Кеплер-80
Податоци од набљудување Епоха J2000 Рамноденица J2000 | |
---|---|
Соѕвездие | Лебед |
Ректасцензија | 19ч 44м [1] | 27,0201с
Деклинација | 39° 58′ [1] | 43,5938″
Прив. величина (V) | 14,804 |
Особености | |
Спектрален тип | M0V[2] |
Астрометрија | |
Сопствено движење (μ) | Рект: −1,380 ± 0,037[1] млс/г Дек.: −7,185 ± 0,046[1] млс/г |
Паралакса (π) | 2.6780 ± 0.0210[1] млс |
Оддалеченост | 1.218 ± 10 сг (373 ± 3 пс) |
Податоци | |
Маса | 0,730 M☉ |
Полупречник | 0,678 R☉ |
Сјајност | 0,170 L☉ |
Температура | 4.540 K |
Вртење | 25,567 ± 0,252[3] |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
KIC | — податоци |
Кеплер-80 или KOI-500 — црвено џуџе од спектрален тип M0V.[2] Оваа ѕвездена класификација ја сместува Кеплер-80 меѓу честите, ладни, ѕвезди од класата М кои сè уште се во главната развојна фаза, позната како главна низа. Кеплер-80, како и останатите црвени ѕвезди, е помала од Сонцето, и има полупречник, маса, температура и сјајност помали од сончевата.[4] Кеплер-80 се наоѓа приближно на растојание од 1.218 светлосни години од Сончевиот Систем, во соѕвездието Лебед.
Системот Кеплер-80 има 6 познати вонсончеви планети.[5][6] Откривањето на петте внатрешни планети беше објавено во октомври 2012 година, со што Кеплер-80 беше првата ѕвезда со пет планети во нејзината орбита.[4][7] Во 2017 година, забележана е дополнителна планета, Кеплер-80g, со употреба на вештачка интелегенција и Длабинско учење за анализа на податоците добиени од вселенското летало Кеплер.[6] Методот со кој е забележана планетата Кеплер-80g бил развиен од Гугл, аи во текот на истото истражување била најдена уште една планета, Кеплер-90i, што го доведе вкупниот број на забележани планети в системот Кеплер-90 на 8 планети.[8]
Планетарен систем
[уреди | уреди извор]Вонсончевите планети околу Кеплер-80 биле забележани со помош на вселенското летало Кеплер. Овој телескоп го користи т.н. метод на премин, каде планетите се движат помеѓу ѕвездата и Земјата и со тоа ја затемнуваат сјајноста на ѕвездата гледано од Земјата. Со употреба на фотометрија преминот на планета пред ѕвездата може да се види како пад на светлинската крива на ѕвездта. По откривањето на петте највнатрешни планети, истите се потврдени со употреба на дополнителни методи. Кеплер-80b и Кеплер-80c биле потврдени во 2013 врз основа на методот на временски променливи премини.[9] Кеплер-80d и Кеплер-80e биле потврдени во 2014 година врз основа на статистичките анализи на податоците добиени од Кеплер.[10][11] Конечно највнатрешната планета, Кеплер-80f била потврдена во 2016 година.[11]
Сите шест познати планети во системот Кеплер-80 се во орбита блиска до Земјата, и нивните растојанија до ѕвездата (големи полуоски) се помали од 0,2 ае. За споредба најблиската планета до нашето Сонце, Меркур, има големаполуоска од 0,389 ае, па така целокупниот систем Кеплер-80 се наоѓа во орбитата на Меркур.[12] Ова го прави системот Кеплер-80, многу збиен систем и е еден од многуте такви системи откриени од страна на Кеплер.[7]
Придружници | Маса | Голема полуоска (ае) |
Орбитален период (денови) |
Занесеност | Наклон | Полупречник |
---|---|---|---|---|---|---|
f | — | 0,0175 ± 0,0002 | 0,98678730 ± 0,00000006 | ~0 | 86,50 +2.36 −2.59° |
1,21 +0.06 −0.05 R⊕ |
d | 6,75 +0.69 −0.51 M⊕ |
0,0372 ± 0,0005 | 3,0722 +0.00006 −0.00004 |
~0 | 88,35 +1.12 −1.51° |
1,53 +0.09 −0.07 R⊕ |
e | 4,13 +0.81 −0.95 M⊕ |
0,0491 ± 0,0007 | 4,6449 +0.00020 −0.00019 |
~0 | 88,79 +0.84 −1.07° |
1,60 +0.08 −0.07 R⊕ |
b | 6,93 +1.05 −0.070 M⊕ |
0,0658 ± 0,0009 | 7,0525 +0.00020 −0.00022 |
~0 | 89,34 +0.46 −0.62° |
2,67 ± 0,10 R⊕ |
c | 6,74 +1.23 −0.86 M⊕ |
0,0792 ± 0,0011 | 9,52355 +0.00041 −0.00029 |
~0 | 89,33 +0.47 −0.57° |
2,74 +0.12 −0.10 R⊕ |
g | — | 0,142 +0.037 −0.051 |
14,64558 ± 0,00012 | — | 89,35 +0.47 −0.98° |
1,13 ± 0,14 R⊕ |
Орбитална резонанција
[уреди | уреди извор]Кеплер-80 d, e, b, c и g имаат орбити во резонанција. Нивните периоди се во однос ~ 1.000 : 1.512 : 2.296 : 3.100 : 4.767, ззаедно во појдовен систем кој се врти однсосот се сведува на 4:6:9:12:18.Резонанциите на d и e, e и b, b и c, и c и g се случуваат на релативни интервали од 2:3:6:6 шаблон што се повторува на секои 191 ден. Либрациите на можните резонанции на три тела имаат замави од околу 3 степени, и моделирањето укажува на тоа дека резонантниот систем е стабилен на растројувања. Не постојат тројни резонанси.[6][14]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Brown, A. G. A.; и др. (Gaia collaboration) (август 2018). „Gaia Data Release 2: Summary of the contents and survey properties“. Astronomy & Astrophysics. 616. A1. arXiv:1804.09365. Bibcode:2018A&A...616A...1G. doi:10.1051/0004-6361/201833051. Запис на DR2 од „Гаја“ за овој извор на VizieR.
- ↑ 2,0 2,1 „Kepler-80“. SIMBAD. Центар за астрономски податоци во Стразбур. Посетено на 10 January 2017. (англиски)
- ↑ McQuillan, A.; Mazeh, T.; Aigrain, S. (2013). „Stellar Rotation Periods of The Kepler objects of Interest: A Dearth of Close-In Planets Around Fast Rotators“. The Astrophysical Journal Letters. 775 (1). L11. arXiv:1308.1845. Bibcode:2013ApJ...775L..11M. doi:10.1088/2041-8205/775/1/L11.
- ↑ 4,0 4,1 MacDonald, Mariah G.; Ragozzine, Darin; Fabrycky, Daniel C.; Ford, Eric B.; Holman, Matthew J.; Isaacson, Howard T.; Lissauer, Jack J.; Lopez, Eric D.; Mazeh, Tsevi (October 2016). „A DYNAMICAL ANALYSIS OF THE KEPLER-80 SYSTEM OF FIVE TRANSITING PLANETS“. The Astronomical Journal. 152 (4): 105. arXiv:1607.07540. doi:10.3847/0004-6256/152/4/105. ISSN 1538-3881.
- ↑ Xie, J.-W. (2013). „Transit timing variation of near-resonance planetary pairs: confirmation of 12 multiple-planet systems“. Astrophysical Journal Supplement Series. 208 (2): 22. arXiv:1208.3312. Bibcode:2013ApJS..208...22X. doi:10.1088/0067-0049/208/2/22.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 Shallue, C. J.; Vanderburg, A. (2017). „Identifying Exoplanets With Deep Learning: A Five Planet Resonant Chain Around Kepler-80 And An Eighth Planet Around Kepler-90“ (PDF). The Astrophysical Journal. 155 (2): 94. arXiv:1712.05044. Bibcode:2018AJ....155...94S. doi:10.3847/1538-3881/aa9e09. Посетено на 2017-12-15.
- ↑ 7,0 7,1 Ragozzine, Darin; Kepler Team (2012-10-01). „The Very Compact Five Exoplanet System KOI-500: Mass Constraints from TTVs, Resonances, and Implications“. Aas/Division for Planetary Sciences Meeting Abstracts #44. 44: 200.04. Bibcode:2012DPS....4420004R.
- ↑ St. Fleur, Nicholas (14 December 2017). „An 8th Planet Is Found Orbiting a Distant Star, With A.I.'s Help“. The New York Times. Посетено на 15 December 2017.
- ↑ Xie, Ji-Wei; Wu, Yanqin; Lithwick, Yoram (2014-06-25). „FREQUENCY OF CLOSE COMPANIONS AMONGKEPLERPLANETS—A TRANSIT TIME VARIATION STUDY“. The Astrophysical Journal. 789 (2): 165. doi:10.1088/0004-637x/789/2/165. ISSN 0004-637X.
- ↑ Lissauer, Jack J.; Marcy, Geoffrey W.; Bryson, Stephen T.; Rowe, Jason F.; Jontof-Hutter, Daniel; Agol, Eric; Borucki, William J.; Carter, Joshua A.; Ford, Eric B. (2014-03-04). „VALIDATION OFKEPLER'S MULTIPLE PLANET CANDIDATES. II. REFINED STATISTICAL FRAMEWORK AND DESCRIPTIONS OF SYSTEMS OF SPECIAL INTEREST“. The Astrophysical Journal. 784 (1): 44. doi:10.1088/0004-637x/784/1/44. ISSN 0004-637X.
- ↑ 11,0 11,1 Rowe, Jason F.; Bryson, Stephen T.; Marcy, Geoffrey W.; Lissauer, Jack J.; Jontof-Hutter, Daniel; Mullally, Fergal; Gilliland, Ronald L.; Issacson, Howard; Ford, Eric (2014-03-04). „VALIDATION OFKEPLER'S MULTIPLE PLANET CANDIDATES. III. LIGHT CURVE ANALYSIS AND ANNOUNCEMENT OF HUNDREDS OF NEW MULTI-PLANET SYSTEMS“. The Astrophysical Journal. 784 (1): 45. doi:10.1088/0004-637x/784/1/45. ISSN 0004-637X.
- ↑ „Mercury Fact Sheet“. nssdc.gsfc.nasa.gov. Посетено на 2019-04-14.
- ↑ „OASIS“. Abstractsonline.com. Посетено на 2012-11-22.
- ↑ 14,0 14,1 MacDonald, Mariah G.; Ragozzine, Darin; Fabrycky, Daniel C.; Ford, Eric B.; Holman, Matthew J.; Isaacson, Howard T.; Lissauer, Jack J.; Lopez, Eric D.; Mazeh, Tsevi (2016-01-01). „A Dynamical Analysis of the Kepler-80 System of Five Transiting Planets“. The Astronomical Journal. 152 (4): 105. arXiv:1607.07540. Bibcode:2016AJ....152..105M. doi:10.3847/0004-6256/152/4/105.
- ↑ „Kepler-80 g“. NASA Exoplanet Archive. Посетено на 14 December 2017.
- ↑ „Kepler-80“. NASA Exoplanet Archive. Посетено на May 9, 2018.