Прејди на содржината

Ирвинг Лангмјур

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ирвинг Лангмјур
Ирвинг Лангмјур
Роден(а)31 јануари 1881(1881-01-31)
Бруклин, Њујорк, САД
Починал(а)16 август 1957(1957-08-16) (возр. 76)
Вудс Хоул, Масачусетс, САД
ДржавјанствоСАД американска
ПолињаФизика, хемија
ОбразованиеУниверзитет Колумбија
Универзитет Гетинген
Докторски менторВалтер Нернст
Познат по
  • Пронаоѓач на високовакуумските цевки
Поважни награди

Ирвинг Лангмјур (англиски: Irving Langmuir; 31 јануари 1881 - 16 август 1957) – американски хемичар и физичар, добитник на Нобеловата награда за хемија за откритие во површинската хемија.

Додека работел во Џенерал електрик, во периодот 1909-1950, направил неколку значајни откритија, меѓу останатото ја пронашол жарулката полнета со гас (поголемиот број денешни жарулки се такви) и техниката на заварување со водород.

Образование

[уреди | уреди извор]

Дипломирал рударство на универзитетот Колумбија во 1903 година, а докторирал во Гетинген во 1906 година кај Валтер Нернст, и самиот добитник на Нобелова награда.

Научна работа

[уреди | уреди извор]

Во продолжение на својата докторска работа ја испитувал ефикасноста на жарулката што резултирало со пронаоѓањето на високовакуумска цевка. Потоа со соработниците пронашол дека животот на жарното влакно може значително да се продолжи ако балонот се исполни со инертен гас, на пример аргон, што претставува важен елемент на денешната технологија за изработка на жарулки. Потоа ја испитувал емисијата на честички од вжарено влакно, термојонска емисја, и прв јонизираниот гас го нарекол плазма. Во врска со тоа го вовел концептот на електронска температура и во 1924 година пронашол метод за мерење на електронската температура и густината на плазмата.

Во истражувањата врзани со атомската теорија на материјата, го дефинирал модерниот концепт на валентна лушпа и изотоп. Заедно со Катарина Блаџет ги истражувал танките филмови и адсорпцијата на површините. Тие го вовеле концептот мономолекулски слој.

Во текот на Втората светска војна работел на развој на чадни завеси за војни цели и на методи на одмрзнување на авионските крила што го довело до откритието дека дождот може да се предизвика со засејување на облаците со сув мраз и различни јодиди. На тие принципи се заснова денешната противградна одбрана.

Во 1953 година, Лангмјур одржал предавање за патолошката наука.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]