Козета
Козета | |
---|---|
лик од Клетници | |
Илустрација на малечката Козета. | |
Создавач | Виктор Иго |
Информации | |
Алијас | Урсула Чучулигата Мадмозел Ланоар |
Прекар | Козета |
Пол | Женско |
Семејство | Фантина (мајка) Феликс Толомеј (биолошки татко) Жан Валжан (посвоителен татко) |
Религија | Католик |
Националност | Французинка |
Родена во | 1815 |
Козета (француски: Cosette) — измислен лик од романот Клетници на Виктор Иго. Нејзиното родено име, Евроазија е само кратко споменато, а името Козета по кое е позната всушност е прекар кој и го дава мајка и, што значи „малечко“, „нежно“, „ситно“.
Таа е ќерка на Фантина, која ја остава на грижа на семејството Тенардие, кои скришум ја малтретираат и злоупотребуваат за физичка работа. По смртта на Фантина, Жан Валжан ја извлекува Козета и ја одгледува како сопствена ќерка. Иако валкано и срамежливо дете Козета пораснува во прекрасна и нежна девојка. Набргу се заљубува во младиот адвокат, Мариус Понмерси со кој се венча на крајот од романот. Нејзиниот лик е директно спротивставен со ликот на Епонина, која наспроти нежната, женствена, доблесна Козета, е груба, парталава, борбена и дрска.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |