Кеката
Општина Кеката Qeqqata Kommunia | ||
---|---|---|
општина | ||
Местоположба на Кеката во Гренланд. | ||
Координати (Кеката): 66°30′N 48°00′W / 66.500° СГШ; 48.000° ЗГД | ||
Држава | Данска | |
Сојузна држава | Гренланд | |
Општина | Кеката | |
Основама | 1 јануари 2009 | |
Седиште | Сисимиут | |
Управа[1] | ||
• Градоначалник | Херман Бертхелсен | |
Површина[2] | ||
• Вкупна | 115.500 км2 (44.595 ми2) | |
Население (2013)[3] | ||
• Вкупно | 9.620 | |
• Густина | 0,083/км2 (210/ми2) | |
Час. појас | UTC-03 | |
Повикувачки бр. | +299 | |
ISO 3166 | GL-QE | |
Мреж. место | qeqqata.gl |
Кеката (гренландски: Qeqqata Kommunia, „центар“) е општина во Гренланд. Општината е основана со територијалната поделба од 1 јануари 2009 година. Името на општината потекнува од местоположбата во рамките на Гренланд.[4] Според податоците од јануари 2013 година, општината има население од 9,620 жители.[3] Седиште на општината е Сисимиут. Општината е составена од поранешната територија Кангерлусуаг, како и општина Манитсок и општина Сисимиут.
Географија
[уреди | уреди извор]На југ и на исток општината се граничи со општината Сермерсок. Населените места се наоѓаат на брегот на општината. На север општината се граничи со општината Касуитсуп. На запад општината излегува на море, поточно Дејвисов проток. Со своите 115,500 km2 (44,594.8 ми) оваа општина е втората најмала во државата според територија.
Населени места
[уреди | уреди извор]На територијата на општината се наоѓаат следниве населени места:
- Област Манитсок
- Област Сисимиут
Сообраќај
[уреди | уреди извор]Како и што е и со целиот Гренланд, така и во оваа општина нема патна поврзаност меѓу населените места. Во општината има три аеродроми, Аеродром Кангерлусуак (меѓународен аеродром), Аеродром Манитсок и Аеродром Сисимиут. Другите места се поврзани преку поморски сообраќај.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Qeqqata Municipality Архивирано на 6 март 2012 г. Предлошка:Kl icon
- ↑ Statistics Greenland, Greenland in Figures 2010
- ↑ 3,0 3,1 Greenland in Figures 2013 (PDF). Statistics Greenland. ISBN 978-87-986787-7-9. ISSN 1602-5709. Посетено на 2 September 2013.
- ↑ „Qeqqata Kommunia, municipal page“. Архивирано од изворникот на 2020-08-06. Посетено на 2017-01-23.
Поврзано
[уреди | уреди извор]
|