Копачки
Копачки[1][2] (англиски: Football boots) — вид обувки што се носат при играње фудбал. Изработени се од кожа или слични материјали, а на ѓонот имаат одреден број метални или пластични крампони.
Историја
[уреди | уреди извор]Првите траги за постоењето на копачки датираат од 16 век. Д-р Хејворд, од Универзитетот во Саутхемптон, открил во попис од 17.000 парчиња облека дека кралот Хенри Осми поседувал пар чевли специјално направени за играње фудбал. Тие биле направени од неговиот личен чевлар по цена од 4 шилинзи, приближно еднаква на 100 фунти денес. Тие биле длабоки за да го заштитат глуждот, изработени од јака кожа, а бидејќи имале метален ѓон со железни клинци наместо крампони, биле значително потешки од обичните чевли што се носеле во тоа време.[3]
Во текот на следните 300 години, популарноста на фудбалот вртоглаво пораснала, но и понатаму повеќе била неорганизирана и неофицијална забава со тимови од месните села и фабриките од тоа време. За прв пат, правилата на оваа игра се појавиле во Кембриџ во 1848 година, но не биле прифатени. Во текот на 1850-тите многу клубови низ Велика Британија играле фудбал, но тој се разликувал од место до место. Некои клубови усвоиле свои правила, а најпознати биле „Шефилдските фудбалски правила“ од 1867 година. Исто така, во 1862 година, Џон Чарлс Тринг го претставил својот вид правила кои влијаеле во создавањето на првите „фиксни“ правила.
Тие правила резултирале со создавање на првиот фудбалски сојуз - Фудбалскиот сојуз на Англија англиски: The Football Association). На 26 октомври 1863 година, капитените, секретарие и други претставници на десетина клубови од Лондон и околината се состанале во таверната „Фримасон“ во Лондон за да ги регулираат и усвојат конечните правила на игра, кои биле изменети неколку пати во следните години. [4]
Копачките во XIX век
[уреди | уреди извор]Пред усвојувањето на првите официјални правила, во првата половина на 19 век, фудбалските копачки всушност биле обични работни чизми, кои биле цврсти, тешки и со метални зајакнувања на прстите и било многу тешко да се трча или удира топката во нив. Со текот на времето, чевлите на работниците се менуваа, на ѓонот биле додадени метални клинци за да се спречи лизгање.[5] Меѓутоа, бидејќи било многу опасно, Фудбалскиот сојуз ги усвоил во втората половина на 19 век правилата според кои крампоните мора да бидат заоблени, дека не биле дозволени мали метални крампони и метални ѓонови. Со текот на времето, се преминало на кожни крампони, кои морале да бидат помали од половина инч (1,25 см). На крајот на 19 век, работничките чизми им го отстапиле местото на прави кожни фудбалски копачки намеснки направени за играње фудбал.[6]
Копачките од 1970-тите до денес
[уреди | уреди извор]Во овој период стилот на копачките останал многу сличен, бидејќи ова раздобје било низа војни. Сепак, се појавиле неколку производители на фудбалски штипки кои и денес се многу успешни, како што се Gola ( 1905 ) и Hummel ( 1923 ). Посебно значајни се браќата Рудолф и Адолф „Ади“ Даслер, кои во 1924 г. во 1990 година ја основале компанијата „Dassler Brothers“ Factory за чевли (германски: Gebruder Dassler Schuhfabrik), а во 1925 г почнаа да произведуваат копачки кои имаа 6 или 7 штипки кои можеа да се менуваат според временските услови. Овие копачки беа многу барани и претставуваа вистинска револуција во светот на фудбалските копачки во тоа време. [7]
Копачките од 1940-тите до крајот на 1960-тите
[уреди | уреди извор]Дизајнот и надворешниот изглед на копачките биле значително променети по Втората светска војна, кога воздушниот превоз стана поповолен и кога се играле повеќе меѓународни натпревари. Наеднаш станале популарни пофлексибилните копачки што ги носеле Јужноамериканците на Светските првенствоа, чија техника и трикови ги воодушевиле сите оние кои ги гледале. Производителите ги создале овие модели на копачки за да бидат полесни, со нагласок на ударот и контролата на топката, а не само едноставно парче обувка што ќе го заштити стапалото.
На крајот на 40-тите, дошло до раскол во претпријатието на браќата Даслер. Адолф го отворил своето претпријатие Адидас, додека неговиот брат Рудолф го отворил претпријатието Пума. Тогаш започнало големото ривалство кое продолжува и денес, иако двајцата основачи веќе не се живи.[8]
Копачките од 1900 до 1940 година
[уреди | уреди извор]Од седумдесеттите години на 20 век до денес, технологијата на изработка на копачки е значително напредната, дизајнот на копачките постојано се подобрува, копачките стануваат полесни, а кај многу претпријатија многу е вообичаено да се нарачаат сосема уникатно дизајнирани модели, со бои и изглед според желбите на купувачот. Копачките се направени од различни материјали, од кенгурска кожа, телешка и говедска кожа до денешните лесни копачки направени од алтернативни материјали.[8]
Различните видови копачки денес
[уреди | уреди извор]Во зависност од видот на подлогата, видот на спортот, па дури и позицијата на која игра играчот, постојат различни видови копачки со значителни разлики во крампоните.[9]
- Леани крампони - За играње во поволни временски услови на цврст тревнат терен, обично се носат фудбалски копачки со леани пластични крампони, кои ги има повеќе отколку кај другите видови копачки и обично се тркалезни. Тие обезбедуваат поголема површина при газење, што ја намалува можноста за појава на плускавци.
- Зашрафени крампони – За терени со помека трева, за време или после дожд, се препорачува да се носат копачки со зашрафени подолги метални крампони. Со овој вид копачки, дополнителна погодност е што крампоните лесно може да се заменат со пократки доколку играта се игра на цврста подлога.
- Копачки „жилет“ - Фудбалски копачки со тенки, правоаголни крампони, нерамномерно распоредени на ѓонот од копачките. Најчесто се користат за терени кои се меѓу меки и тврди.[10]
За мал фудбал, т.е. футсал, се користат посебни патики. Имаат рамен, гумен ѓон што служи за максимално држење на површината за да се спречи лизгање.
Фудбалските копачки со лиени жилет-крампони теоретски треба да обезбедат максимална влечна сила на површината на тревата и да го намалат ризикот од повреда на глуждот. Сепак, овој вид копачки е силно критикуван во ОК за можно предизвикување сериозни повреди на играчите. Манчестер Јунајтед им забранил на своите играчи да носат копачки со такви крампони, откако играчи како Вејн Руни и Дејвид Бекам повеќе пати ги повредиле метатарзалните коски на стапалата.[11]
Најпознати брендови
[уреди | уреди извор]На почетокот сите копачки биле црни. Денес, се достапни во широк спектар на дизајни и бои, а покрај црната, најзастапени се сината, белата, црвената, зелената, жолтата, сивата, златната, па дури и розовата. Најпознати претпријатија што произведуваат копачки се Најк, Адидас, Умбро и Пума, но свој удел на пазарот имаат и помалку познатите брендови како Хамел, Дијадора, Келме.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Фудбалски копачки
-
Фернандо Торес со наградата Златна копачка
-
Еволуцијата на фудбалските копачки
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „копачка“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „копачка“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „Henry VIII wore football boots“. BBC NEWS. Посетено на 4. 4. 2016. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „The History of The FA“. The FA. Посетено на 4. 4. 2016. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Football Boots History“. FootballBoots. Посетено на 4. 4. 2016. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Istorija fudbalskih kopački“. Sportske.net. Архивирано од изворникот на 16. 03. 2015. Посетено на 4. 4. 2016. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |archive-date=
(help) - ↑ „Istorija kopački“. TotalSport. Архивирано од изворникот на 04. 04. 2016. Посетено на 4. 4. 2016. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |archive-date=
(help) - ↑ 8,0 8,1 „Mesut-Ozil-is-laceless-A short history of the football boot“. Telegraph.co.uk. Посетено на 4. 4. 2016. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Soccer Shoe Guide“. soccer.com. Архивирано од изворникот на 24. 03. 2016. Посетено на 4. 4. 2016. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |archive-date=
(help) - ↑ „Football Boots Guide – Studs“. Footy-Boots. Посетено на 4. 4. 2016. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Ferguson wants bladed boots ban“. BBC NEWS. Посетено на 4. 4. 2016. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)
|