Зоран Мирковиќ
Зоран Мирковиќ | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 21 септември 1971 | ||
Роден во | Белград, СФРЈ | ||
Држава |
Југославија СР Југославија (1992-2003) Србија и Црна Гора (2003-2006) Србија (од 2006) | ||
Висина | м | 1,82||
Играчки податоци | |||
Позиција | одбрана | ||
Сегашен клуб | Партизан (тренер) | ||
Повлекување | 2006 - како играч | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1990-1993 | Рад | 62 | (1) |
1993-1996 | Партизан | 82 | (1) |
1996-1998 | Аталанта | 51 | (0) |
1998-2000 | Јувентус | 27 | (0) |
2000-2003 | Фенербахче | 71 | (3) |
2004-2006 | Партизан | 46 | (2) |
Репрезентација ‡ | |||
1995-2002 | СР Југославија | 54 | (0) |
2003 | Србија и Црна Гора | 5 | (0) |
Раководител на екипите | |||
2015 | Синџелиќ Белград | ||
2016–2018 | Црна Гора (помошник) | ||
2018- | Партизан | ||
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Зоран "Бата" Мирковиќ (српски: Зоран Мирковић Бата; роден на 21 септември 1971 година, во Белград) — поранешен српски фудбалер, играч од одбраната.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Мирковиќ го направил своето прво појавување во професионалниот фудбал играјќи за Рад во текот на сезоната 1990-1991. Но, дури и пред тоа тој и неговите соиграчи ја освоиле титулата во Југословенската лига во категоријата за играчи под 21 година, најголемиот успех на овој клуб некогаш. Мирковиќ поминал три сезони во дресот на Рад како професионален играч, и одиграл вкупно 62 натпревари (пет во сезоната 1990-1991, 26 во сезоната 1991-1992 и 31 во сезоната 1992-1993), постигнувајќи еден гол. Неговиот талент неостанал незабележан од страна на челните луѓе на Партизан кој го поканиле да дојде во клубот и да го брани дресот со црно-белата боја.
Мирковиќ секогаш ги опишувал трите години поминати во Партизан како најубавите години во неговата кариера и вели дека Партизан е клубот кој го сака најмногу. Во овие три години се утврдил како играч, станал прв избор во југословенската репрезентација и освоил три титули (две во Прва лига на СР Југославија во сезоните 1993-1994 и 1994-1995 и една во Купот на Југославија 1993-1994). Познат бил и по дресот со број 2 кој го носел за време на овој период. Тој станал херој на навивачите на Партизан, бидејќи бил голем борец на теренот особено во натпреварите против големиот соперник Црвена Ѕвезда. Тој одиграл 82 натпревари во дресот на Партизан (26 во сезоната 1993-1994, 29 во сезоната 1994-1995 и 27 во сезоната 1995-1996), постигнувајќи еден гол.
Во 2006 година Мирковиќ се преселил во Италија каде потпишал за Аталанта од Бергамо, клуб во кој поминал две сезони. Сепак, во првиот свој натпревар во Серија А заработил повреда и морал да паузира три месеци. Тој одиграл важна улога како играч од средниот ред и одбраната и неговите настапи биле толку добри што тогашниот тренер на Јувентус, Марчело Липи го поканил да му се приклучи на клубот. Тој бил многу популарен меѓу навивачите на Аталанта и кога клубот сакал да го продаде на Фјорентина тој изјавил дека не може туку-така да го напушти клубот.
Во летото 1998, Мирковиќ потпишал за Јувентус. Кариера на Мирковиќ во гигантот од Торино може да се подели на два различни временски периоди. Под водство на тренерот Липи, популарниот "Бата" одиграл 19 натпревари во Серија А, постигнувајќи еден гол. Тој, исто така, играл натпревари и од Лигата на шампионите. Меѓутоа, кога Карло Анчелоти ја презел функцијата во пролетта 1999 година, Мирковиќ веќе не бил прв избор во Јувентус, и играл претежно натпревари од Купот на Италија.
Во летото 2000 година, Мирковиќ потпишал три-годишен договор со Фенербахче. Тоа се покажало како многу паметна одлука. Во неговата прва сезона во Истанбул тој го освоил насловот во турското првенство и бил финалист во Купот на Турција. Во својата втора сезона во Турција играл во Лигата на шампионите и го освоил второто место во турската лига. Неговата трета сезона во Фенербахче не била толку успешна. Трите тренери и проблемите во клубот предизвикале Фенербахче да заврши дури на шестото место.
Потоа, во јануари 2004 година, по шестомесечна пауза од фудбалот, Мирковиќ повторно станал играч на Партизан, потпишувајќи со клубот договор на две и пол години.[1] На 6 март 2006 година, Мирковиќ го најавил своето пензионирање на возраст од 34 години поради периодични проблеми со повредата на грбот.
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Мирковиќ бил прв избор во репрезентациите на СР Југославија и Србија и Црна Гора играјќи најчесто како десен бек носејќи го дресот со број 2. Вкупно тој одиграл 59 сениорски репрезентативни натпревари за својата земја (54 за СР Југославија и 5 за Србија и Црна Гора).[2]
Тој ја претставувал својата земја на Светското првенство 1998 во Франција, но го пропуштил Европското првенство 2000 поради суспензија од три натпревари која ја заработил по инцидентот кој се случил во последниот натпревар од квалификациите, игран против Хрватска во Загреб, кога го удрил Роберт Јарни по тестисите и добил директен црвен картон.[3]
Титули
[уреди | уреди извор]Партизан
[уреди | уреди извор]- Првенство на СР Југославија (3) : 1993–1994, 1995–1996, 2004-2005
- Куп на СР Југославија (1) : 1994
Јувентус
[уреди | уреди извор]- Интертото куп (1) : 1999
Фенербахче
[уреди | уреди извор]- Супер лига (1) : 2000-2001
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Зоран Мирковић потписао за Партизан“. arhiva.srbija.gov.rs. 29 јануари 2004.
- ↑ „Yugoslavia (Serbia (and Montenegro)) – Record International Players“. rsssf.com. Посетено на 12 March 2009.
- ↑ https://www.youtube.com/watch?v=tb4b_ugKtg4&feature=player_embedded
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Зоран Мирковиќ на reprezentacija.rs
- Player Details Turkish Football Federation