Кнез
Кнез или књаз (старосл: кънѧзь;[1] ж. кнегиња) — аристократска титула која во разни историски периоди и во разни краишта имала различно значење.
Среден век
[уреди | уреди извор]На почеток овој израз означувал племенски или селски поглавар меѓу Словените, а подоцна со развојот на феудалното општество, означувал и монарх. Меѓу Источните Словени оваа титула означувала и крал (rex), додека кај Јужните Словени означувала владетел кој бил потчинет на некој крал. Во латинските записи ваквите кнезови обично ја имале титулата dux, што одговара на титулата војвода. Понекогаш им била додавана и титулата princeps, која означава крал.
Кај Источните Словени се развиле кнежевства како независни држави, како што била средновековната Русија-Украина, која на почеток била кнежевство, а потоа и Големо кнежевство. Со распад на големото кнежевство во 13 век, повторно се појавиле повеќе кнежевства.
Подоцнежна употреба
[уреди | уреди извор]Во Московското Царство титулата Велики кнез била доделувана на синовите и внуците на царот во 18 век, поради што значењето е исто што и принц, а подоцна царот почнал да им ја доделува оваа титула како наследна на заслужните лица. Истата титула ја користеле две кнежевски семејства кои се претопиле со Московското Царство, некои аристократи од Грузија како и некои татарски припадници на аристикратијата.
Во 19 век оваа титула ја користеле полузависните владетели на Кнежевство Србија, Кнежевство Црна Гора и Кнежевство Бугарија, кои откако добиле целосна независност, ја презеле титулата крал.
Кнезот како тема во уметноста
[уреди | уреди извор]- „Кнезот Иван Кнежевиќ“ (српски: Кнез Иван Кнежевиһ) - српска епска песна.[2]
- „Кнез“ — кус расказ на австрискиот писател Томас Берхнард од 1978 година.[3]
- „Големата кнегина“ — песна на полскиот поет Збигњев Херберт.[4]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Old Church Slavonic Base Form Dictionary“. Архивирано од изворникот на 2009-04-29. Посетено на 2018-02-06.
- ↑ „Кнез Иван Кнежевиһ“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 471-478.
- ↑ Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 120.
- ↑ Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 277-278.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Кнез“ на Ризницата ? |