Прејди на содржината

Ернандо де Сото

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ернандо де Сото (шпански: Hernando de Soto, Херез де лос Кабаљерос, Бадахос 1496 или 150021 мај 1542, Мисисипи (река) во Арканзас)[1] бил шпански морепловец, истражувач и конквистадор. Имал значајна улога во освајувањето на Панама, Никарагва и Перу заедно со Франсиско Писаро. Неговиот најголем потфат е експедицијата во Северна Америка, денешните САД,[2] каде отишол во потрага по Елдорадо.

Гравура на Ернандо де Сото

Животопис

[уреди | уреди извор]

Родителите на Де Сото биле припадници на пониско племство од Екстремадур, сиромашна област од која младите луѓе си заминувале за да стекнат богатство некаде на друго место. После откривањето на нови земји на запад, гласините за нивниот сјај и богатство биле премногу примамливи. Де Сото испловил во Новиот Свет во 1514 година со првиот гувернер на Панама Педро Аријас де Авила.

Неговата храброст, непоколебливата посветеност и лукавите планови за уценување на домородните села за откуп на заробените поглавици станале де Сотовите обележја во текот на покорувањето на Средна Америка. Исто така стекнал слава и како одличен коњаник, војник и командант, но запаметен е и по својата извонредна бруталност.

Точен датум на раѓањето на Ернанд де Сото не е познат. Тој во 1535 година кажувал дека имал околу 35 години, а во 1536 година тврдел дека има околу 40 години. Дури како 14-годишно дете, благодарејќи на добрите семејни врски, отишол во Новиот Свет. Де Сото бил второроден син, од четирите деца на идалго Франциско Мендез де Сото и Леонора Аријас Тиноко. Де Сото знаел дека не може да смета на своето семејство што се однесува на материјална поддршка, па заминал на печалба. Му помогнал неговиот роднина Педро Руиз де Сото, познат учесник во реконкистите на Севиља.

Де Сото пораснал во тешки услови, во сиромаштија и немаштија, во покраината Екстремадур, која се граничела со маварските територии, па воедно нејзините жители биле присилени од мали нозе да учат воени вештини. Имајќи го тоа предвид, не е случајност што најпознатите конквистадори и колонизатори потекнувале токму од Екстремадур — Ернан Кортес, Франсиско Писаро и Васко Нуњес де Балбоа.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. Morison, Samuel (1974). The European Discovery of America: The Southern Voyages, 1492–1616. New York: Oxford University Press.
  2. Точниот пат на де Сотовата експедиција не може да се утврди, постојат повеќе варијанти. Најверојатна варијанта е дека проаѓала низ денешните сојузни држави Флорида, Џорџија, Мисисипи, Тенеси, Мисури, Арканзас, Луизијана и Тексас.