Знамето на Иран е официјалното знаме на државата усвоено на 29 јули1980 година. Денешниот дизајн на знамето е како резултат на Иранската револуција. Знамето е составено од три хоризонтални ленти во зелена, бела и црвена боја. Во средината на знамето се наоѓа грбот на Иран во црна боја што всушност е стилизирана форма на зборот „Господ“. Исто така, на самата граница на црвената и зелената лента има натпис на куфичко писмо во бела боја. Натписот значи „Господ е голем“ и се повторува 22 пати што се совпаѓа со 22 ден од 11 месец, денот кога била Исламската револуција.