Етика (Спиноза)
Етика (лат. Ethica, ordine geometrico demonstrata, „Етика, прикажана на геометриски начин“) — филозофско дело од холандскиот мислител Барух Спиноза. Оригиналот е на латински. Иако книгата е издадена посмртно, во 1677, ова е најпознатото дело на Спиноза, и се смета за негов магнум опус.
Во „Етика“ Спиноза се обидува да исложи „наполно издржан филозофски систем кој се стреми да ни прикаже целосна слика за стварноста и да ја разбере суштината на етичкиот живот. Следејќи постепен логички формат чекор по чекор, делото ја дефинира природата на Бога, умот, човековото робување на своите чувства, и моќта на сфаќањето -- разгледувајќи го вечното, размислува за местото на човекот во придорниот поредок, слободата, и патот кон досежната среќа.“[1]
Стил
[уреди | уреди извор]Стилот и системот на книгата, според зборовите на Спиноза, е „прикажан на геометриски начин“ со предговори, дефиниции, аксиоми и леми. Потоа следат искази кои може да се состојат од белешки, докази и королари (следства). Тука се употребуваат и приложени додатоци со објасненија. Ваквиот формат на излагање го имитира Евклидовото дело „Елементи на геометријата“.
Германскиот филозоф Артур Шопенхауер тврди дека „Општо земено, Спиноза е виновен за голема грешка заради неговото намерна злоупотреба на зборови со цел да изрази концепти што целиот свет ги нарекува поинаку, а и, од друга страна, лишувајќи ги од значењата кое тие насекаде го имаат. Вака тој го нарекува „Бог“ она што секаде се нарекува „свет“; „правда“ она што насекаде се нарекува „моќ“; и „волја“ она што секаде се нарекува „расудување“."[2]
Белешки
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Латински оригинал — Vicifons (латински)
Оваа статија од областа на филозофијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |