Зазен
Зазен (кинески: зуо-чан[1]) е седечка медитација која се користи во зен-будизмот.
Се изведува во одредена седечка положба, со рамномерен ритам на дишење и во опуштена и неактивна состојба на духот. Умот едноставно се задржува во сегашниот момент, буден и свесен.[1] Телото се држи исправено, со прекрстени нозе, задржан здив, додека умот е слободен од какви било придружувања, желби, поими и судови. Целта на зазенот е да достигне саториј.
Доген го свел будизмот на практикување на зенот или „седечка медитација“, каде што свесниот тек на содржината на умот се посматра без запирање на кој било поединечен предмет, сè додека не се смири и не се собере, не доживувајќи веќе никакво вплетување. Во оваа состојба е можно да се доживее пробудување.[2]
Литература
[уреди | уреди извор]- Kembridžova ilustrovana istorija religije, Stylos, Novi Sad. 2006. ISBN 978-86-7473-281-6.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Kembridžova ilustrovana istorija religije (pp. 94-97), Stylos, Novi Sad. 2006. ISBN 978-86-7473-281-6.
- ↑ Kembridžova ilustrovana istorija religije (pp. 98-105), Stylos, Novi Sad. 2006. ISBN 978-86-7473-281-6.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Instructions for Zen Meditation Архивирано на 18 октомври 2010 г.
- Zazen instruction Архивирано на 17 септември 2012 г. by Shohaku Okumura
- How to Sit Zazen Архивирано на 16 март 2015 г.