Прејди на содржината

Киријак II Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Киријак II Цариградски — 34-ти Вселенски патријарх (595–606). Тој претходно бил презвитер и домаќин, на големата црква во Цариград (Велигденска хроника, p. 378). Грегориј ги примил пратениците кои ги носеле писмата од синодот за неговото запапување, делумно не сакајќи да го наруши мирот во црквата, и делумно поради почитта која ја имал за Киријак, но во неговиот одговор го предупредил против гревот за предизвикување поделби во црквата, укажувајќи на употребата на титулата Вселенски патријарх, што Грегориј го согледал како „универзумски“ или дури „исклучиел“ епископ (Грегориј, Ep. lib. vii. 4, Patrologia Latina lxxvii. 853). Личните чувства на Грегориј кон Киријак се најпријателски.

Киријак не присуствувал на Грегориевите молења за да не се користи неговата титула, за да Грегориј да му пише на него и на царот Маврикиј, објаснувајќи дека не може да дозволи неговите пратеници да останат и да служат заедно со Киријак сè додека ја имал таа титула. Во подоцнежните писма тој го споредува користењето на титулата со гревот на Антихрист, бидејќе двајцата покажувале духовност со безаконска гордост. „Quisquis se universalem sacerdotem vocat, vel vocari desiderat, in elatione sua Antichristum praecurrit“ (секој кој себеси се нарекува Вселенски патријарх, или посакува да се нарекува така, е претходникот на Антихрист) (Грегориј Ep. 28, 30). Во писмо до Анастасиј I Антиохшки, кој му пишал на него за да се спречи нарушувањето на мирот меѓу црквите, Грегориј го бранел неговиот став на основа на тоа што Киријак сторил неправда кон сите останати патријарси со тоа што ја земал таа титула, и го потсетува Анастасиј дека не само кривоверците туку и дека еретичари биле претходно паријарси во Цариград. Тој исто така се противи на употреба на титулата на повеќе основи (Ep. 24). И покрај сето ова Киријак бил цврст во убедувањето да ја задржи титулата, и најверојатно свикал, или пак договорил собор, за да го одобри нејзиното користење. За во 599 година Грегориј му напише писмо на Евзебиј Солунски и на некој други епискупи, дека начул дека тие наскоро ќе присуствуваат на собор во Цариград, и молејќи ги да не потпаѓаат на сила или пак притисоци, туку да бидат решителни и да го одбијат признавањето на навредливата титула (ib. lib. ix. 68 in Patr. Lat.).

Киријак Најверојатно ја споделувал непопуларноста на царот Маврикиј што довело до негова смена и смрт (Теофаниј Chronicle, A.M. 6094; Niceph. Callis. H. E. xviii. 40; Theophylact. Hist. viii. 9). Но сепак, имал влијание да побара од Фока на неговото крунисување православна исповед и ветување дека нема да ја вознемиува црквата (Теофаниј Хроники, A.M. 6094). Тој благородно го одбил обидот на Фока да ги одведе царицата Константина и нејзините ќерки од засолништето во црквата во Цариград (ibid., A.M. 6098).

Можно е да постоело негодување предизвикано од спротивставувањето на неговата волја, што предизвикало Фока лесно да ги прифати тврдењата на Бонифациј дека Рим треба да се смета за главен над сите цркви, исклучвајќи ги тврдењата на Констинопол за вселенско епископство (Vita Bonifacii III, in Philippe Labbe, Acta Concil. t. v. 1615).

Киријак починал во 606 година, и бил погребан во црквата Св. Апостоли (Chronicon Paschale, p. 381). Се верува дека бил човек со исклучителна скромност и искреност, способен да ги придобие на своја страна сите страни. Изградил црква посветена на Богородица во улица во Цариград наречена Ѓаконица (Theophanes Chronicle, A.M. 6090; Niceph. Callis. H. E. xviii. 42).

  •  Оваа статија вклучува текст од дело денес во јавна сопственостWace, Henry; Piercy, William C., уред. (1911). „Cyriac, patriarch of Constantinople“ . Dictionary of Christian Biography and Literature to the End of the Sixth Century (third. изд.). London: John Murray.CS1-одржување: ref=harv (link)
Духовни титули
Претходник
Јован IV
Цариградски патријарх
596–606
Наследник
Тома I