Источна полутопка
Источната полутопка (или источна хемисфера[1]) — географски поим за една половина од Земјата која лежи источно од нултиот меридијан (што минува низ Гринич, Англија) и западно од 180° геог. должина.[2] Поимот се употребува и како одредница за Европа, Азија, Африка и Австралазија, наспроти западната полутопка, во која спаѓаат Северна, Средна и Јужна Америка. Покрај ова, некаде се користи и во културен и геополитчки контекст, како синоним за „Стариот Свет“.
Линијата што ги дели источната и западната полутопка е произволна, за разлика од екваторот (замислена линија што ја обиколува Земјата, подеднакво оддалечена од половите), што ја сече Земјата на северна и јужна полутопка. Нултиот меридијан со 0° географска должина и меѓународна датумска граница на 180° геог. долж. се општоприфатени граници, бидејќи тие ги одделуваат источните од западните меридијани. Со овој начин на разграничување, делови од западна Европа, Африка и источна Русија влегуваат во западната полутопка, и со тоа значително се намалува нејзината употребна вредност во картографијата и геополитичките целини, бидејќи во источната полутопка најчесто се вклучува сета Евроазија и Африка. Затоа, за оваа цел честопати се користат меридијаните 20° ЗГД и дијаметрално спротивниот 160° ИГД,[3][4] и така тука влегува сето европско и африканско копнено пространство, но во него влегува и мал дел од Североисточен Гренланд (што инаку се смета за Северна Америка) и исклучува поголем дел од источна Русија и Океанија (на пр. Нов Зеланд).
Копното на источната полутопка е поголемо од копното на западната (Америка) и содржи многу разновидни екосистеми.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „хемисфера“. Речник на Набу. Архивирано од изворникот на 2020-06-29. Посетено на 19 октомври 2010. (македонски)
- ↑ Географска ширина и должина Архивирано на 9 јуни 2008 г. на britannica.com. проверено: 24 мај 2008 (англиски)
- ↑ Olson, Judy M. "Projecting the hemisphere", гл. 4, од Matching the map projection to the need; Robinson, Arthur H. & Snyder, John P., уредн. 1997. Bethesda, MD: Cartography and Geographic Information Society, American Congress on Surveying and Mapping.
- ↑ "Eastern Hemisphere". Merriam-Webster's Geographical Dictionary, III изд. 2001. Springfield, MA: Merriam-Webster, Inc., стр. 340.