Прејди на содржината

Камерун (планина)

Координати: 4°13′00″N 9°10′21″E / 4.21667° СГШ; 9.17250° ИГД / 4.21667; 9.17250
Од Википедија — слободната енциклопедија
Камерун
Кратери останати по избувот во 2000 г.
Највисока точка
Надм. вис.4.040 м
Истакнатост3.901 м [1]
31.
Координати4°13′00″N 9°10′21″E / 4.21667° СГШ; 9.17250° ИГД / 4.21667; 9.17250
Географија
Камерун на карта

Карта

МестоЈугозападен Регион, Камерун
Геологија
Видстратовулкан
Последен избувмај - септември 2000
Искачување
Прво освојувањеЏозеф Мерик, 1840-ти
Релјефна карта на планината Камерун

Камерун (француски: Mont Cameroun, англиски: Mount Cameroon) — активен вулкан во Камерун, недалеку од Гвинејскиот Залив. Позната е и како Фако (по повисокиот од двата врва) или по нејзиното домородно име Монго ма Ндеми (Mongo ma Ndemi - „Божја Планина“). Планината е највисокото место во потсахарска Западна и Средна Африка,[2] и четврта по истакнатост во Африка.

Планината лежи на вулканското подрачје наречено Камерунска Линија, каде е сместено и езерото Њос. Последниот избув се случил на 3 февруари 2012 г.

Камерун е еден од најголемите вулкани во Африка и се издига 4.040 м над бреговите во западниот дел од земјата. Земјиштето почнува да се издига од тропска дождовна шума до голиот врв кој е студен, ветровит и повремено засеан со снег. Големиот вулкан е стрмен и има претежно од базалтен до трахибазалтен состав, образувајќи хорст кој лежи на подземје од перткамбриумски метаморфни карпи прекриени со наноси од кредата до квартерот. Бочните делови имаат 100 мали згурни конуси и околните низини напоредно на долгата оска на масивниот вулкан 1.400 км3. На јужното крило кај брегот се издига голем спореден врв наречен Етинде (наречен и Мал Камерун). Камерун е најактивниот вулкан во Западна Африка. Првото писмено сведоштво за неговата активност го добиваме од картагинскиот истражувач Ханон Морепловецот во V век п.н.е.. Низ историјата се случиле бројни умерени избуви и текови од лава, како од врвот, така и од крилата. Во 1922 г. од југозападното крило избила лава која стасала сè до атлантскиот брег, а во 1999 г. лавата од јужното крило запрела на само 200 м од морето, пресекувајќи го крајбрежниот автопат.

Врвот е мошне посетен од планинарите. Секоја година се приредува „Трка на надежта“ во која учесниците ја искачуваат планината за 412 часа.

Прв европски освојувач на планината е англискиот истражувач Мери Кингсли, која ги забележала спомените од искачувањето во нејзиниот мемоар Патувања по Западна Африка (1897).

На планината Камерун растат два ендемски вида воденика Impatiens etindensis[3] и I. grandisepala[4]. На ова подрачје нема дрва.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Камерун — Peakbagger посет. 30 септември 2012 г
  2. http://www.britannica.com/EBchecked/topic/90979/Mount-Cameroon
  3. Cheek, M. and S. Cable. 2000. Impatiens etindensis. In: IUCN 2013. IUCN Red List of Threatened Species. Version 2013.1. Downloaded on 03 July 2013.
  4. Cheek, M. and S. Cable. 2000. Impatiens grandisepala. In: IUCN 2013. IUCN Red List of Threatened Species. Version 2013.1. Downloaded on 03 July 2013.

Литература

[уреди | уреди извор]
  • DeLancey, M. W. and M. D. DeLancey. (2000). Historical Dictionary of the Republic of Cameroon (3rd ed.). Lanham, Maryland: The Scarecrow Press.
  • „Камерун“. Глобална програма за вулканизмот. Смитсонова установа. Посетено на 2009-01-14. (англиски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]