Кашуби
Знаме и грб на Кашубија | |
Вкупен број | |
---|---|
~ 100,000[1] | |
Подрачја со значајно население | |
Полска САД Канада Германија | |
Јазици | |
кашупски, полски | |
Вероисповед | |
римокатолицизам, протестантство |
Кашуби (кашупски: kaszëbi; полски:kaszubi) етничка група која ги населува Померанија околу Гдањск и источниот дел на Западна Померанија, водат потекло од источната група на западнословенски племиња на Померанија. Поделени се на повеќе етнички подгрупи кои се разликуваат по култура и јазик (Билаци - Bëlôcë, Гохи - Gôchë, Јузци - Józcë или Муцњици - Mùcnicë, Крубањи - Krëbane, Лесаци - Lesôcë, Можани - Mòrzanie, Рибаци - Rëbôcë, Тухолски Боровјаци - Borowiany, Tuchòłki, Забораци - Zabòrôcë). Посебна и изолирана подгрупа (изумрела во ХХ в.) биле Словињците.
Историја
[уреди | уреди извор]Покрај бројните обиди не успеало точно да се објасни етимологијата и значењето на името Кашуби (народот) како и на Кашубија (територијата). Можеби потекнува од долгата, подвивана облека на Кашубите, па оттаму Кашуби = kasać huby што би значело „подвива фалти“. Потеклото на името Кашуби од зборот szuba (кожув) го докажува Александер Брукнер. Сепак, претставени се исто така и други обиди за објаснување на ова име. Станислав Кујот го извел од првобитните населби на Кашубите, кашуби би значело што и бара, мочуриште. Името Кашуби во пишаните извори се појавува дури во XIII век. На виделина излегло од редот на доминиканите кои на овие терени создале територијална единица нарекувана кашупска контрата, која се протегала од Слупск, а исто така до Тчев и Гдањск на исток, до Грејсвалд и Пазевлак на запад. За време на Втората светска војна Германците се обидувале да ги германизираат Кашубите принудувајќи ги да се потпишаат во Волкслистата. Хајнрих Химлер во својата „замисла за односот кон странските племиња на исток“ пишувал „Во време од краток период - си замислувам, од 4 до 5 години - на пр. поимот Кашуби да биде непознат, бидејќи во тогашниот период кашупскиот народ нема да постои (особено ова се однесува на Западна Прусија).“
Кашубите денес
[уреди | уреди извор]Моментално Кашубите се населени во околиите на Поморското војводство: пуцката, вејхеровската, картуската, лемборската, битовската, кошќерската, северните хојницки делови, како и источниот слупски дел. Во лемборската, битовската и слупската околија населувањето претежно има секундарен карактер - по Втората светска војна Кашубите ги населиле терените на своето првобитно населување по иселувањето на германското население од таму од страна на власта на НРП. Најголемите кашупски дијаспори се во Германија, Канада, САД.
Кашубите претставуваат типично погранично население кое во текот на многу векови живеело на територија која ја менувала својата државна припадност. Многумина од нив подлегнале на германизација или асимилација со остатокот на полскиот народ, овој процес имал принуден или природен карактер. Многу познати пруски и германски војници имале кашупско потекло, но не ја чувствувале врската со родната култура или пак подлегнале на целосно прекинување со следното поколение. Поради оваа причина е тешко да се дефинира точно која од историските фигури слободно се признава како Кашуб, а која како Германец или Полјак со кашупско потекло. Дел од Кашубите ја задржале својата култура и говор. Во современата социологија и историја доминира погледот дека Кашубите претставуваат етничка група на полскиот народ. Повеќето Кашуби поседуваат двојна идентификација - полска националност и кашупски етникум. Многу полски национални активисти во логорите и членовите на независното подземје за време на окупацијата биле со кашупско потекло.
Во пописот од 2002 г. 5062 полски жители се декларирале со кашупска народност. Ова е околу 1% од целата кашупска заедница. Република Полска не ги смета овие декларации како доволни (слично како во случајот на Шлезијците), па така Кашубите не се нашле на официјалната список на национални малцинства изготвена од МВА. Во истиот попис околу 51,000 лица се декларирале дека зборуваат Кашупски јазик.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ https://joshuaproject.net/people_groups/12559/PL. Отсутно или празно
|title=
(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Кашуби“ на Ризницата ? |
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|