09.
  8. Arp and Miller, pp.177–88
  9. Arp and Johnson, pp. 213–23
  10. „List of "I've learned something today" quotes including relevant episode citations“. Архивирано од изворникот на 2009-06-27. Посетено на 2009-09-28.
  11. „TV Guide's 50 greatest cartoon characters of all time“. CNN. 2002-07-30. Архивирано од изворникот на 2005-04-04. Посетено на 2007-08-25.