Индекс на глобализација
Индексот на глобализација, што го подготвуваат корпорацијата А.Т. Кирни и списанието "Форин полиси", сопственост на Карнегиевата фондација за меѓународен мир, поблиску се концентрира на глобализацијата преку процена на промените на нејзините најбитни компоненти - ангажманот во меѓународните односи и политичките одлуки, трговијата и протокот на финансии, движењето на луѓето, идеите и информациите преку границите. Индексот ги следи овие промени во 62 напредни економии и пазари во развој.
Индикаторите за 62-те земји се поделени во четири основни категории: економска интеграција, технологија, личен контакт и политички ангажман. Индексот ја квантифицира економската интеграција преку комбинирање на податоците за трговијата, директните странски инвестиции, портфолио-капиталот, исплатата на приходи и сметки, во што вклучува компензација за странците што работат во една земја и приходот што е заработен и исплатен за имот во странство. Тој ги проценува личните контакти преку нивото на меѓународните патувања и туризам, меѓународниот телефонски сообраќај и прекуграничните трансфери, вклучувајќи ги пратките пари на вработените во странство. Индексот, исто така, ја мери технолошката поврзаност со пребројување на корисниците на Интернет и услужниците и безбедните опслужувачи преку кои тие комуницираат и ги вршат деловните трансакции. Политичкиот ангажман се проценува преку бројот на меѓународните организации во кои една земја членува и на мисиите на Советот за безбедност на ОН во кои таа учествува, како и според бројот на амбасадите што ги има една држава.
За сите променливи, се додава годишниот проток кон и од земјата, а сумата се дели со номиналниот економски производ на земјата или, каде што тоа е можно, со бројот на жители. Податоците за политичкиот ангажман се третираат поинаку, при што бројот на учества во мисиите на Советот за безбедност на ОН се дели со вкупниот број мисии во таа година, а бројот на амбасадите и членства во меѓународни организации останува апсолутен број. Овој процес дава панели на податоци што овозможуваат споредба меѓу земји со различен обем.
Добиените панели за одредена променлива потоа се споредуваат и "нормализираат" преку процес во кој најниската вредност се поставува на нула, а највисоката на еден. Да претпоставиме дека променлива е трговијата. Максималната вредност на трговијата кон и од земјата е 341% од бруто-домашниот производ (БДП) за Сингапур во 1995, а најниската 15,3% од БДП за Бразил во 1996 година. Податоците за Сингапур се вреднувани како еден, а тие за Бразил како нула, додека сите други се наоѓаат меѓу нив.
2007 Список на KOF Индекс на глобализација | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|