Прејди на содржината

Кваџалејн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сателитска снимка на атолот.

Кваџалејн (маршалски: Kuwajleen[1] е атол во Тихиот Океан составен од 97 мали островчиња. Атолот е дел од Раличките Острови во Маршалските Острови и сочинува една од општините во државата. Кваџалејн е најголем корален атол во светот. На атолот живеат околу 10,902 жители.

Географија

[уреди | уреди извор]

Кваџалејн е најголем атол во светот по површина. Атолот е составен од 97 островчиња и има вкупна површина од 16.4 км2 и лагуна од 2.174 км2.[2][3] Просечната висина на атолот е 1.8 метри надморска висина.

Историја

[уреди | уреди извор]

Германија во 1884 тврдела дела Кваџалејн е под нивна контрола, како и останатите Маршалски Острови. По Првата светска војна островот бил под јапонска управа, а по Втората светска војна под американска управа. Со независноста на Маршалските Острови, атолот станал дел од новата држава.

  1. Marshallese-English Dictionary - Place Name Index
  2. Samuel Eliot Morison, History of United States Naval Operations in World War II. Vol. 7: Aleutians, Gilberts and Marshalls, June 1942-April 1944. University of Illinois Press, 2001, p.230.
  3. CSU, Digital Micronesia

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]