Знаме на Аруба
Знамето на Аруба е усвоено на 18 март 1976 година. Дизајнот се состои од поле во светлосина боја (која се вика Ларкспур или О.Н. сина), две хоризонтални паралелни жолти траки во долниот дел на знамето и црвена четирикрака ѕвезда со бела ивица во горниот лев дел.
Дизајнот има повеќе значења:
- Синото поле го претставува небото, морето, мирот, надежта, иднината на Аруба и поврзаноста со неговото минато.
- Двете паралелни траки "го означуваат статусот апарте". Едната трака го претставува движењето на туристите кон сончевата Аруба, додека пак другата ја симболизира индустријата (злато и нафта). Исто така, покрај сонцето, златото и богатствата, жолтата трака претставува букет од цвеќиња.
Ѕвездата има значително комплексно значењеe:
- Четирикрата ѕвезда е необичаена за знамињата на државите и териториите. Во овој сличај ги претставува четирите страни на светот, што укажува на доста комплексно потекло на народот на Аруба. А со обзир дека на Аруба се користат 4 главни јазици: папиаменто, шпански, англиски и холандски, може и тука да се пронајде симболиката.
- Ѕвездата го претставува и самиот остров: земјата е често доста црвена и оградена со бели плажи и сино море.
- Црвената боја исто така има значење на крвта која Арубиците ја пролеале за време на војната, како и Индијанците домородци и патриотската љубов.
- Белата боја значи чистота и искреност.
На 18 март во Аруба е државен празник, познат како Ден на Знамето.
Поврзано
[уреди | уреди извор]
|
|