Заливска војна
Заливската војна (2 август 1990 – 28 февруари 1991) била воен судир помеѓу Ирак и коалицијата од 34 земји предводени од САД во подрачјето на Персискиот Залив.[1] Војната била одобрена од Обединетите Нации и нејзината цел била да се ослободи Кувајт по ирачката инвазија од 2-8 август 1990.
Протерувањето на ирачките трупи од Кувајт започнало на 15 јануари 1991. и траело само еден и пол месец: коалиционите сили биле толку воено надмоќни, што Ирак брзо бил принуден да ги повлече своите војски и да се согласи со мировен договор кој вклучувал:
- Забрана за воени летови над сопствената територија северно од 36. и јужно од 32. паралела. Забрана за користење на противвоздушната одбрана против летови на сојузниците над овие области на Ирак;
- Целосна и постојана инспекција на воените постројки и капацитети на Ирак од страна на ОН;
- Забрана за развој и употреба на оружје за масовно уништување;
- Плаќање на отштета кон Кувајт и кон сојузничките сили за штетите и трошоците од војната;
- Економски санкции до исполнувањето на сите услови од мировниот договор (кон кои Ирак никогаш потоа целосно не се придржувал).
Покрај тоа, уништувањето на земјата било огромно: биле убиени помеѓу 20.000 и 100.000 ирачани, а главните индустриски капацитети и инфраструктурата на земјата биле тешко оштетени. По војната, Ирак бил во состојба да произведува само 1/4 од количеството на електрична енергија што го произведувал пред војната.
Сојузниците се повлекле од Ирак, бидејќи не сакале да го нападнат Багдад и да го урнат насилно Садам Хусеин. Тие се надевале дека тешката економска состојба и поразот во војната ќе предизвикаат внатрешни конфликти и побуни, но режимот на Садам Хусеин успеал да се консолидира и да се одржи на власт сè до Ирачката војна од 2003 г.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „CNN.com In-depth specials - Gulf War“. CNN. 2001. Архивирано од изворникот на 2007-05-10. Посетено на 2008-04-10.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|