Прејди на содржината

Институт за меѓународно право

Координати: 46°13′15″N 6°08′37″E / 46.220722° СГШ; 6.143681° ИГД / 46.220722; 6.143681
Од Википедија — слободната енциклопедија
Инситут за меѓународно право
Institut de Droit International
КратенкаIIL, IDI
ГеслоJustitia et Pace
Основана8 септември 1873; пред 151 година (1873-09-08)
ВидНВО, МВО, Општество
Правен статусИнститут
ЦелПромовирање на напредокот на меѓународно право
СедиштеЖенева, Швајцарија
Координати46°13′15″N 6°08′37″E / 46.220722° СГШ; 6.143681° ИГД / 46.220722; 6.143681
Генерален секретарМарсело Коен
ПрипадностСоветник - ECOSOC
Советник - HCCH
Мреж. местоwww.idi-iil.org
Членови на Институтот на сесијата во Краков 2005 година

Институтот за меѓународно право (француски: Institut de Droit International) — организација посветена на изучување и развој на меѓународното право, чие членство го сочинуваат водечките светски меѓународни правници. Организацијата генерално се смета за најавторитетна светска академија за меѓународно право. Институтот ја добил Нобеловата награда за мир во 1904 година.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]

Институтот бил основан од Густав Мојние и Густав Роли-Жекинмин, заедно со 9 други реномирани меѓународни правници, на 8 септември 1873 година во Salle de l'Arsenal на градското собрание на Гент во Белгија. Основачите на 1873 година биле:

Организација

[уреди | уреди извор]

Институтот е приватно тело, составено од соработници, членови и почесни членови. Статутот предвидува дека бројот на членови и соработници на возраст под 80 години не може да биде над 132. Членовите, поканети од организацијата, се лица кои покажале значајна научна работа од областа на меѓународното право и им е ограничена на оние кои се сметаат за релативно ослободени од политички притисок. Организацијата се обидува да има членови широко распространети низ целиот свет.

Организацијата одржува двогодишни конгреси за проучување на меѓународното право како што во моментот постои, и донесува резолуции со кои се предлагаат измени во меѓународното право. Не коментира за специфични спорови.

Додека нејзините препораки го опфаќаат меѓународното право во многу форми, некои нејзини резолуции се однесуваат на законот за човекови права и мирно решавање на споровите . Затоа организацијата ја добила Нобеловата награда за мир.[2]

Организацијата останала активна, со конгрес одржан во Неапол во септември 2009 година. Местото на седиштето на институтот ротира според потеклото на генералниот секретар. Сегашното седиште е на Постдипломскиот институт за меѓународни и развојни студии во Женева, Швајцарија.

Тековни членови на Институтот вклучуваат, истакнати правници, правни академици,[3] судии на Меѓународниот суд на правдата, Меѓународниот суд за законот на морето и Меѓународниот кривичен суд .

Неодамнешните резолуции од организацијата опфаќаат многу важни области како што се универзалното законодавство, привремени мерки, режим на урнатини, имунитет, животна средина, употреба на сила, итн.

Институтот го објавува својот „Annuaire“ (Годишник), во кој се содржани извештаите од комисиите, разгледувањата на пленарните сесии и сите изјавувања и резолуции што произлегуваат. Записите за административните сесии, вклучително и изборите, исто така се вклучени во Годишникот. Мрежното место за делата на Институтот е тука: http://www.idi-iil.org/en/publications/

На мрежното место на Институтот[4] се наоѓа онлајн библиотека со информации, вклучително, но не ограничувајќи се на, изјави, резолуции и некои работи во тек за понатамошно вклучување во Годишникот.

  1. „Nobel Peace Prize“.
  2. „The Nobel Peace Prize 1904“. NobelPrize.org (англиски). Посетено на 21 април 2020.
  3. „IDI-Membres“. Idi-iil.org. Архивирано од изворникот на 4 јули 2013. Посетено на 21 април 2020.
  4. idi-iil.org

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]