Прејди на содржината

Зборовите (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Зборовите“
Режисер
Продуцент
Сценарист
  • Брајан Клагмен
  • Ли Стернтал
Главни улоги
МузикаМарсело Зарвос
КинематографијаАнтонио Калваш
МонтажаЛесли Џоунс
Студио
  • „Animus Films“
  • „Benaroya Pictures“
  • „Serena Films“
  • „Waterfall Media“
Дистрибутер„CBS Films“
Премиерајануари 27 2012 (2012-01-27) (Sundance Film Festival)
септември 7 2012 (2012-09-07) (United States)
Времетраење96 минути
ЗемјаСоединетите Америкнски Држави
Јазиканглиски
Буџет6 000 000 американски долари
Бруто заработка13 231 461 американски долари

Зборовите (англиски: The Words) е романтична драма, со сценарио и режија на Брајан Клагмен и Ли Стернтал во нивното режисерско деби. Главните улоги ги играат Бредли Купер, Зои Салдана, Оливија Вајлд, Џереми Ајронс, Бен Барнс, Денис Квејд и Нора Арнезедер.

Кратка содржина

[уреди | уреди извор]

Клејтон Хамонд (Денис Квејд) е еден познат писател, којшто присуствува на јавната најава на неговата нова книга „Зборовите“, којашто се фокусира на еден амбициозен писател Рори Џенсен (Бредли Купер). Тој живее во Њујорк, заедно со својата девојка Дора (Зои Салдана). Рори наоѓа работа како поштенски раководител во една книжевна агенција, со помош на татко му и се обидува да го продаде својот прв роман, но издавачите постојано го одбиваат.

Рори и Дора живеат заедно и после некое време се венчаваат. Додека се на меден месец во Париз, Дора му дава подарок на Рори, а тоа е една стара акт-чанта од антикварница. Кога се враќа во Америка, Рори, во акт-чантата наоѓа стар, но маестрално напишан ракопис во којшто главниот лик е по име Џек. Рори го пишува ракописот на својот лаптоп. Еднаш, додека Дора седи на лаптопот , случајно го наоѓа романот и го чита. Таа мисли дека Рори го напишал романот и го охрабрува да се сретне со издавачот Џозеф Катлер (Жељко Иванек), којшто постепено го чита ракописот и му нуди договор на Рори. Тој прифаќа. Книгата е хит, а Рори станува познат.

Во овој момент, Хамонд го прекинува читањето, прави пауза и оди зад сцената, каде што неговиот застапник (Џон Хана) го запознава со Даниела (Оливија Вајлд), една студентка, а воедно и аматерски писател и сака да го интервјуира. Таа забележува дека е разведен од својата жена, иако сѐ уште го носи венчалниот прстен. Хамонд се сложува да се најде со неа по прославата и се враќа на сцената, каде што продолжува да ја чита книгата. Вториот дел од деталите во книгата ја опфаќаат средбата на Рори со „старецот“ (Џереми Ајронс) во Централ Парк во Њујорк, којшто му открива дека тој е вистинскиот автор на ракописот и базира врз неговиот живот во Париз. Тој му раскажува дека кога бил млад (Бен Барнс) и за првпат бил стациониран во Франција од американската војска во последните денови од Втората светска војна, се заљубил во една француска келнерка по име Селија (Нора Арнезедер). На крајот, тие се венчале и добиле ќерка, но бебето починало за кратко време по раѓањето. Селија не можела да ја надмине оваа загуба, па затоа го напуштила и се преселила во куќата на нејзините родители. Тогаш тој, поттикнат од својата болка, го пишува ракописот и го зел со себе кога отишол да ја посети Селија во домот на нејзините родители. Таа била трогната од приказната и затоа решила да му се врати. Меѓутоа, не сакајќи ја заборавила акт-чантата со ракописот во возот, кога се враќала назад во Париз и со тоа ракописот се изгубил. Поради ова, нивното смирување не траело долго и набргу потоа се развеле.

Јавната најава завршува и Хамонд им вели на своите обожаватели дека ќе мора да ја купат книгата ако сакат да дознаат како завршува. Тогаш Данила го придружува Хамонд во неговиот апартман, каде што го притиска да ѝ каже повеќе, а тој ѝ објаснува дека Рори ја кажува вистината за создавањето на приказната, најпрвин на својата жена, а потоа и на Катлер. Исто така, Рори му вели на Катлер дека сака да го назначи старецот како вистински автор. Но, овој бесно се спротивставува на ова бидејќи тоа ќе предизвика штета на нивниот углед и затоа предлага наместо тоа за му даде дел од профитот од книгата на стариот човек.

Потоа Рори го бара стариот човек за да му плати и го наоѓа како работи во расадник за растенија. Тој одбива да ги земе парите и потоа открива дека еднаш кога одел на работа со воз, ја видел Селија со друг сопруг и мало синче на станицата за воз. Стариот човек укажува на тоа дека луѓето секогаш учат од своите грешки, па така ќе научи и Рори.

Даниела продолжува да му врши притисок на Хамонд за да ѝ каже повеќе детали. Тој ѝ открива дека старецот умира без да открие кој е вистинскиот автор на ракописот, по кратко време од втората средба со Рори. Даниела сфаќа дека книгата „Зборовите“ е автобиографска книга, во којашто ликот на Рори е се поистоветува со карактерот на Хамонд, го бакнува и го утешува дека луѓето учат од своите грешки, но тој се тргнува настрана. Таа го прашува што навистина сака и преку една ретроспективна сцена дознаваме дека тој копнее да се смири со својата сопруга.

Изјави за сличност со германски роман

[уреди | уреди извор]

Според некои швајцарски весници, содржината на филмот „Зборовите“(од анг. „The Words“) е слична на онаа на романот „ Лила, Лила“ од Мартин Сутер од 2004 година (преработен во германски филм „Лила, Лила“, издаден во 2009 година), во којшто исто така се зборува за млад неуспешен автор којшто наоѓа стар ракопис и неговата девојка го тера да го издаде и станува многу успешен, а потоа се соочува со старецот којшто е (или во случајов го знае) вистинскиот автор и на крај издава втора книга во којашто објаснува како сѐ се случило. Брајан Клагмен и Ли Стернтал велат дека тие не знаеле ништо за Сутер или „Лила, Лила“, и покрај тоа тие идејата за филмот „Зборовите“ ја добиле во 1999 година, неколку години пред да се издаде романот „Лила, Лила“.

Глумечка екипа

[уреди | уреди извор]

Продукција

[уреди | уреди извор]

Снимањето на филмот „Зборовите“(од анг. „The Words“) започна во Монтреал, Канада, на 7 јуни 2011 година. Монтреал беше одбрано како место за снимање бидејќи таму може да се постават сцени и како во Париз и како во Њујорк.

Премиерно емитување

[уреди | уреди извор]

Филмот „Зборовите“ (од анг. „The Words“) ја доживеа својата премиера на филмскиот фестивал „Sundance“ во 2012 година. Пред оваа официјална премиера, по што следи и новинарско и индустриско прикажување на фестивалот „Sundance“, „CBS Films“ го откупија филмот за 2 милиони американски долари со 1,5 милиони долари за печатен и рекламен ангажман.

Прифатеност

[уреди | уреди извор]

Филмот „Зборовите“ доби негативни оцени од критичарите и во моментов има оцена од 22% на „Rotten Tomatoes“ од вкупно 111 критики со општо мислење дека „филмот „Зборовите“ не е ни толку успешен, ни толку интересен колку што се смета дека е, дека ги остава своите талентирани ѕвезди во еден целосно комплексен, драматично пасивен, литературен трилер, којшто најпосле претставува лоша замена за добра книга“. Филмот доби оцена 39 од 100 на „Metacritic“, воглавно негативни оцени од 39 критики. Џен Ченеј од весникот „Вашингтон Пост“ (од анг. „The Washington Post“) го оцени филмот со 1,5 од 5 ѕвездички и вели дека: „глумците добро ги одиграле своите улоги, но и покрај тоа приказната звучи независно и не може да предизвика емоции кај својата публика.“

Крис Пандолфи од „At A Theater Near You“ го фали филмот и вели „не може секој да ја цени двосмисленоста“, „таа треба да се анализира структурно, емоционално и тематски“.

Исто така и Стивен Холден од „Њујорк Тајмс“ (од анг. „The New York Times“) го пофалува филмот и вели дека претставува една „успешна и забавна приказна.“

  1. Newman, Nick (2011-02-10). „Bradley Cooper and Jeremy Irons Starring Together in 'The Words'. TheFilmStage.com. Архивирано од изворникот на 2013-02-03. Посетено на 2011-06-06.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Zoe Saldana, Olivia Wilde, Bradley Cooper and Dennis Quaid Join 'The Words'. Shockya.com. Посетено на 2011-06-06.
  3. Labrecque, Jeff (28 January 2012). „Sundance: 'The Words' Bradley Cooper on being 'creatively stymied' in his own career“. Entertainment Weekly. Архивирано од изворникот на 2014-01-11. Посетено на 3 February 2012.
  4. Horn, John (21 January 2012). „Sundance 2012: Bradley Cooper gets naughty in 'The Words'. Los Angeles Times. Посетено на 3 February 2012.
  5. „Olivia Wilde Joins Bradley Cooper in 'The Words'. FilmoFilia.com. 2011-06-04. Архивирано од изворникот на 2011-06-06. Посетено на 2011-06-06.
  6. 6,0 6,1 „Olivia Wilde, Ben Barnes, J.K. Simmons & John Hannah Join Bradley Cooper In 'The Words'. indieWIRE. Архивирано од изворникот на 2011-06-07. Посетено на 2011-06-06.