Прејди на содржината

Кориснички посредник

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во полето на индустрискиот дизајн во интеракцијата помеѓу човекот и машината, корисничкиот посредник е место каде е овозможена интеракцијата помеѓу човекот и машината. Целта на интеракцијата помеѓу еден човек и една машина е делотворно оперирање и контрола на машината како и повратна информација (коментар) од машината што му помага на операторот при извршување на оперативни одлуки. Примери на овој широк концепт на корисничките посредници вклучуваат интерактивни аспекти на компјутерските оперативни системи, рачни алати, оперативна контрола на тешка машинерија, а и обработни контроли. Дизајнот е применлив при создавање на кориснички посредник кој е поврзан со или пак вклучува некои дисциплини како ергономија и психологија.

Реагибилен, пример за опиплив кориснички интерфејс

Кориснички посредник (англ. user interface) е систем со кој луѓето (корисниците) се во интеракција со машината. Корисничкиот посредник вклучува компоненти: машинска опрема (физички) и програмска опрема (логички). Корисничките посредници постојат за различни системи и не снабдуваат со значења на:

  • Влез, дозволувајќи им на корисниците да манипулираат со системот и/или
  • Излез, дозволувајќи му на системот да ги навести ефектите од корисничката манипулација

Општо земено, целта на инжинерингот на интеракцијата помеѓу човекот и машината е да произведи кориснички посредник кој е лесен, ефикасен и пријатен за работа на начин кој го дава саканиот резултат. Ова обично значи дека операторот треба да овозможи минимален влез за да го постигне саканиот излез, и исто така машината да го минимизира непосакуваните излези на човекот.

Откако се зголеми употребата на лични сметачи и релативното намалување на општествената свест на тешката машинерија, терминот „кориснички посредник“ го надвладее „графичкиот кориснички посредник“, додека дискусиите за индустрискиот контролен панел и машинскиот контролен дизајн многу почесто се однесуваат на човек-машина интерфејсот.

Други термини за кориснички посредник се човечко-сметачки посредник (ЧСП) и човечко-машински посредник (ЧМП)

Запознавање

[уреди | уреди извор]

Да се работи со систем, корисниците треба да бидат способни да ја контролираат и оценат состојбата на системот. На пример, при возење на автомобил, возачот го употребува воланот при контрола на движењето на возилото, како и педалот за гас, кочница и менувачот за да ја контролира брзината на возилото. Возачот ја гледа позицијата на возилото преку гледање низ шофершајбната и точната брзина преку читање од брзиномерот. Целиот корисничкиот посредник на автомобилот е составен од инструменти кои возачот ги употребува да ги извршува задачите на возење и одржување на возилото.

Терминологија

[уреди | уреди извор]

Постои голема разлика помеѓу кориснички посредник (user interface) наспроти операторски посредник или човечко-машински посредник (human-machine interface, HMI)

  • Терминот кориснички посредник е често користен во контекст на (персонални) компјутерски системи и електронски направи каде мрежата на опремата или компјутерите се надворешно поврзани преку произведен извршен систем (MES-Manufacturing executive system) или домаќин (Host)
    • HMI обично припаѓа локално на една машина или парче опрема и е неговиот посредник метод помеѓу човекот и опремата/машината. **Оперативен посредник е посредник метод преку кој поголем број на опрема што е пристапена или контролирана од страна на контролен систем на домаќинот.
    • Системот може да изложи повеќе кориснички посредници да служат различни типови на корисници. Пример: Компјутеризирана датотечна библиотека може да понуди 2 графички посредници, еден за корисниците на библиотеката (ограничени функции, прилагодено за лесна употреба) и другиот за персоналот за библиотеката (неограничени функции, оптимизирано за поголема ефикасност).
  • Корисничкиот посредник на механички систем, возило или индустриска инсталација понекогаш се однесува како посредникот човек-машина (HMI). HMI е модификација на оригиналниот термин (израз) MMI (man machine interface).Во пракса кратенката MMI e често користена иако некои тврдат дека MMI значи нешто друго сега. Друга кратенка е HCI, но е почесто користена како замена за посредникот човек-сметач (human-computer interface). Други користени термини се Оперативен конзолен посредник (Operating interface console-OIC) и Оперативен конзолен терминал (Operating interface terminal-OIT).

Иако е скратено, термините се однесуваат на тој “слој” што го одделува човекот што ја раководи машината од самата машина.

Во научната фантастика, HMI е понекогаш користен да се однесува на нешто што е подобро опишано како директен неутрален посредник. Меѓутоа, по подоцнежната употреба се гледа зголемена користеност на оваа апликација во вистинскиот живот како (медицински) протези-вештачките додатоци што заменуваат дел од телото кој фали.

Во некои случаи компјутерите можат да го набљудуваат корисникот, и да реагираат соодветно според неговата реакција, без специфична команда. Средства за следење на делови од телото се потребни, сензори за набљудување на позицијата на главата и така натаму се употребуваат експериментално. Ова е посебно релевантно кај имерсните посредници (immersive interfaces).

Употребливост

[уреди | уреди извор]

Корисничките посредници се сметаат од некои автори како примарна состојка за задоволство на компјутерските корисници.

Дизајнот на корисничкиот посредник влијае на напорите кои корисникот мора да ги обезбеди за да обезбеди внесување во системот и да го толкува изнесувањето од системот, и колку напор е потребно за да се научи како да се направи тоа. Употребливоста претставува степен до којшто дизајнот на посебен кориснички посредник ги зема предвид човечката психологија и психологијата на корисниците, и го прави процесот на користење на системот делотворен, ефикасен и задоволувачки.

Употребливоста е главна одлика на корисничкиот посредник, но исто така е поврзана со функционалноста на производот и процесот на неговото дизајнирање. Употребливоста опишува колку добро производот може да биде употребен за намената за целта на корисниците со ефикасност, делотворност и задоволство, и исто така, земајќи ги предвид барањата од нејзиниот контекст на употреба.

Доследност

[уреди | уреди извор]

Клучната сопственост на добар кориснички посредник е доследноста. Постојат три важни аспекти.[1]

Прво, контролите за различни функции треба да бидат презентирани на начин на којшто корисниците лесно ќе можат да ги најдат контролите. На пример, корисниците сметаат дека е многу тешко да користат софтвер кога некои команди се достапни преку менија, некои преку икони, а некои преку десен клик. Еден добар кориснички посредник може да обезбеди кратенки или „синоними“ кои обезбедуваат паралелен пристап до некоја функција, но корисниците не мора да бараат повеќе извори за да го најдат тоа што го бараат.

Второ, „принципот на најмала збунетост“ е од клучно значење. Различни функции треба да работат на сличен начин. На пример, некои функции во Adobe Acrobat се „одберете алатка, селектирајте го текстот на којшто сакате да се примени.“ Други се „селектирај текст, потоа применија алатката на селектираното.“

Трето, корисничките посредници не треба да се менуваат од верзија во верзија – корисничките посредници мора да останат компатибилни. Добар кориснички посредник дизајн е за поставување и исполнување на очекувањата на корисникот. Подобро (од програмерска гледна точка) не е подобро. Исто (од гледна точка на корисникот) е подобро.

Кориснички посредници во компјутерските науки

[уреди | уреди извор]

Во компјутерската наука, корисничкиот посредник се однесува на графичките, текстуалните и звучните информации кои програмата ги презентира на корисникот.

Моментално (од 2009 година) следниве типови на кориснички посредници се најчести:

  • Графички кориснички посредник (GUI) – прифаќа внесувања преку уреди како што се компјутерската тастатура и компјутерскиот глушец и обезбеува артикулиран графички излез на компјутерскиот монитор. Тука се најмалку два различни принципи кои се ширко користени во GUI дизајнот. Објектно-ориентираниот кориснички посредник (OOUIs) и апликациски ориентиран посредник.
  • Веб заснован кориснички посредник односно веб кориснички посредник (WUI) – Прифаќа внесувања и обезбедува излез преку создавање на мрежни места кои пренесувани преку интернет и прегледувани преку корисникот кој користи прелистувач. Новите имплементации користат: Java, Ajax, Adobe Flex, Microsoft .NET или поедноставни технологии за да обезбедат контрола во реално време во одделена програма.
  • Допирни кориснички посредници – тоа се графички кориснички посредници кои користат екран на допир. Тие се користени во многу типови на точки на продажба, индустриски процеси и машини и др.
  • Внимателни кориснички посредници – управување со корисничкото внимание, одлучување кога да се прекини корисникот, видови на внимание, ниво на пораки и др. Се ова пренесено на корисникот.
  • Интелегентни кориснички посредници – тоа се човечки посредници кои му помагаат на човекот во повеќе сфери. Можат да користати мултимедиа (графика, природен јазик итн.).
  • Гласовни кориснички посредници – тие прифаќаат внесување на команда преку создавање на глас. Одговорот кон овие посредници е преку притискање на копчиња или преку директно говорење.
  • Природно-јазични кориснички посредници – тие се користени за пребарување на мрежните места. Се поставува прашање и се чека за одговор.
  • Нулти внесувачки посредници – овие посредници добиваат внес со помош на група на сензори.
  • Текстуални кориснички посредници – овие посредници издаваат текст на монитор (output), но при внес (input) користат стрингови (текстуален вид на податок).

Историја

[уреди | уреди извор]

Историјата на корисничките посредници може да се подели во следниве групи според доминантните кориснички посредници:

  • Компјутерски интефејс , 1945 – 1968
  • Кориснички посредник на командна линија, 1969 до денес
  • Графичко-кориснички посредник, 1981 до денес

Модалитет и модови

[уреди | уреди извор]

Модалитет е патека на комуникација наложена од корисничкиот посредник да носи влез и излез. Примери за модалитет:

  • Влез – компјутерската тастатура му овозможува на корисникот да внесе текст, графичката табла му овозможува да исцрта несто со слободна рака
  • Излез – компјутерскиот монитор овозможува системот да прикаже текст или друга графика, а звучниците овозможуваат системот да произведува звук

Корисничкиот посредник може да примени неколку излишни влезни и излезни урди дозволуваќи на корисникот да одлучи кои ќе ги користи за интеракција

Модот е специфичен метод на операција во внатрешноста на компјутерската програма, во која со ист влез може да продуцира различни резултати зависно од статусот на компјутерската програма. Тешка употреба на модовите често го намалува користењето на корисничкиот посредник, така што корисникот мора да вложи поголем труд за да ги запамти моменталните статуси на модовите и да промени статус на мод ако е потребно.

  1. David E. Boundy, A taxonomy of programmers, ACM SIGSOFT Software Engineering Notes 16(4) 23-30 (October 1991)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]