Прејди на содржината

Зркле

Координати: 41°39′30″N 21°9′2″E / 41.65833° СГШ; 21.15056° ИГД / 41.65833; 21.15056
Од Википедија — слободната енциклопедија
Зркле

Поглед на селото Зркле

Зркле во рамките на Македонија
Зркле
Местоположба на Зркле во Македонија
Зркле на карта

Карта

Координати 41°39′30″N 21°9′2″E / 41.65833° СГШ; 21.15056° ИГД / 41.65833; 21.15056
Регион  Југозападен
Општина  Македонски Брод
Област Порече
Население 72 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6535
Повик. бр. 045
Шифра на КО 03020
Надм. вис. 660 м
Зркле на општинската карта

Атарот на Зркле во рамките на општината
Зркле на Ризницата

Зркле — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Куќи во селото

Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 660 метри.[2]

Атарот зафаќа површина од 5,8 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 258 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 89,4 хектари, а на пасиштата 83,7 хектари.[2]

До селото води асфалтиран пат, кој се двои од регионалниот пат кој води до поранешното општинско средиште Самоков.

Покрај главното село, каде се наоѓа и самата селска црква, лево од регионалниот пат се наоѓаат малку куќи, чиј дел е нарекуван Долно Зркле.

Историја

[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 9 семејства и 1 неженети, сите христијани.[3]

Во XIX век, Зркле било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Селото нема развиена земјоделска функција.[2]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948240—    
1953188−21.7%
1961276+46.8%
1971218−21.0%
1981200−8.3%
ГодинаНас.±%
1991114−43.0%
1994104−8.8%
200286−17.3%
202172−16.3%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Зркле имало 180 жители, сите Македонци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Зркле имало 160 жители.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Зркле се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Македонци.[8]

Селото е мало и во 1961 година броело 276 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 104 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Зркле имало 86 жители, од кои 84 Македонци и 2 останати.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 72 жители, од кои 69 Македонци, 1 Албанец и 2 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 180 160 240 188 276 218 200 114 104 86 72
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Во селото живеат повеќе родови на Македонци од православна вероисповед. Според родовските имиња се именувани и селските маала. Селото Зркле е поделено на четири маала,а тие се:

  • Врќаковци
  • Нејчевци
  • Киревци и
  • Мијајлевци.

Маалата своите имиња ги добиле по некои личности кои учествувале во разни организации. Малото Врќаковци го добило името по некој човек којшто се викал Врќак. Од него потекнува семејството Врќаковци на кои првиот учител и самоук лекар Славе Врќакоски. Во времето на турските борби Славе го лекувал Даме Груев во пештерите на ова село,откако го излекувал, во попски алишта го пренесол во селото Небрегово и му го предал на татко му на Блаже Конески.

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]
Главната селска црква „Св. Никола“

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Самоков, во која влегувале селата Бенче, Брест, Зркле, Звечан, Ковче, Лупште, Рамне, Самоков и Сушица.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Самоков, во која покрај селото Зркле се наоѓале селата Бенче, Брест, Звечан, Инче, Ковач, Ковче, Лупште, Рамне, Самоков, Старо Село и Сушица.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачко место бр. 0257 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Зркле и Ковче, кое е сместено во Селскиот дом во Зркле.[15]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 67 гласачи.[16] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 68 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[18]
  • Ограда — населба од доцноантичко време
Цркви[19]

Личности

[уреди | уреди извор]

Личности родени во Зркле:

  • Ацо Видески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
  • Зафир Миајлески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
  • Костадин Видески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
  • Стеван Војнески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
  • Злате Мијајлески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
  • Ристе Трпчески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
  • Милисав Видески — четник, дел од Равногорското движење на Дража Михајловиќ.
  • Бранко Пројкоски (1920 - 1944) — загинат во НОБ.[21]
  • Воислав Костадиноски (1921 - 1945) — загинат во НОБ.[21]
  • Стојко Златески (1922 - 1945) — загинат во НОБ.[21]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 132. Посетено на 9 октомври 2017.
  3. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.230
  4. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 258.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 156-157.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 36.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 9 октомври 2017.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 16 октомври 2017.
  16. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-05-29. Посетено на 16 октомври 2017.
  17. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
  18. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  19. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  20. 20,0 20,1 20,2 20,3 20,4 20,5 Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982, стр.257
  21. 21,0 21,1 21,2 . Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]