Прејди на содржината

Кари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Индустриски произведен кари зачин

Кари — мешавина на зачини за која се смета дека потекнува од Индија. Карито е многу популарен додаток, особено на јадењата со ориз[1] во Азија, но исто така е омилен зачин и во европската и американската кујна, каде претежно се користи во комбинација со пилешко месо. Мешавината содржи мелени делови од сушени растенија кои имаат специфичен вкус и мирис, а за кои во традиционалната азиска медицина се смета дека го подобруваат варењето.

Во САД и многу европски земји, „кари“ претставува посебен вид на оброк[2], кој главно се состои од месо и сос кој се подготвува со смеса слична на онаа која се користи во Азија.

Зачините кои се користат во самата мешавина се разликуваат од земја до земја и од оброк до оброк, но главно станува збор за сушени и мелени: кромид, лук, коријандер, синапово семе, кимион, црвен пипер, куркума и ѓумбир.[3]