Прејди на содржината

Ерос (митологија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ерос
Статуа на Ерос (Eros Farnese) во мермер, Помпеја, Археолошки музеј, Неапол, Италија [1]
Бог на љубовта, страста и сексуалната привлечност
ЖивеалиштеОлимп
СимболЛак и стрела, Крилја
СопружникПсиха
РодителиАфродита и Арес
ДецаХедона
Јава наОлимп
Римски панданКупидон

Ерос (грчки: Έρως, латински: Amor, Cupido) во старогрчката митологија бил бог на љубовта, страста и сексот. Некои митови Ерос го прикажуваат како еден од исконските богови, додека според други, тој е син на Афродита и на Арес или Хефест. Во римската митологија, еквивалент на Ерос е Купидон.[2] Ерос на почетокот бил бог на љубовта и сексот. Неговото име денеска честопати се користи за зборови поврзани со еротика. Слично како ѝ Дионис, така и Ерос често бил нарекуван како Елефтер (Ослободител).

Според митологијата, Ерос, кој бил налутен на Аполон, бидејќи се пошегувал со него поради неговите способности да стрела, го принудил да се вљуби во нимфата Дафне. Таа пак го помолила на Пиниј да и помогне да ја претвори во лаврово дрво, кое по ова станало свето за Аполон.

Исконски бог

[уреди | уреди извор]

Според Хесиод (околу. 700 п.н.е), еден од најстарите грчки пишани извори, Ерос (богот на љубовта) бил четвртиот бог кој се создал после хаосот, Геја (Земјата) и Тартар (Бездната на подземниот свет).[3]

Хомер не го споменува Ерос. Од друга страна, Парменид (ок. 400 п.н.е), еден од предсократовските филозофи, го прикажува Ерос како првиот од сите богови што постојат.[4]

Орфичките и елефсинските мистерии го сметале Ерос за исконски бог, но не и најпрвичен, бидејќи бил дете на Никта (Ноќ).[5] Аристофан (околу. 400 п.н.е), под влијание на Орфизмот, раскажува за раѓањето на Ерос:

На почетокот бил само Хаос, Ноќ (Никта), Темнина (Ереб), и Бездна (Тартар). Земјата, Воздухот и Небото не постоеле. Најпрво црнокрилестата Ноќ снесла јајце во бескрајниот мрак на Темнината, и оттаму, после долга временска епоха, се изродила убавата Љубов (Ерос) со златни крилја.[6]

Раѓањето на Ерос

[уреди | уреди извор]

Освен тврдењата дека Ерос се родил во свеопштото јајце и дека бил првиот од сите богови и дека ниту еден друг не можел да биде роден пред тој да настане, постои и преданието дека Ерос бил син на Афродита и Хермес или Ареј, па дури и со Зевс. Во некои приказни прикажан е како палаво дете без почит кон возрасните или врсниците. Постојано летал со своите златни крилја и со стрелите ги прободувал срцата на жртвите кои станувале вљубени и несопирливи во страста.[7]

Илустрација од книгата Златно магаре на Апулеј и приказната за Купидон и Психа. 1800 година

Приказната за Ерос и Психа

[уреди | уреди извор]

Приказната за Ерос и Психа (во латинска верзија Купидон и Психа, односно, приказна за љубовта и душата) има долга традиција како усна фолклорна легенда во грчко-римскиот свет пред да биде запишана во книжевноста во новелата Златно магаре на Апулеј.[8] Самата новела е напишана на питорескен римски стил, сепак Психa го задржала своето грчко име. Ерос и Афродита се нарекуваат со нивните латински имиња (Купидон = Ерос и Афродита = Венера). Ерос е прикажан како младич а не како дете.[9]

Афродита била љубоморна на смртната Психа заради убавината, па му наредила на Ерос да ја погоди во срцето. Но, кога Ерос ја видел убавата Психа, веднаш се вљубил во неа, и секоја ноќ ја посетувал. Доаѓајќи кај неа, тој ѝ наредувал да го гаси светлото за да не го види. По одредено време таа се вљубила во Ерос, и покрај тоа што не знаела како изгледа и кој е. Една вечер, одлучила да дознае кој е нејзиниот миленик, па кога Ерос заспал запалила светло. Капка масло капнало од светилката и го разбудила Ерос, кој веднаш одлетал. Долго време после ова, таа талкала да го најде саканиот, за да на крајот да побара помош од Афродита. Најпосле, Зевс ја прифатил нивната љубов и им дозволил да се венчаат. На тој начин Психa влегла во божествениот свет. Заедно тие добиле ќерка, Волупта или Хедона („физичко задоволство“).[10]

Во старогрчката митологија, Психa била деификација на човечката душа. Во античките мозаици е прикажана како божица со крилја од пеперутка (бидејќи психa бил исто така и старогрчки збор за 'пеперутка'). Грчкиот збор ψυχή , буквално значи "душа, дух, здив, живот или животна сила"[11].

Ерос како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]


  1. A. Corso, Concerning the catalogue of Praxiteles’ exhibition held in the Louvre. Conference paper presented at ИНДОЕВРОПЕЙСКОЕ ЯЗЫКОЗНАНИЕ И КЛАССИЧЕСКАЯ ФИЛОЛОГИЯ – XI June 2007; p. 159
  2. Larousse Desk Reference Encyclopedia, The Book People, Haydock, 1995, p. 215.
  3. Hesiod, Theogony 116–122 in The Homeric Hymns and Homerica with an English Translation by Hugh G. Evelyn-White, Cambridge, MA., Harvard University Press; London, William Heinemann Ltd. 1914.
  4. "First of all the gods she devised Erōs." (Parmenides, fragment 13.) (The identity of the "she" is unclear, as Parmenides' work has survived only in fragments.
  5. See the article Eros at the Theoi Project.
  6. Aristophanes, Birds, lines 690–699. (Translation by Eugene O'Neill, Jr., Perseus Digital Library; translation modified.)
  7. Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 55.
  8. „Psyche | classical mythology“. Encyclopedia Britannica (англиски). Посетено на 2017-11-13.
  9. Apuleius, The Golden Ass (Penguin Classics).
  10. „Myth of Eros and Psyche - Greeka.com“. Greeka (англиски). Посетено на 2017-11-13.
  11. „ψυχή - Wiktionary“. en.wiktionary.org (англиски). Посетено на 2017-11-13.
  12. Доналд Бисет, Разговори со еден тигар. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993, стр. 36-37.
  13. Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 89-91