Прејди на содржината

Зеленокрила ара

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зеленокрила ара
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Папагаловидни
Натсемејство: Вистински папагали
Семејство: Папагали
Потсемејство: Неотропски папагали
Род: Ара
Вид: Зеленокрила ара
Научен назив
Ara chloropterus
(Греј, 1859)
  Распространетост на зеленокрилата ара во Јужна Америка
Синоними[2]

Ara chloroptera

Зеленокрила ара (науч. Ara chloropterus) — претежно црвена папагал од родот ара (Ara).

Ова е најголемиот член на родот, широко распространет по шумите и кориите во северна и средна Јужна Америка. Меѓутоа, како и другите ари, птицата во последно време се соочува со значителен пад на бројноста, што се должи на уништување на живеалиштето и незаконско заловување за трговијата со домашни миленици. Папагалот може да се види во Зоолошката градина во Скопје.[3]

Зеленокрилата ара се разликува од црвено-сината (A. macao) по тоа што, иако обете имаат црвени гради, зеленокрилата има претежно зелени горни крилни пердуви, додека (понекогаш со неколку жолти) над зелениот појас, додека пак црвената има претежно жолти, или пак изразено жолто-зелени горни крилни пердуви. Покрај ова, зеленокрилата ара има карактеристични црвени линии околу очите сочинети од низа пердувчиња наспроти голата бела кожа на тој дел од главата. На опашката, светкавите синозелени пардуви се обрабени со црвено. Споредени по големина, зеленокрилата ара е забележливо поголема од црвената.

По должина, овој папагал е пократок само од зумбуловата ара (A. hyacinthinus). Возрасните единки на зеленокрилата ара достигнуваат вкупна должина од 90-95 см.[4] Од измерени 12 единки, утврдена е просечна тежина од 1,2 кг.[5] Тежината обично им се движи од 1 до 1,7 кг.[4] Иако има тежински опсег сличен на оној на зумбулоата араа, ппросечната тежина ѝ е за малку помала од онаа на зумбуловата и големата зелена ара (A. ambiguus). Земајќи ги сите папагали во светот, како потежок вид може да се вброи и какапото (Strigops habroptilus).[4][5]

Поведение

[уреди | уреди извор]

Зеленокрилата ара се задржува на еден доживотен партнер. Женката несе по две до три јајва во гнездо направено во дупка на дрво. Квачењето трае 28 дена, а пилињата се пособни за лет 90 дена откако ќе се испилат.[6]

Повраток на население

[уреди | уреди извор]

Од 1999 година се појавило население на Тринидад. Иако овие можеби избегале од заробеништво, исто така е можно да имаат диво потекло.[7]

Се смета дека историскиот опсег на овој вид се протегал кон југ и ги опфаќа аргентинските покраини Чако, Кориентeс, Формоса и Мисионес. Се смета дека ловот на месо, трговијата со миленичиња и промените во употребата на земјиштето предизвикале истребување на овој вид низ целиот аргентински опсег до 60-тите години на минатиот век. Видот е наведен како критично загрозен во Аргентина. Во средината на 2010-тите години било откриено дека птиците го колонизираат Националниот парк Игуазу, а веќе од 2019 година, видот се шири понатаму во близина на Покраинскиот парк Порто Пенинсула.[8]

Овој вид е предмет на програма за повторно воведување во Регионалниот резерват Ибера во покраината Кориентис од страна на организациите Доверба „Светски папагал“, Аргентински птици и Фондација ЦЛТ (Доверба за зачувувачка земја) (и можеби BirdLife International), за која се надеваат дека може да го промовира туризмот до областа. Заробени птици од Обединетото Кралство биле увезени во 2015 година, а првиот пар британски птици бил ослободен во февруари 2019 година.[8][9]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. BirdLife International (2012). Ara chloropterus. IUCN Red List. Version 2013.2. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 26 November 2013.
  2. Red-and- Green Macaw на Avibase
  3. „Зеленокрила ара“. Зоо Скопје. Архивирано од изворникот на 2015-05-03. Посетено на 1 мај 2015.
  4. 4,0 4,1 4,2 Cameron, M. (2012). Parrots: the animal answer guide. JHU Press.
  5. 5,0 5,1 CRC Handbook of Avian Body Masses, 2nd Edition by John B. Dunning Jr. (уред.). CRC Press (2008), ISBN 978-1-4200-6444-5.
  6. Alderton, David (2003). The Ultimate Encyclopedia of Caged and Aviary Birds. London, England: Hermes House. стр. 235. ISBN 1-84309-164-X.
  7. „Red-and-green Macaw Page“. Southeastern Caribbean Birds - Photo Gallery. Trinidad and Tobago Field Naturalists' Club, Trinidad & Tobago Bird Status & Distribution Committee. 27 февруари 2001. Посетено на 4 мај 2021.
  8. 8,0 8,1 Escobar, Patricia (5 мај 2019). „Registraron un Guacamayo rojo, especie en peligro de extinción en el país, en su vuelo en libertad por el Parque Provincial Pto. Península“. Argentina Forestal (шпански). Посетено на 4 мај 2021.
  9. „BirdLife Macaws return to Argentina“. BirdGuides. Посетено на 4 мај 2021.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]